Софиа Поурдас заменик на младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ учестуваше на генералниот состанок на младинта на Европската слободна алијанса (ЕФА).
“На состанокот имаше преставници од малцинства од цела Европа, состанкот беше инспирација но исто мотивација и доказ дека можеме да постигнеме нешто кога работаме заедно за тоа. Ако можеби постојат повеќе млади кој сакат да се ангажират и да напредуваме заедно, да контактираме и да смениме нешто заедно” – напиша на својот фејзбук профил Софиа Поурдас, заменик на младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“.
Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ е рамноправен членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент.