Во северниот албнски град Кукс одбележана беше пет годишнината од смртта на големиот борец за правата на Македонците во о ласта Гора, интелектуалец, писател, истражувач Назиф Докле. На одбележувањето присуствуваа негови блиски роднини,пријатели,почитувачи на неговото дело.
Назиф Докле остави неизбришливи траги до своето дело не само за Македонците од Гора,туку и во целина во цела Албанија.Имав среќа да го запознам и да соработувам со него. Од општината Кукс и од Округот на Кукс побарав посхумно да го прогласат Назиф Докле за почесен граѓанин а како пратеник во албанското Собрание ќе му предложам на претседателот на Републиката да го оцени и посмртно да го одликува еминентниот истражувач Назиф Докле, рече Васил Стерјовски претседател на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник од истата партија.
Додаде дека претседателот на округот на Кукс се согласил со неговото барање и ветил дека ќе биде донесена одлукс за посхумно прогласување на Назиф Докле за почесен граѓанин. Назиф Докле е роден на 15 јануари 1945 година во село Борје, областа Гора, Албанија. Се декларираше она што и беше, Македонец, интелектуалец од областа Гора, борец за правата на Македонците во Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература.