Македонската Заедница во Лондон заедно со Црковниот Одбор, денес со Македонски пикник го одбележа големиот македонски празник Денот на државноста – Илинден во Primrose Hill (Regents Park).
На Македонскиот пикник имаше дружба, музика и фудбал.
Присутните ги поздрави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Симо Поповски.
Македонската Православна Црква вчера на 2. август одржа света божествена литургија по повод христијанскиот празник Свети Пророк Илија – Илинден, со мала прослава во просториите на црквата после литургијата.