Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на песна Евровизија, којшто ќе се одржи во сабота, во Тел Авив, Израел. Тамара настапи со песната „Горда“ (Proud). Aвтори на песната на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Од втората вечер во финалето се пласираа уште и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Сите 18 земји-учеснички заедно со Германија, Италија и Велика Британија можеа да гласаат во ова полуфинале.
Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.
Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија, Шпанија, Англија и Израел.