Како што се најавуваше во претходните денови, Андоновски конечно седна на кормилото на Американките, па се очекува своето деби да го има во ноември кога репрезентацијата на САД ќе игра пријателски средби со Шведска и Коста Рика.
Овој 43-годишен тренер изминативе седум сезони работи во Женската фудбалска лига на САД и веќе во своето резиме има две шампионски титули со тимот на Канзас сити, а последните две сезони го води тимот на Реин ФЦ, кадешто настапува најдобрата американска фудбалерка Меган Рапино, која неодамна ја доби и наградата на ФИФА за најдобра во светот.