Вчера, во Виена, Австрија се трчаше 36-тиот полумаратон на кој учествуваа над 50.000 спортисти од целиот свет.
Д-р Ристе Балевски од Охрид успеа да истрча 21 км, а својот успех го посвети на пациентите со ретки болести.
Здружението „Живот со предизвици“ веќе подолг период наназад е вистински промотор и се залага за правата на лицата со ретки болести. Во текот на месец февруари со поддршка на Супер радио се подготви комплетна Тв, радио и интернет кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која се емитуваше на ниво на целата држава во насока на што е можно поблиско запознавање на јавноста со ретките болести во Република Македонија.