1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ

netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Вторник.9.2.2010
** ** МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД РЕЦЕСИЈА * * * МЕТЈУ НИМИЦ ДОГОВАРА ПОСЕТА НА АТИНА И СКОПЈЕ * * * СЕ БАРА ЗАЕДНИЧКИ ПРИФАТЛИВ ТЕРМИН ЗА ПОСЕТАТА НА НИМИЦ * * * ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ЧЕШКА * * * ФУЕРЕ: ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ОТИ СЕ МОЖНИ ТЕНЗИИ * * * ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НА БРИФИНГ ЗА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА АРМ * * * АМСМ: СООБРАЌАЈОТ БЕЗ ЗАБРАНИ * * * ТРАЈАНОВСКИ И ТОДОРОВИЌ ЌЕ ГО БРАНАТ СКОПЈЕ 2014 - ‘СКОПЈЕ 2014’ ЧИНИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА ПОДЕЛЕНИ ВО ОСУМ БУЏЕТСКИ ГОДИНИ * * * СЕ ВОВЕДУВА ЕТИКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО * * * ПО ПОСЕТАТА НА МИЛОШОСКИ НА ТИРАНА - КРИТИЧКИ ТОНОВИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО НА АЛБАНЦИТЕ И УРБАНИЗАЦИЈАТА НА СКОПЈЕ * * * ДЛАБОКА ВКОРЕНЕТОСТ * * * НА ГРАДОТ ЌЕ МУ СЕ ВРАТИ ДУШАТА * * * ПРИТИСОК ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ПРОМОЦИИТЕ НА СДСМ * * * НДМ: НИЕ ЌЕ МУ ЈА СИМНЕМЕ МАНТИЈАТА НА ВРАНИШКОВСКИ * * * СКОКНАА ЦЕНИТЕ НА РАНИОТ ЗЕЛЕНЧУК * * * ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ ГЛАСА ЗА КОМЕСАРИТЕ * * * МТВ – ЗЕМЈИШТЕТО ЗА ХОТЕЛОТ СЕ ПРОДАДЕ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ * * * ДИМОВКА БЕЗ КОМЕНТАР ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА * * * ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ * * * ОВОШТАРИТЕ СЕ ЗДРУЖИЈА - БАРААТ СПАС ЗА ЈАБОЛКАТА * * * ПО БИЗНИС СЕКТОРОТ И ВЛАДАТА ПОБАРА ОД ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ПОХРАБРА РЕАКЦИЈА * * * СТАВРЕСКИ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД РЕЦЕСИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ * * * НА ФИРМИТЕ НЕ ИМ СЕ БРЗА СО ПРИЈАВИТЕ * * * ГРАНИТ ЌЕ ГРАДИ АВТОПАТ ВО ПОЛСКА * *

Актуелности

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС/p>

ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на државното име Македонија

 

Mak znameGrbSMK

 

ПОЧИТУВАЈЌИ ја одлуката на граѓаните од референдумот на 8 септември 1991 година за “самостојна и суверена држава Македонија” без придавки и додавки (“Службен весник на РМ” број 42/1991),

ТРГНУВАЈЌИ од Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз, и од Декларацијата за Југославија според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”, усвоени од Советот на Европската заедница на 16 декември 1991 година,

ПОАЃАЈЌИ од амандманите И и ИИ на Уставот на Македонија од 6 јануари 1992 година, со коишто членот 3 се дополни со “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, а членот 49 се дополни со нов став дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи” (“Службен весник на РМ” број 1/1992),

ПОАЃАЈЌИ од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година за неприфатливост и отфрлање на делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

НЕОТСТАПУВАЈЌИ од точките 6 и 7 од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година, дека “името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедни на мирен и демократски начин” и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

ИМАЈЌИ ја предвид Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северно-атлантската договорна организација - НАТО донесена од Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година (“Службен весник на РМ” број 78/1993),

ТРГНУВАЈЌИ од македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, ратификувана од Собранието на Македонија на 9 октомври 1995 година, како израз на добра волја за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, (“Службен весник на РМ” број 48/1995), и

ПОАЃАЈЌИ од Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 47/1995), со којшто се промени шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце од знамето на Република Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема уставно име (бидејќи името не е востановено со Уставот од 1944 или 1991 година), туку државно име кое се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека државата Македонија нема композитно или сложено име составено од два или повеќе збора,

ЗНАЕЈЌИ дека идентитетот на нацијата е името на државата и дека промената на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста (државјанството) поризлегува од името на нацијата (државата), а не од етничкото потекло на граѓаните,


ЗНАЕЈЌИ дека единствено државното име Македонија е гаранција за македонскиот суверенитет и територијален интегритет; дека само одбраната на државното име Македонија во односите со Атина а не негова промена може да ги обедини македонските граѓани и Македонците во светот; и дека обидите и евентуалниот државен терор против сопствените граѓани заради промена на државното име Македонија ќе предизвикаат сериозен раздор во нацијата и меѓу Македонците во земјата и светот и ќе влијаат врз мирот и стабилноста во државата и регионот,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема име за внатрешна и за надворешна употреба (меѓународно име), туку едно и единствено државно име за сите употреби и во секое време и дека државното име е и меѓународно име на земјата,

ЗНАЕЈЌИ дека Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 225 од 8 април 1993 година на Генералното собрание на Обединетите Нации не се основа за промена на државното име Македонија со апликација А/47/876-Ѕ/25147,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија не разговара за замена на времената референца во ООН, туку за промена на државното име Македонија, бидејќи времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ е воспоставена поради разликата за државното име Македонија, и

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија, на 15 јуни 2009 година, во градот Скопје, ја утврди следната

ДЕКЛАРАЦИЈА
за одбрана на државното име Македонија


(1) Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додави и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна и важи се додека не биде променета со нов референдум.

(2) Се отфрла одржувањето на нов референдум за промена на државното име Македонија.

(3) Се отфрла изменување и/или дополнување на Уставот на Република Македонија за промена на државното име Македонија и/или за утврдување на име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба (меѓународно име).

(4) Се отфрла ратификацијата на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба во Собранието на Република Македонија.

(5) Никој нема мандат за разговор и договор за промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е велепредавство и злосторство против сопствениот народ кој никогаш не застарува.

(6) Од Владата на Македонија се бара:

(6.1) да поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг за грчкиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и да побара воени репарации од Атина и Брисел во износ од 8-15.000 милијарди евра за штетите од тоа,

(6.2) да ја продолжи тужбата против Грција за прекршување на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година,

(6.3) да поднесе барање до Генералното собрание на ООН за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава,

(6.4) да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации за итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ,

(6.5) да побара извинување од Грција и Европската Унија на Македонија и на македонскиот народ за сите историски и општествени неправди од Атина и за последиците од грчкиот геноцид врз македонскиот народ,

(6.6) да продолжи во ефективната поддршка на барањата: за двојно државјанство и за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите етнички Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија по Првата и Втората Балканска војна (1912-1913 година) и по Граѓанската војна во Грција (1948 година); за човековите и граѓанските права и слободи на етничките Македонци по потекло во Грција; за воените репарации од балканските војни до денес; за неповредивоста на македонско-грчката граница; за Македонската Првославна Црква; за режимот на водите од Вардарскиот слив; и за слободната зона во Солун, и

(6.7) еднострано да декларира дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

(7) Од претседателот на Република Македонија се бара да не го потпишува указот за прогласување на Законот за ратификација на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба.

(8) Се поддржува пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и со НАТО под државното име Македонија без додавки и придавки, врз основа на референдум со најмалку мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, по претходно усвоена одлука од најмалку две-третини од вкупниот број пратеници. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, се отфрла пристапувањето на Македонската држава во овие сојузи на држави. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

(9) Се апелира на трајно македонско-грчко помирување и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(10) Од земјите членки на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на ООН и од сите меѓународни организации и сојузи на држави, се бара да ја признаат државата Македонија под нејзиното државно име и во постојните граници, а во графите за службен јазик и народ да биде заведено македонски јазик и македонски народ.

(11) Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во нивните внатрешни работи.

(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.

(13) Покрај евро-атлантските интеграции, се преферираат и евро-азиските интеграции на Македонија, посебно со Турција, Руската Федерација, Кина, Индија, Јапонија и арапскиот свет.

(14) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Движењето на неврзаните земји под државното име со статус набљудувач.

(15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното име со статус набљудувач.

(16) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Исламската Конференција под државното име со статус набљудувач.

(17) Се поддржува продлабочувањето на стратешкото партнерство на Македонија со САД и Турција.

(18) Се поттикнуваат македонската и грчката влада на склучување Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(19) Се апелира:

(19.1) до Грција да не приговара на пријавата за членство и на членството на Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Грција е членка.

(19.1) земјите членки на НАТО итно и безусловно да донесат одлука за покана на Македонија за пристапување во сојуз со НАТО, како придонес за мирот, безбедноста и стабилизацијата на регионот,

(19.2) ЕУ итно и безусловно да го утврди датумот за почеток на преговорите со Македонија за нејзино пристапување во сојуз со ЕУ,

(19.3) ЕУ да ги укине визите за македонските граѓани,

(19.4) САД да ги укинат визите за македонските граѓани,

(19.5) САД, ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Атина за прифаќање на државното име Македонија, и

(19.6) САД, ЕУ и НАТО да не поттикнуваат верски и етнички конфликти во Македонија со цел симулација за нејзина дестабилизација и рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија.

(20) Оваа Декларација влегува во сила со нејзиното донесување.

(21) По еден примерок од оваа Декларација се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(22) Оваа Декларација се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

Дел.број 0117/2009
15 јуни 2009 година
Скопје

Претседател
на Светскиот Македонски Конгрес
Тодор Петро
в

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА НА ТОДОР ПЕТРОВ

21 јануари 2009 година, СКопје, Македонија - Во прилог ја пренесуваме претседателската програма на Тодор Петров, поднесена заедно со пријавата до претседателската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата е на 32 страници и содржи 50 поглавја.


(1) Зошто кандидат за претседател на Република Македонија?
(2) Основи на претседателската програма
(3) Македонското прашање и државата Македонија
(4) Името на државата Македонија
(5) Македонизмот и универзалните вредности на македонската цивилизација
(6) Македонската Православна Црква
(7) Македонците со исламска религија
(7.1) Гораните
(7.2) Помаците
(8) Македонците во соседните земји на Република Македонија и иселениците од Македонија
(9) Уставност и законитост
(9.1) Охридски рамковен договор
(9.2) Правата и слободите на граѓаните
(9.3) Положбата и правата на малцинските етнички заедници
(9.4) Положбата и правата на верските заедници
(10) Економија и социјална политика
(10.1) Монетарна власт
(10.2) Странски инвестиции
(10.3) Вработувањето и младите
(11) Политички систем
(11.1) Кохабитација со Владата и Собранието
(11.2) Измени на Уставот и изградба на функционална демократија
(11.3) Симболи на државата Македонија
(11.4) Симболи на малцинските етнички заедници
(11.5) Децентрализацијата на власта и локалната самоуправа
(11.6) Администрација на претседателскиот кабинет
(11.7) Реформи на судството и правосудниот систем
(11.8) Реформи на државната и јавната администрација
(11.9) Политички партии, синдикати и здруженија на граѓани
(11.10) Медиумите и слободата на информирањето
(12) Безбедноста на Македонија и Армијата и Полицијата
(13) Надворешната политика на Македонија
(13.1) Обележување на државната граница на Македонија према Косово
(13.2) Односи со соседните земји
(13.2.1) Република Албанија
(13.2.2) Република Бугарија
(13.2.3) Република Грција
(13.2.4) Република Србија
(13.2.5) Косово
(13.3) Пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија
(13.4) Пристапување на Македонија во сојуз со НАТО
(13.5) Членство на Македонија во меѓународните организации
(13.6) Членство на Македонија во Движењето на неврзаните земји
(13.7) Регионална соработка и интеграции
(13.8) Стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави
(13.9) Евро-азиски интеграции
(13.10) Визен режим
(13.11) Реципроцитет во меѓународните односи
(13.12) Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија
(13.13) Миграциона политика
(1) Зошто кандидат за претседател на Република Македонија?
На Македонија и е потребен претседател на државата, Македонец по потекло, одговорен пред Уставот и законите за надлежностите, посветен на интересите и потребите на граѓаните, на македонскиот народ и на малцинските етнички заедници, на Македонците по потекло и државјанство во светот, посветен на државата Македонија.
На Македонија и е потребен претседател кој ќе понуди етничка релаксација и економска интеграција во Македонија и во регионот и тоа ќе го ефектуира и артикулира.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој Македонија ќе ја ефектуира како функционална демократија со одржлив развој, ќе ги обезбеди унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството, кој ќе го сочува територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија.
Граѓаните се изморени од комунизмот во последните педесет години и неокомунизмот во изминатите осумнаесет години, од криминалната приватизација и агонијата на транзиција без крај, корупцијата, кршењето на правата и слободите, злоупотребата на етничкиот и верскиот корпус, сиромаштијата, невработеноста и емиграцијата.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе понуди визија за сигурност, доверба и опстанок, стабилност и економски раст, пристоен живот, вработеност и репатријација.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе понуди дијалог, помирување и обединување.
На Македонија и е потребен претседател кој објективно ќе го детектира процесот на транзицијата, процесот на трансформацијата на општествената сопственост, на приватизацијата на општествениот капитал, проблемите во општеството и проблемите, потребите и интересите на граѓаните.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе понуди платформа за реафирмација на универзалните вредности на македонската цивилизација и на македонизмот, ќе го врати достоинството на Македонците по потекло и државјанство во Македонија и светот, ќе практикува чесна и одговорна власт, професионална, стручна и компетентна, која ќе помогне земјата да се извлече од криза со сите расположиви капацитети во знаење, храна и енергија.
На Македонија и е потребен претседател на државата, кој ќе соработува и координира со Владата и Собранието на Република Македонија, затоа што за предизвиците пред кои е исправена Македонија, нејзините граѓани и македонскиот народ, потребна е институционална мудрост и единство во акција.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе ја поддржи економската и социјалната програма на Владата на Република Македонија за полна вработеност, искоренување на сиромаштијата и неписменоста, за развој на земјата и корекција на шпекулативните приватизации со прогресивно оданочување и испитување на потеклото на имотот на нејзините актери.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе кохабитира со Владата и во координација и разбирање ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите на системот.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе и проектира визија за дваесет и првиот век, во ера на информатичко и кибернетско општество, каде организацијата на државата како сложен динамички систем претставува софтвер којшто може да се порача и купи од веќе етаблирани и софистицирани демократии со долги традиции и со изградени нормативи и стандарди, имајќи предвид дека развојот на општеството и државата од времето на поделбата на светот на социјализам и капитализам како глобални процеси е матрица на едно минато свршено време на дваесеттиот век, рецидив од време што повеќе го нема.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе биде дел од извршната власт на држава која гради информатичко општество во кое иманентни се универзалните вредности за сите и во сите времиња, правото на сопственост и правото на наследство, на хуманизмот, солидарноста, социјалната правда, на мирот и љубовта, патриотизмот, толеранцијата, коегзистенцијата, братољубието, гостопримството, трудољубивоста и посветеноста.
На Македонија и е потребен претседател на држава кој ќе ги афирмира глобалните вредности на дваесет и првиот век, функционалната демократија, владеењето на правото, човековите и малцинските права и слободи, функционалната пазарна економија и развојот, како предуслови за општество на благосостојба во држава којашто ќе претставува пристојно место за живеење.
На Македонија и е потребен претседател на државата за кој националното не е антипод на граѓанското или негов супститут и обратно, туку и националното и граѓанското комплементарно, националното како синоним за граѓанското и граѓанското како синоним за националното, за кој граѓанинот не како замена на етносот како носител на државноста, туку правен однос меѓу поединецот и државата како организирана власт на определена територија.
На Македонија и е потребен претседател на државата за кој Балканот е Македонија, бидејќи Македонија е основа на Балканот, со цел демистификација на македонското прашање, демистификација на проблемот на Балканот по Темата Македонија, не како производ на интересите на балканските демоси, туку како проекција на интересите на големите сили за сфери на влијание на овие простори.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој со вакво разбирање на македонското прашање и државноста ќе ја промовира регионалната и универзалната интеграција и ќе ги релативизира етничките тензии, посебно по прашањето за Македонија и Македонците, за да може да се зафатиме со економски теми, со промоција на Балканот како пристојно место за живеење со одржлив развој, кое ќе понуди здрав, среќен и богат живот на балканските демоси како современи политички нации и на граѓаните на балканските демократии, релаксирани од историските хипотеки, не за да ги заборавиме, туку да ги знаеме како опомена за подобра и заедничка иднина.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе ги мобилизира младите генерации и интелектуалната елита, како што тоа го прави актуелната Влада, кој ќе ги спои со мудроста и кумулираното знаење на постарите. Токму во единството на силата на младите и мудроста на постарите е успехот на нацијата!
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе поведе процес на репатријација на порано иселените Македонци назад на своите родни огништа во Македонија.
На Македонија и е потребен претседател на државата кој ќе ја сака својата татковина и ќе биде посветен на Македонците, македонските граѓани и државата Македонија!
(2) Основи на претседателската програма
Основи на претседателската програма се:
(2.1) кохабитација со Владата и Собранието и афирмација на културата на дијалогот и посветеност за решавање на проблемите и конфликтите во општеството;
(2.2) трајно решение на македонското прашање;
(2.3) национално помирување и обединување;
(2.4) афирмација на универзалните вредности на македонската цивилизација како основа на Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам, кој преку профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка;
(2.5) културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации;
(2.6) затворање на прашањето за името во согласност со референдумот од 8 септември 1991 година и воспоставување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК, односно МКД, како јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција, која Атина за првпат во својата историја ја окупира по Балканските војни 1912-1913 година вршејќи геноцид врз македонскиот народ кој трае до денес;
(2.7) процесуирање на тужбата против Република Грција до Меѓународниот суд во Хаг во врска со спроведувањето на македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година.
(2.8) процесуирање на барање до Генералното собрание на Обединетите нации за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава.
(2.9) заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор;
(2.10) заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на сите малцински заедници;
(2.11) еднакви права и културна автономија за малцинските етнички заедници;
(2.12) заштита и афирмација на човековите, граѓанските и малцинските права и слободи;
(2.13) духовно, културно и економско обединување на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет;
(2.14) репатријација на најмалку 100.000 иселеници назад на своите родни огништа во Македонија со право на земја за живот и дејност без надомест;
(2.15) истражување и документирање на геноцидот врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година со цел објавување на Бела книга и репарации за штетите предизвикани од тоа;
(2.16) трајно решение на македонското црковно прашање; изградба на македонски цркви и манстири во Москва, Истанбул, Ерусалим и Александрија; промоција на Охрид за светски сеправославен центар; и право на македонски свештеници како чувари на гробот на Исус во Ерусалим;
(2.17) преиспитување на потребата од нов интегрален текст на Устав на Република Македонија;
(2.18) законско операционализирање на институтот Врховен командант и Врховна команда на Вооружените сили на Македонија;
(2.19) реорганизација на Агенцијата за разузнување;
(2.20) примена на принципот на реципроцитет во меѓународните односи;
(2.21) целосно обележување на границата према Косово;
(2.22) склучување на договори за траен мир и добрососедство со соседните земји;
(2.23) пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, под нејзиното единствено државно име, врз основа на слободно изразената волја на граѓаните на референдум, но не како цел сама за себе, туку како инструмент за поголеми права и слободи и подобар и побогат живот;
(2.24) зачленување на Македонија во Движењето на неврзаните земји;
(2.25) унапредување и продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави;
(2.26) анимација на евро-азиските интеграции, посебно со Република Турција, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Индија и Јапонија; со склучување договори за слободна трговија со овие земји и стратешки енергетски договор со Руската Федерација;
(2.27) укинување на визите со САД и ЕУ;
(2.28) целосна професионализација на дипломатијата и унапредување на алтернативната дипломатија со почесни конзули во сите земји во светот;
(2.29) афирмација на целите на Обединетите Нации, ОБСЕ и Советот на Европа и на дијалогот меѓу цивилизациите; и
(2.30) почитување на меѓународното право.
(3) Македонското прашање и државата Македонија
(3.1) Имајќи предвид дека Македонија е жртва на агресија по сите основи од сите страни, а македонското прашање се уште е под опсервација на судирот на интересите на соседните метрополи и нивните режими за Македонија и Македонците, каков што бил епилогот од Балканските војни во 1912-1913 година: окупација на Македонија во нејзините етно-историски граници и геноцид врз македонскиот народ што континуирано се врши до денес, нудам трајно решение на македонското прашање.
Оттука, не случајно, заедничката референца, на сите нации-држави на Балканот: секој тврди дека од сите страни граничи со самиот себеси; секој ги обвинува останатите дека му ја крадат културата и историјата; сите слават исти датуми, настани и личности само зависи кој од која страна на граница е, за да каже мои се; и за Атина Македонците се Грци, за Белград Македонците се Срби, за Софија Македонците се Бугари, за Тирана Македонците се Албанци. Ако Македонците истовремено се и Грци и Срби и Бугари и Албанци како современи политички нации, заклучокот е дека и Грците и Србите и Бугарите и Албанците во основа се етнички Македонци. Токму поради ова, ако сите околу Македонија тврдат дека се Македонци, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, Македонија и Македонците не треба да бидат повод за омраза, војна и сепарација, туку инспирација за љубов, мир и интеграција, толеранција, коегзистенција, меѓусебно почитување и разбирање, затоа што сите биле делови од иста Империја и Тема и сите носат заедничко културно-историско наследство.
Балканот не е производ на судирот на интересите на балканските демоси, туку на судирот на интересите на големите сили за овие простори. Впрочем, затоа и големите сили во балканските нации држави долго време толерирале тоталитарни режими за да создадат нови хомогени нации, во кои “нема” односно “не се признаваат” етнички малцинства. Затоа и Атина и Софија и Белград не го признаваат македонскиот етнос (народ), јазик и Црква. Албанија ги признава македонскиот народ и јазик, но само на подрачјето во областа Мала Преспа во девет села, а не и во остатокот од Албанија, свесни дека Македонците ги има од Скадар до Саранда и од Дебар до Драч и Валона, многу и во Тирана, низ цела Албанија.
Независно од окупаторите и туѓинците, македонскиот етнос, за жал поделен во новите балкански држави од аспект на современата геополитика којашто најчесто не кореспондира со историската вистина и по терминологија и по содржина, различно е нотифициран според други, а не поради себе и свои интереси. Се разбира неспорни се етничките малцинства кои биле предмет на миграции во империите по Македонската, та останале и во последните нации-држави.
Официјалните историографии и политички елити, заробени во својата нарцисоидна политика што нужно води до нацизам и расизам, го изгубија компасот на разликите меѓу историјата и географијата во време и простор, па во функција на актуелните режими, создадоа инстант-истории како повод за омрази, непријателства и војни.
Само вистината за Темата Македонија од мистификација може да изроди интеграција. Разликите не може и не смее да бидат причина за војна и омраза, туку напротив повод за мир и љубов, разбирање, толеранција и коегзистенција.
Егоизмот, поведен од волјата за ексклузивитет на сето за себе, иако сите сме само дел од исти целини, изродува на речиси циклични периоди од педесет години “етнички” (поприкладно би било да се каже братоубиствени) војни за пусти туѓи интереси.
Затоа, како терапија на рециклажата војна поради мистификацијата на Темата Македонија, во функција на интеграцијата и релаксација на етничките тензии во регионот, Република Македонија, како единствен носител на името Македонија по меѓународно право, мора да понуди договор за траен мир и коегзистенција на секој со сите и меѓу сите, макар и еднострано и безусловно, дека: Културата и историјата на Македонија и Македонците не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси, како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, независно дури и од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.
Македонија во Втората Балканска војна не е поделена за да биде некогаш во иднина обединета, туку засекогаш македонското прашање да се санкционира. Но, појавата на Македонија како држава, во актуелните граници, по сукцесијата на поранешна СФРЈ, нужно го наметна и прашањето за импликациите од државата што реинкарнира Тема. Не поради последиците по деловите од Империјата, туку по интересите на оние централи кои со суверени од нивни династии граделе нации-држави на овие простори за свои сфери на влијание.
Самостојна и суверена држава Македонија ги разбранува духовите по Темата Македонија, а соседна Атина го наметна “спорот” за името на нејзиниот сосед на север, иако до сукцесијата на поранешна СФРЈ имаше Министерство за Северна Грција кое итно го преименува во Министерство за Македонија, Епир и Тракија.
И бидејќи културата и историјата на Македонија и Македонците е инкорпорирана во културата и историјата на сите околу Републиката, неминовно се поставува прашањето на ексклузивитетот. Наместо повампирување на историските врховизми во Републиката према соседните централи, или војна на тие околу нас за да не снема, нужно и неминовно се наметнува релаксацијата на Темата, како договор за траен мир и добрососедство, меѓусебно помирување и обединување, меѓусебно простување за сите сторени историски и општествени неправди, што е предуслов за економска интеграција, соработка, просперитет и развој на регионот, за Македонија како заедничко културно-историско наследство на сите.
Впрочем, етнологијата денес не претставува чиста генетика, туку пред се култура, иако со ДНК не е тешко ни тоа да се документира, како што веќе тоа го сторија институти за имунологија и генетика во Шпанија и Швајцарија. Генетскиот код не создава ум ова парче земја да се бори за ексклузивитет, само дел од целината да го има а другите да ги снема, одземајќи им го правото на дел од наследството на своите браќа и сестри интегрирани или дискриминирани во современите нации-држави и современите литературни јазици.
Заложништвото на шовинизмот за етнитетот како чиста генетика и цел сама за себе, нужно имплицира наци-фашизам, култивира омраза со епилог етничка војна и етничко чистење со геноцид. Оттука, не суспендирајќи го етнитетот, но не апсолутизирајќи го до шовинизам према други, спрема него приоѓаме како култура.
Поради сето ова, за да имаме цврст дом, односно држава и релаксација на тензиите што рециклираат војна и деструкција, мораме во државата и регионот да го афирмираме македонизмот не само како етнологија и географија, туку и како идеологија и филозофија, кое ќе наметне свест, ќе  се инструментализира во институциите на системот и ќе ги афирмира универзалните вредности на македонската цивилизација чии делови сме сите.
Само тогаш ќе ги разбереме и Филип Македонски и Александар Македонски, и Птоломеј и Клеопатра, и Јустинијан и Самуил, и Ѓорѓија Кастриот и Мохамед Али паша и Кемал Ататурк, како дел од една целина, кои им припаѓаат на секој и на сите. Кога егоизмот за ексклузивитет што инкубира омраза и рециклира војна, ќе ги замениме со љубов и интеграција, независно од јазиците на кои зборуваме, историите кои ги читаме и наследствата кои ги носиме, само тогаш ќе разбереме дека вистината е верата во Едниот и Единствениот Господ Бог, независно од разликите во неговото именување и бројните пророци за просветлување на вистината за Него меѓу живите и народите на земјата е вера на љубовта, а не на омразата, дека верата во Едниот и Единствениот Господ Бог е вера во мир хармонија и духовност, разбирање толеранција и почитување, независно од разликите во читањето на историите на сите кои почнуваат од секого и независно од разликите во јазиците кои постојат поради границите од некогаш а не секогаш и од некого меѓу нас. Впрочем големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности.
(3.2) Имајќи предвид дека на тие чијашто е, требало да им се всади свест дека Македонија не е нивна, бидејќи се дојдени како “Словени” од зад Карпатите, та треба да си заминат оти не полагаат право на сопственост и наследство врз земјата, не го прифаќам т.н. “словенско” потекло на македонскиот етнос и т.н. “доселување на Словените на Балканот од зад Карпатите во шестиот век од нашата ера” и сметам дека т.н. “Словени” се автохтони Македонци по потекло кои отсекогаш живееле како домородно население во Македонија. Словенството-Славјанството е синоним за писменост, како што хеленизмот не е етнос, туку култура.
(3.3) Ги отфрлам како неосновани сите тези за Македонците во поранешна СФРЈ која веќе ја нема, како креација на КПЈ, Тито и Комунистичката интернационала, затоа што Македонија и Македонците се постари од нив, постојат од пред нашата и по нашата ера.
(3.4) Ги отфрлам како неосновани тезите за Македонците како креација на Цвијиќ, кога Србите не успеале во обидот да ги посрбат Бугарите во Македонија, барем ги “помакедончиле” за да не бидат тоа што биле, како вечна аспирација за територијалните претензии на Србија према Бугарија.
(3.5) Ги отфрлам како неосновани тезите на Ванчо Михајлов за Македонија - Швајцарија на Балканите, со албански, бугарски, грчки и српски кантони.
(3.6) Ги отфрлам како неосновани тезите за формирањето на МПЦ од страна на КПЈ во времето на поранешна СФРЈ со цел да креира Македонци од “народот (Словените-Славјаните) во Македонија”.
(3.7) Ги отфрлам како неосновани сите тези за креација и опсервации на македонското прашање во судирот на интересите на балканските метрополи, поради што и ја воделе Втората Балканска војна.
(3.8) Ја почитувам народно-ослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ во Втората светска војна и се поклонувам пред сите жртви во сите национално-ослободителни војни, буни, востанија, пред сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија.
(3.9) Македонија ќе ја промовирам како држава на рамноправни граѓани независно од нивното етничко потекло, верско уверување, партиска припадност, социјална и општествена положба, Македонија како држава на македонскиот народ и етничките заедници кои живеат заедно, Македонија како стабилна и безбедна држава, Македонија како трајна држава!
(3.10) Ќе ја промовирам Македонија како фактор за мирот и стабилноста во регионот, како фактор за интеграција, како проекција на минатото за иднината на цивилизацијата, Македонија како наследство на светот која вреди да се открива, во која вреди да се инвестира.
(3.11) Македонија е држава како апсолвиран историски факт и тоа повеќе никој и никогаш со ништо не може да го промени.
(3.12) Ќе ги преземам сите мерки и иницијативи за јакнење на државниот капацитет на Македонија, како унитарна држава со мултиетничко општество, функционална демократија со одржлив развој, со високи стандарди на човекови, граѓански и малцински права и слободи, со администрација посветена на проблемите и интересите на граѓаните.
(3.13) Ќе ги преземам сите мерки дозволени со Устав и закон за заштита и одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија на целата нејзина територија, независно од агресорот.
(3.14) Сметам дека Македонија е матична држава на македонскиот народ и држава чии граѓани се еднакви пред Уставот и законите во правата и слободите независно од етничкото потекло и верското уверување, социјалната положба и општествениот статус, политичката припадност и личното уверување.
(3.15) Сметам дека Македонија како рамноправен правен наследник на поранешна СФРЈ со другите републики го презема членството на поранешна СФРЈ во меѓународните органи, организации и заедници, без обврска за повторен прием.
(3.16) Сметам дека Македонија како рамноправен правен наследник на поранешна СФРЈ со другите републики треба да го актуелизира преземањето на членството на поранешна СФРЈ во Обединетите Нации.
(3.17) Македонија нема територијални претензии кон соседните земји или кон која и да е држава во светот и нема да се меша во нивните внатрешни работи во согласност со меѓународното право.
(4) Името на државата Македонија
(4.1) Прашањето за името на државата Македонија дефинитивно е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство донесоа одлука за “самостојна и суверена држава Македонија” без додавки и придавки. Одлуката на референдум е задолжителна за сите!
Затоа, се залагам за безусловен крај на разговорите за името на државата Македонија под покровителство на Генералниот секретар на ООН со намера “да се постигне договор за разликата за името” на државата Македонија, примена во членство на ООН под понижувачката, расистичка и геноцидна референца без преседан во историјата на ООН и меѓународните односи - “Поранешна Југословенска Република”, врз основа на Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ООН, Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на ООН и македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.
(4.2) Ја реафирмирам Декларацијата на Собранието на Република Македонија од 3 јули 1992 година по повод Лисабонската декларација на Европската заедница со која законодавниот дом на државата Македонија потврди дека “името Македонија е основа за името на македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија” и побара од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Обединетите Нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници.
(4.3) Името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на неговата држава Македонија, односно името Македонија е основа за името на македонскиот народ кој претставува мнозинство во државата Македонија. Со неговото негирање и промена се врши негација и дискриминација врз македонскиот народ, што не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност.
(4.4) Ќе иницирам договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година склучена во Обединетите Нации во Њујорк.
(4.5) Ќе преземам мерки Македонија веднаш и безусловно своето членство во ООН и во сите меѓународни органи, организации и заедници и билатералните односи со сите држави во светот да ги продолжи под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia” со меѓународниот код МК, односно МКД.
(4.6) Ја отфрлам сервилноста и дефанзивноста и ќе демонстрирам иницијативност и офанзивност во разговорите со Република Грција и меѓународната заедница, прашањето на името да не се третира изолирано како цел сама за себе туку во контекст на склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Грција и Република Македонија со кој ќе се нотираат и решат сите отворени прашања меѓу двете земји.
(4.7) Ја поддржувам тужбата против Република Грција до Меѓународниот суд во Хаг во врска со спроведувањето на македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година.
(4.8) Ја поддржувам можноста од поднесување на барање до генералното собрание на Обединетите нации за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава.
(4.9) Ќе апелирам до Република Грција и до ЕУ и НАТО и нивните членки да извршат притисок врз Република Грција да не приговара на пријавата за членство и на членството на Република Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Република Грција е членка.
(5) Македонизмот и универзалните вредности на македонската цивилизација
(5.1) Културата и историјата на Македонија и Македонците не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата за Македонија од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.
(5.2) Секогаш и секаде:
(5.2.1) ќе ги афирмирам универзалните вредности на Македонската цивилизација (хуманизамот, солидарноста, патриотизмот, олимпизмот, братољубието, гостопримството, интеграциите, сопственоста, наследството, трудољубивоста, мирот, љубовта, културната афирмација) како основа на нова Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на културните разлики, а не нивна асимилација со унификација;
(5.2.2) ќе го афирмирам македонизмот и како идеологија и филозофија, а не само како етнологија и географија, имајќи предвид дека етнологијата денес не претставува чиста генетика, туку и култура;
(5.2.3) ќе го афирмирам македонизмот како глобален процес, како систем на вредности, како поглед на свет; и
(5.2.4) ќе го демистифицирам и го осудувам антимакедонизмот од кого и да е и каде и да е, а против неговите носители ќе се борам со сите дозволени средства и сили.
(5.3) Ќе се залагам за:
(5.3.1) интегративни процеси по сите прашања како предуслов за мир, стабилност и развој на Балканот;
(5.3.2) Република Македонија како фактор за интеграција на Балканот;
(5.3.3) Република Македонија не како проблем, туку како решение на проблемот на Балканот;
(5.3.4) Балканскиот проблем не е создаден од балканските демоси и држави, туку поради интересите на големите сили за сфери на влијание на овие простори;
(5.3.5) Балканското прашање во основа е македонското прашање;
(5.3.6) проблемите на Балканот да се решаваат мирно, со заемно почитување и разбирање, по пат на разговори и договори, интегрално и универзално и на реципроцитетна основа; и
(5.3.7) по правило, за еден народ - една матична држава и еднакви положба и права за деловите на народите кои како национални малцинства живеат надвор од територијата на матичните држави, без ексклузивни права како повод за дискриминација, сегрегација, дезинтеграција и конфликт.
(5.4) Ќе бидам покровител на Академија посветена на 100 годишнината од поделбата на Македонија со Букурешкиот договор на 10 август 2013 година.
(5.5) Меѓународно ќе го анимирам прашањето за геноцидот врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и истражувањето и документирањето со објавување на Бела книга за геноцидот.
(6) Македонската Првославна Црква
(6.1) Ќе обезбедам трајно решение на македонското црковно прашање.
(6.2) Ќе иницирам изградба на македонска црква и манастир во Москва, Истанбул, Ерусалим и Александрија.
(6.3) Ќе ја реализирам иницијативата за промоција на Охрид во Светски парвославен центар, како предворје за сите помесни православни цркви во светот со право да изградат своја црква, манастир и поглаварска резиденција, откога ќе воспостават сослужение со Македонската Првославна Црква, со право и МПЦ да изгради своја црква, манастир и поглаварска резиденција во државите и градовите каде што тие цркви имаат седиште.
(6.4) Ќе овозможам и македонски свештеници (монаси) чувари на Исусовиот гроб во Ерусалим.
(6.5) За мене, Македонската Првославна Црква е Апостолска Црква и една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на возобновената древна автокефална Охридска Архиепископија/Патријаршија, а нејзиното име, автокефалност, достоинство и единство се без алтернатива и трајно апсолвирани пред целата Православна екумена.
(6.6) Македонската Првославна Црква има право на владение и сопственост врз имотите и приходите на македонските православни цркви и манастири во земјата и странство.
(6.7) Името на Македонската Првославна Црква е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија и македонскиот народ и со негирањето на името, автокефалноста, архиепископското/патријаршиско достоинство и единството на Македонската Првославна Црква се негира македонскиот народ и неговата држава Македонија.
(6.8) Одлуките на Српската Православна Црква кои се однесуваат на Македонската Првославна Црква, нејзините верници и ерархија и територијата на Македонија, ги сметам за антимакедонски и антихристијански и целосно гие отфрлам како ништавни и невалидни.
(6.9) Ги осудувам и со сите сили и дозволени средства ќе иницирам оневозможување на сите обиди на која и да е друга помесна православна црква, за формирање паралелна црква, епархии и ерархија на автокефалната Македонска Првославна Црква.
(6.10) Ги поздравувам и поддржувам напорите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква за воспоставување канонско единство и сослужение со сите помесни православни цркви, односно со Православната екумена, врз основа на рамноправност, заемно почитување и разбирање.
(7) Македонците со исламска религија
(7.1) Македонците со исламска религија се нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ.
(7.2) Најостро ја осудувам Лозанската Конвенција за заемно преселување на населението склучена на 30 јануари 1923 година помеѓу Турција и Грција кога најголемиот број Македонци со исламска религија од Егејскиот дел на Македонија без своја волја насилно беа прогонети од своите родни огништа во Македонија и депортирани во Република Турција.
(7.3) Изразувам искрено жалење поради иселувањето на Македонците со исламска религија од Република Македонија во Република Турција врз основа на договорот помеѓу Белград и Анкара од шесееттите години на дваесеттиот век.
(7.4) Ќе иницирам елиминација на верската исклучивост и неупатеност кај поголемиот дел од Македонците христијани, што Македонците муслимани ги маргинализира, а државата на нив не посвети доволно внимание во изминатите шеесет години, препуштајќи ги на денационализација и асимилација во Бошњаци, Албанци и Турци со политизација на Исламот и на миграција во Турција и светот.
(7.5) Во името на најголемиот број Македонци христијани од сите делови на Македонија во целиот свет ќе упатам длабоко извинување и ќе повикам на обединување со Македонците муслимани поради сите историски и општествени неправди према овој нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ.
(7.6) Ќе иницирам Национална стратегија за развој на регионите и населените места во кои живеат Македонците муслимани во Република Македонија и за реинтеграција во македонскиот народ како негов нераскинлив и неотуѓив дел, со прокламација Македонците муслимани да бидат претставени во сите органи на локалната самоуправа, локалната и државната администрација и институциите на државната власт според нивното поцентуално учество во вкупното население.
(7.1) Гораните
(7.1.1) Ќе иницирам Владата да ги презема сите мерки за грижа за положбата и правата на Гораните како Македонци по потекло со исламска вероисповед од областа Гора на тромеѓието меѓу Албанија, Македонија и Косово, да го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив.
(7.1.2) Ќе иницирам Европското биро за малцинските јазици, УНМИК, КФОР, ООН, Европската Унија, Советот за Европа, ОБСЕ и НАТО, Гораните да ги нотифицира за Македонци по потекло со исламска вероисповед, т.н. “горански јазик” да го кодифицира како македонски јазик, горански говори, а т.н. “горанска култура” да ја смета за македонска култура, почитувајќи го нивното право на вероисповед.
(7.1.3) Ги поддржувам барањата на Гораните за специјален статус за Гора и Средечка Жупа на Косово што подразбира: културна автономија на Гора и Средечка Жупа и Македонците (Гораните) на Косово, со посебни образовни, културни и верски институции со цел заштита на нивниот македонски етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор; организација на настава на македонски јазик на Косово, печатење на потребните учебници, литература и обрасци за педагошка евиденција; воведување на македонскиот јазик во административна употреба на Косово; и посебен малограничен режим меѓу Македонија и Косово.
(7.2) Помаците
(7.2.1) Го почитувам историскиот факт дека Помаците (на Родопите) во Република Бугарија и Република Грција се Македонци по потекло со исламска вероисповед, зборуваат македонски јазик и ги негуваат македонската култура, обичаи и традиции и претставуваат нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ.
(7.2.2) Ќе иницирам Европското биро за малцинските јазици, Помаците да ги нотифицира за Македонци по потекло со исламска вероисповед, т.н. “помачки јазик” да го кодифицира како македонски јазик, а т.н. “помачка култура” да ја смета за македонска култура, почитувајќи го нивното право на вероисповед.
(7.2.3) Ќе иницирам Владата да ги презема сите мерки за грижа за положбата и правата на Помаците како Македонци по потекло со исламска вероисповед, да го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив.
(8) Македонците во соседните земји на Република Македонија и иселениците од Македонија
(8.1) Ќе се залагам за организирана грижа на државата Македонија за унапредување на положбата и правата на Македонците во соседните земји на Република Македонија и за иселениците од Македонија.
(8.2) Ќе ги иницирам дипломатско-конзуларните претставници на Република Македонија во соседните земји на Република Македонија и во земјите каде што живеат иселеници од Македонија за грижа за положбата и правата на македонските заедници во светот и иселеничките организации.
(8.3) Како претседател на државата:
(8.3.1) ќе иницирам конзистентна законска регулатива за обединување на надлежностите на органите на управата по прашањата за Македонците во соседните земји на Република Македонија и иселениците од Македонија во единствен орган при Министерството за надворешни работи;
(8.3.2) ќе ре-иницирам воведување на безусловно право на македонско државјанство за сите Македонци по потекло кои живеат надвор од границите на Република Македонија во согласност со Законот за државјанство на Република Македонија до 2002 година и остварување на избирачкото право за македонските државјани во странство;
(8.3.3) ќе иницирам инвестициона и туристичка промоција на Македонија меѓу Македонците во светот;
(8.3.4) ќе предложам зголемување на бројот на владините стипендисти и навремено и организирано преземање на сите мерки за школување во средните и високо-школските образовни институции на Република Македонија на Македонци по потекло од соседните земји на Република Македонија и иселеници од Македонија;
(8.3.5) при сите официјални посети на претседателот, пратениците и министрите на Република Македонија во светот ќе инсистирам задолжително да се организираат средби со претставници на македонските заедници во светот и иселеничките организации;
(8.3.6) ќе се залагам за обезбедување на материјално-финансиска и логистичка помош на македонските заедници во светот и иселеничките организации; и
(8.3.7) при секоја меѓународна конференција и сесија на меѓународна организација во која Република Македонија има определен статус, ќе барам претставниците на Република Македонија да го анимираат и иницираат прашањето за положбата и правата на Македонците во соседните земји на Република Македонија и иселениците од Македонија.
(8.4) Ќе бидам покровител на Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и ќе иницирам решенија за финансирање на неговата дејност.
(8.5) Ќе ја подржувам Владата во односите со Грција за решавање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, од балканските војни до денес, с# до процесирање на прашањето пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Советот на Европа, ОБСЕ, Европската Унија и Обединетите Нации.
(8.6) Ќе иницирам Национална стратегија за репатријација на Македонците во светот назад на своите родни огништа и ќе овозможам најмалку 100.000 иселеници да се вратат назад на своите родни огништа во Македонија со право на земја за живот и дејност без надомсет.
(8.7) Ќе иницирам изградба на два нови града за иселениците повратници во Мариово и до Стоби на Вардар.
(8.8) Ќе иницирам државата да го стимулира трансферот на знаење, искуства и капитал на Македонците во светот во нивните родни огништа.
(8.9) Ќе иницирам Европската Унија, ОБСЕ и Советот на Европа постојано да ги следат промените на етничката структура на населението и систематското тивко етничко чистење врз етничките Македонци во соседните земји на Република Македонија (посебно во Република Грција) и континуирано да преземаат мерки за најостро санкционирање на геноцидот и етничкото чистење врз нив и спречување на промената на етничката структура на населението во Република Грција со инородно население.
(9) Уставност и законитост
(9.1) Ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Македонија.
(9.2) Ќе го следам остварувањето и ќе иницирам унапредување на правата и слободите на граѓаните и малцинските заедници.
(9.3) Ќе иницирам Закон за Уставниот суд и Закон за спроведување на уставните одлуки.
(9.4) Ќе ја почитувам секоја одлука на граѓаните на референдум, која е задолжителна сe додека не биде променета со поинаква одлука на друг референдум.
(9.5) Ќе го осудувам секој облик на насилство и тероризам со цел постигнување политички и други цели.
(9.6) Со сите дозволени средства и методи ќе се залагам за санкционирање и санирање на последиците на секое насилство и тероризам со цел постигнување политички и други цели и на секој облик на насилно уривање на уставниот поредок на земјата и поттикнување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
(9.7) Ќе се залагам за елиминирање со сите дозволени средства и методи на сите воени или полувоени здружувања на целата територија на Македонија кои не припаѓаат на Вооружените сили на Македонија.
(9.1) Охридски рамковен договор
(9.1.1) Сметам дека Охридскиот рамковен договор е инкорпориран во Уставот и имплементиран во законите на Република Македонија.
(9.1.2) Сметам дека војната во 2001 година не беше вистинска војна меѓу Македонците и Албанците, ниту меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на овие простори, а во којашто беа злоупотребени и Македонци и Албанци.
(9.1.3) Сметам дека не постои страв од наци-фашистичката проекција “Голема или квази-Стара Албанија” по интегритетот на државата Македонија, која не е проекција за обединување на Албанците во регионот, туку за поделба и територијална дезинтеграција на Република Албанија.
(9.1.4) Ќе барам решавање на случајот на киднапираните од војната во 2001 година и за законско обесштетување на нивните семејства, спогодбено со Владата или врз основа на судска пресуда.
(9.1.5) Очекувам судска разврска за одговорноста на инволвираните во киднапирањето од војната во 2001 година и завршување на истражните и судските постапки против сторителите на овие дела независно од нивната положба.
(9.1.6) Ќе инсистирам на итно решавање на статусот на насилно прогонетото македонско и друго цивилно население од поранешните кризни региони - тетовскиот, скопскиот и кумановско-липковскиот регион и за преземање на сите мерки за ревитализација и обнова на поранешните кризни региони
(9.1.7) Преку Владата ќе иницирам донесување на извештај пред Собранието на Република Македонија за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
(9.1.8) Ќе иницирам санкционирање на правото на праведно и реално обесштетување за сите цивилни жртви од војната во 2001 година.
(9.1.9) Ќе ја поддржам реализацијата на иницијативата за изградба на Споменик на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија од војната во 2001 година во централното градско подрачје на Градот Скопје.
(9.1.10) Ќе иницирам судска разврска на командната одговорност за смртта на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година за масакрите кај Вејце, Карпалак и Љуботен.
(9.1.11) Преку Владата и другите институции на власта, како и преку единиците на месната и локалната самоуправа континуирано и систематски ќе иницирам преземање на мерки против внатрешните миграции, узурпација на земјиште, незаконско владеење со имоти и сопственост со цел етничка промена на структурата на населението во Република Македонија, и ќе иницирам најостро санкционирање на овие процеси и нивните извршители, со намера воспоставување на претходната состојба.
(9.1.12) Сметам дека Владата треба да го донесе Законот за посебните права на припданиците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, предложен од Здружението на припадници на безбедносните сили “Достоинство”.
(9.1.13) Сметам дека Владата треба да донесе Закон за социјалните и други права на цивилните жртви и на нивните семејства од војната во 2001 година.
(9.1.14) Посмртно ќе ги одликувам сите загинати припадници на Вооружените сии на Македонија во војната 2001 година.
(9.1.15) Ќе се поклонам и ќе положам цвеќе на споменикот на Ѓорѓија Кастриот - Искендер на Бит Пазар.
(9.2) Правата и слободите на граѓаните
(9.2.1) Ќе ги поддржувам сите закони со кои ќе се обезбедува целосно почитување на Европската конвенција за човекови права, Конвенцијата за спречување на тортура, нечовечко и понижувачко однесување или казнување, Универзалната декларација за човекови права, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата за правата на децата, Финалниот хелсиншки документ, Документот од копенхагенската средба на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа, Париската повелба за нова Европа и Европската конвенција за националните малцинства.
(9.2.2) Ќе ги почитувам со Устав и закон воспоставените и утврдените права и слободи на граѓаните и положбата и правата на малцинските етнички заедници.
(9.2.3) Ќе иницирам подигање на свеста кај полицијата, судството, обвинителството и другите органи задолжени за спроведување на законите за нивните обврски во однос на човековите права вршејќи го тоа во согласност со меѓународните стандарди.
(9.2.4) Ќе се приклучам на јавната кампања за родова рамноправност и учество на секој пол во советничките и пратеничките листи и во ограните на институциите на власта со најмалку 30% од вкупниот број членови.
(9.2.5) Ќе ги осудувам сите терористички и екстремистички напади во Република Македонија.
(9.2.6) Преку Владата и министерствата за одбрана, внатрешни работи и здравство, како и преку Советот за безбедност и службите чии раководни лица претседателот на државата ги именува и разрешува, ќе ги преземам сите мерки за безбедноста, јавниот ред и мир, здравјето на луѓето и заштитата на суверенитетот, интегритетот и правата и слободите на граѓаните утврдени со Уставот, законите и меѓународното право.
(9.2.7) Преку Владата и министерствата за одбрана и внатрешни работи ќе ги преземам сите мерки за сузбивање на организираниот криминал и екстремните и терористички групи во Република Македонија кои делуваат автономно или во спрега со меѓународна мрежа на организиран криминал и тероризам.
(9.2.8) Преку Владата и министерствата за одбрана и внатрешни работи ќе ги поддржам сите рации за одземање на незаконското оружје од населението.
(9.2.9) Континуирано и долгорочно ќе иницирам преземање на мерки за: стопански развој и вработување, сузбивање на сиромаштијата и неписменоста; развој на демократијата, човековите права и граѓанските слободи; интеграција како афирмација на културните разлики, а не нивна асимилација; еманципација на жената; хумана популациона политика; култура на половата рамноправност; елиминирање на расизмот и дискриминацијата; и негување на дијалогот и толеранцијата, како основа за остварување на правата и слободите на човекот и граѓанинот.
(9.3) Положбата и правата на малцинските етнички заедници
(9.3.1) Ќе иницирам еднакви права и положба и културна автономија на малцинските етнички заедници.
(9.3.1) Континуирано и со споредбено право во други земји ќе иницирам преиспитување на модалитетите - припадниците на малцинските етнички заедници да се изедначат во положбата и правата и слободите, независно од процентуалното учество во вкупното население на земјата.
(9.3.2) Ќе иницирам со Закон да се утврди службената употреба на јазиците на малцинските етнички заедници чие учество во единиците на локалната самоуправа е помало од 20% од вкупното население на единицата на локалната самоуправа, за да се избегне можноста од нерамноправен статус при решавањето на тоа прашање од општина до општина.
(9.3.3) Ќе иницирам Закон за малцинските етнички заедници со кој ќе се уреди правото на самоуправна и културна автономија на малцинските етнички заедници, правото на формирање на електорски собранија и национални совети, со буџетски донации и законски надлежности во областа на употребата на нивниот јазик и писмо, утврдувањето на симболите и празниците, образованието и информирањето на нивниот јазик, заштитата и афирмацијата на нивната култура и службената употреба на нивниот јазик и писмо.
(9.3.4) Ќе ги почитувам и ќе се залагам за унапредување на заштитата на националните малцинства во согласност со Европската конвенција за човековите права и принципите утврдени со Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства во согласност со најдобрата практика на земјите членки на Европската Унија.
(9.3.5) Ќе иницирам мерки за унапредување на пристапот во образованието на малцинските етнички заедници.
(9.4) Положбата и правата на верските заедници
(9.4.1) Ќе иницирам посебни закони за Македонската Првославна Црква, Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква и Еврејската заедница.
(9.4.2) Го поддржувам воведувањето на веронауката во основните и средните училишта во согласност со Македонската Првославна Црква, Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква и Еврејската заедница.
(9.4.3) Ќе иницирам санкционирање, во договор со верските заедници утврдени со Устав, здравствено и пензиско-инвалидско осигурување и плата од буџетот за сите свештеници и оџи според утврдени нормативи и стандарди, имајќи предвид дека добрите верници се и лојални државјани.
(9.4.4) Го прифаќам правото на наследство на имотите на православните цркви и манастири во Македонија на Македонската Првославна Црква како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната автокефална Охридска Архиепископија/Патријаршија односно Јустинијана Прва и го прифаќам устројувањето на црковен катастар.
(10) Економија и социјална политика
Ќе ги поддржувам мерките на економската и социјалната политика на Владата, а во координација со неа ќе иницирам прашања од нејзина надлежност.
(10.1) Монетарна власт
Ќе ја почитувам самостојноста на монетарната власт, на Народната банка на Македонија.
(10.2) Странски инвестиции
(10.2.1) Претседателските посети во странство ќе ги усогласам со владината Национална стратегија за привлекување на странски инвестиции, и ќе иницирам и координирам во одржувањето на меѓународни конференции за странски инвестиции во Македонија.
(10.2.2) Ќе иницирам донесување на прописи Македонија да добие статус на атрактивна дестинација за оф-шор економија.
(10.3) Вработувањето и младите
(10.3.1) Во координација со Владата ќе посветам посебно внимание на вработувањето на младите со единствена цел да се спречи емиграцијата и процесите на празнење на просторот и стареење на нацијата.
(10.3.2) Во координација со Владата ќе иницирам донесување на Закон за деца и млади и Национална стратегија за деца и млади.
(11) Политички систем
(11.1) Ќе иницирам систем на следење на имплементацијата на Уставот и анализа за евентуални корекции, конзистентност на текстот на одредбите на Уставот и функционирањето на политичкиот систем.
(11.2) Ќе иницирам преиспитување на изборот на претседателот на Републиката на непосредни избори или во Собранието и на воведување на функцијата потпретседател на Републиката од припадниците на малцинските етнички заедници.
(11.3) Ќе го следам изборното законодавство и изборните правила коишто ќе обезбедуваат фер, слободни и демократски избори.
(11.1) Кохабитација со Владата и Собранието
(11.1.1) Ќе кохабитирам, ќе соработувам и сите активности ќе ги координирам со Владата и Собранието.
(11.1.2) Најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување ќе ги прогласувам со указ законите, или ќе го известам Собранието доколку одлучам да не го потпишам указот за прогласување на законот, што по предлог на Владата, пратеник или најмалку 10.000 избирачи ги донесува Собранието.
(11.1.3) Најмалку еднаш месечно и по потреба ќе остварувам редовна средба со премиерот и ресорните министри за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи и именуваните функционери од претседателот на Републиката заради размена на мислења и координација.
(11.1.4) Најмалку еднаш месечно и по потреба ќе остварувам редовна средба со претседателот на Собранието заради размена на мислења и координација.
(11.2) Измени на Уставот и изградба на функционална демократија
(11.2.1) Во координација со Владата ќе иницирам преиспитување на потребата од нов интегрален текст на Устав на Република Македонија.
(11.2.2) Ќе иницирам бришење на членот 132 од Уставот на Македонија, како единствена одредба каде се спомнува поранешната СФРЈ која повеќе не постои.
(11.2.3) Ќе иницирам во надлежност на Уставниот суд да биде и согласноста на ратификуваните меѓународни договори со Уставот.
(11.3) Симболи на државата Македонија
(11.3.1) Ќе го актуелизирам прашањето за знамето и грб на државата Македонија.
(11.3.2) Сметам дека за симбол на знамето на Република Македонија повторно треба да се утврди македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа.
(11.3.3) Сметам дека за грб на Република Македонија треба да се утврди земскиот грб на Македонија.
(11.3.4) Сметам дека химна на Република Македонија треба да остане актуелната “Денес над Македонија” утврдена со Закон.
(11.3.5) Ќе иницирам донесување на Закон за знаме на Претседателот на Република Македонија.
(11.4) Симболи на малцинските етнички заедници
(11.4.1) Ќе иницирам законска процедура за утврдување на симболи на малцинските етнички заедници.
(11.4.2) Изразувам согласност за слобода во приватната употреба на симболите на малцинските етнички заедници во Република Македонија. На јавни манифестации на малцинските етнички заедници нивните симболи мора да се употребуваат заедно со државните симболи на Република Македонија на начин утврден со Закон.
(11.4.3) Ја отфрлам можноста од употреба на државни симболи на матичните држави на малцинските етнички заедници пред објектите на единиците на месната и локалната самоуправа, органите на државната управа на Република Македонија и јавните и државните установи и претпријатија на сите нивоа на целата територија на Република Македонија и пред и во објектите и имотите на Република Македонија во странство, освен доколку тоа биде решено со билатерален договор и на реципроциетна основа меѓу Македонија и матичната земја на малцинската етничка заедница која живее во Македонија.
(11.5) Децентрализацијата на власта и локалната самоуправа
(11.5.1) Ќе иницирам преиспитување на моделот на двостепена локална самоуправа со територијалната организација на локалната самоуправа од 1996 година, како резултат на слободно изразената волја на граѓаните на околу четириесетина референдуми во 2003 и 2004 година за непроменливост на општинските граници и бројот на општините.
(11.5.2) Сметам дека со територијалната организација на локалната самоуправа во Македонија не смее да се врши промена на етничкиот и верскиот карактер на населените места и во таа смисла треба да се поддржат граѓаните кои по тој критериум сакаат да го задржат својот идентитет во општината.
(11.5.3) Ќе иницирам преиспитување на Законот за локалната самоуправа и ќе предложам бадинтерово мнозинство за припадниците на македонскиот народ и малцинските етнички заедници во општините каде не се мнозинство за сите прашања за кои бадинтеровото мнозинство е утврдено со Уставот и закон во централната власт за малцинските етнички заедници во државата.
(11.5.4) Ќе го анимирам проектот Крушево - етно град.
(11.6) Администрација на претседателскиот кабинет
Во координација со Владата ќе воспоставам мала, ефикасна, високо-професионална и добро платена администрација на претседателскиот кабинет, во согласност со претседателските надлежности утврдени со Устав и закон.
(11.7) Реформи на судството и правосудниот систем
Ќе почитувам ефикасно, професионално и независно судство и ќе иницирам уставни и законски изменувања и дополнувања во согласност со тоа.
(11.8) Реформи на државната и јавната администрација
(11.8.1) Ќе иницирам продолжување на реформите во државата и јавната администрација и воспоставување на мала, ефикасна, функционална, стручна и компетентна, добро платена државна и јавна администрација, во функција на проблемите, потребите и интересите на граѓаните, народот и државата.
(11.8.2) Сметам дека организацијата и систематизацијата по работни места, со број на извршители, звања, степен на образование и коефициент за плата на државната и јавната администрација треба да биде утврдена со Закон според утврдени стандарди и нормативи.
(11.9) Политички партии, синдикати и здруженија на граѓани
(11.9.1) Редовно, а најмалку еднаш месечно и по потреба, ќе одржувам координативни и информативни средби со претседателите на политичките партии со пратенички мандат(и) во Собранието.
(11.9.2) Претседателскиот кабинет ќе биде отворен за приеми и инцијативи на синдикати и на здруженија на граѓани.
(11.9.3) Во согласност со Владта ќе прифаќам покровителство на јавни манифестации и цивилни конференции, како и одбелжувања на значајни датуми, настани и личности.
(11.10) Медиумите и слободата на информирањето
(11.10.1) Ќе го стимулирам слободното и професионално истражувачко новинарство.
(11.10.2) Ќе ги почитувам слободата на мислата, изразувањето, информирањето и тајноста на изворите на информациите.
(12) Безбедноста на Македонија и Армијата и Полицијата
(12.1) Војната во 2001 година ја покажа нефункционалноста на Армијата и Полицијата и нефункционирањето на Врховниот командант и Врховната команда на Вооружените сили на Македонија, што овозможи повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата и загрозување на правата, имотите и животите на граѓаните и доведе до милитаризација на Полицијата и пацификацијата на Армијата, посебно поради различната политичка припадност на министрите за внатрешни работи и за одбрана.
(12.2) Ќе ги продолжам активностите за трансформација и професионализација и компатибилност на Армијата на Република Македонија во согласност со стандардите и критериумите на НАТО-Алијансата со цел пристапување на Македонија во сојуз со НАТО-Алијансата.
(12.3) Ќе иницирам законско операционализирање на Врховниот командант и на Врховната команда на Вооружените сили на Македонија и улогата на на Вооружените сили на Македонија.
(12.4) Го прифаќам учеството на Македонија во мисиите на НАТО-Алијансата во Ирак, Авганистан и Босна, и во други мировни операции, но го задржувам правото на преоценување.
(12.5) Ќе иницирам реорганизација на Агенцијата за разузнување со обединување со армиското разузнување и регулирање на контролата и надзорот на разузнувачките служби на Полицијата и Армијата.
(12.6) Ќе ги осовременувам и технички и кадровски ќе ги зајакнувам капацитетите на Полицијата и Армијата во согласност со највисоките стандарди во овие дејности во Европската Унија и САД.
(13) Надворешната политика на Македонија
(13.1) Ќе водам активна политика на интеграции и заштита и афирмација на националниот суверенитет и територијалниот интегритет.
(13.2) Ќе водам активна политика на евро-атлантски интеграции на Македонија.
(13.3) Ќе водам активна политика на евро-азиски интеграции и отворање на Македонија према земјите од Блискиот, Средниот и Далечниот Исток.
(13.4) Ќе иницирам преиспитување на Законот за надворешни работи во кој ќе се инкорпорираат институциите на надворешната политика, нивните надлежности и меѓусебните односи.
(13.5) Ќе иницирам Закон за постапките за склучување и извршување на меѓународните договори кои не смеат да бидат во спротивност со Уставот на Македонија.
(13.6) Ја преферирам и алтернативната дипломатија преку институтот почесни конзули во сите земји во светот.
(13.7) Ќе ги осудувам сите терористички и екстремистички напади во светот.
(13.8) Ја поддржувам партиципацијата на Република Македонија во меѓународната анти-терористичка коалиција.
(13.1) Обележување на државната граница на Македонија према Косово
(13.1.1) Сметам дека имплементацијата на Договорот за обележување на границата меѓу Република Македонија и Република Србија потпишан во Скопје на 23 февруари 2001 година и ратификуван од Собранието на Република Македонија на 1 март 2001 година, во делот према Косово треба да заврши веднаш, во соработка со цивилната администрација на ООН на Косово (УНМИК) и КФОР и косовските власти.
(13.1.2) Државната граница меѓу Република Македонија и Република Србија е меѓународно призната граница, дефинирана со валиден меѓународен договор и мора да се почитува од сите страни.
(13.1.3) Ја реафирмирам изјавата на претседателот на Советот за безбедност на Обединетите Нации од неговиот 4290. состанок одржан на 7 март 2001 година, дека: “Советот за безбедност повикува на потребата да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и дека во тој контекст Советот за безбедност истакнува дека договорот за обележување на границата, потпишан во Скопје на 23 февруари 2001 година и ратификуван од Парламентот на Република Македонија на 1 март 2001 година, мора да се почитува од сите.”
(13.1.4) не ја отфрлам можноста преку Владата да иницирам, Македонија да побара од Советот за безбедност донесување на Резолуција за имплементација на Договорот за обележување на границата меѓу Република Македонија и СР Југославија (Србија и Црна Гора).
(13.2) Односи со соседните земји
(13.2.1) Ќе посветам посебно внимание на развојот на добрососедските односи со соседните земји и народи и ќе иницирам унапредување на соработката и уредувањето на меѓусебните односи во сите области.
(13.2.2) Ќе анимирам проекти за интеграции меѓу соседните земји и народи по сите прашања и во сите области.
(13.2.1) Република Албанија
(13.2.1.1) Ќе предложам Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија.
(13.2.1.2) Ќе иницирам реципроцитет во положбата и правата на Албанците во Македонија и Македонците во Албанија врз основа на договор.
(13.2.1.3) Ќе иницирам буџетска поддршка за слободна зона на Македонија на пристаништето во Драч.
(13.2.1.4) Ќе иницирам ефектуирање на евро-регионот Преспа.
(13.2.1.5) Ќе иницирам изработка на заеднички наставни планови и програми за предметите биологија, хемија, физика, географија и јазик за основните и средните училишта.
(13.2.1.6) Ќе се грижам за положбата и правата на Македонците во Албанија, и преку Владата ќе иницирам унапредување на врските со нив и нивно помагање.
(13.2.1.7) Ќе ги иницирам сите мерки за итно отворање на граничниот премин Џепишта-Требишта на македонско-албанската граница.
(13.2.2) Република Бугарија
(13.2.2.1) Ќе предложам Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
(13.2.2.2) Ќе го анимирам прашањето за положбата и правата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија разменети меѓу Атина и Софија по балканските војни.
(13.2.2.3) Ќе иницирам македонска слободна зона на пристаништето во Бургас.
(13.2.2.4) Ќе иницирам изработка на заеднички наставни планови и програми за предметите биологија, хемија, физика, географија и јазик за основните и средните училишта.
(13.2.2.5)  ќе се грижам за положбата и правата на Македонците во Бугарија, и преку Владата ќе иницирам унапредување на врските со нив и нивно помагање.
(13.2.3) Република Грција
(13.2.3.1) Ќе предложам Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година.
(13.2.3.2) Ќе иницирам заедничка или еднострана претседателска изјава за релаксација на етничките тензии по прашањето за државното име Македонија, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку составен дел од културно-историскиот идентитет на балканските демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.
(13.2.3.3) Со предлог-Договорот предлагам да се воспостави траен мир и добрососедство меѓу Република Грција и Република Македонија и македонско-грчко помирување врз принципите на заемно почитување, разбирање и толеранција.
(13.2.3.4) Со Договорот за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција ќе предложам:
(13.2.3.4.1) Република Македонија:
- да ја прифати постојната граница со Грција за неповредива;
- да го прифати името Македонија за северната грчка провинција;
- да се откаже од воени репарации, под било каков изговор и во било каква форма; и
- да склучи посебен договор со Грција за режимот на водите од Вардарскиот слив;
(13.2.3.4.2) Република Грција:
- да го признае северниот сосед како независна и суверена држава под нејзиното име Македонија со уставната референца Република како јасна разлика од истоимената Северна грчка провинција, независно од историските хипотеки;
- да ги почитува основните човекови права и слободи и достоинство на Македонците по потекло кои се грчки државјани или насилно прогонети а родени во Егејскиот дел на Македонија и нивните наследници;
- да ги измени или анулира сите инструменти и пречки во правниот режим заради слободен пристап на Македонците по потекло родени во Егејскиот дел на Македонија и нивните наследници со македонско и друго негрчко државјанство, до судовите, службите за матичните книги и датотеки и ним да им го признае правото на грчко државјанство, правото на сопственост односно враќање на нивните национализирани и конфискувани имоти или одземени имоти по кој било основ (денационализација или колонизација) и правото на наследство; и
- да склучи посебен договор со Македонија за македонска слободна зона на пристаништето во Солун;
(13.2.3.4.3) Република Грција и Република Македонија:
- да воспостават дипломатски односи на амбасадорско ниво, а канцелариите за врски во Скопје и Атина да ги подигнат на ниво на амбасади, со конзулати во Битола и Солун;
- да утврдат мерки за унапредување на грчко-македонските односи и јакнење на меѓусебната доверба, разбирање и соработка меѓу грчкиот и македонскиот народ, нивните економии и државите Грција и Македонија; и
- да ги поттикнат Грчката православна црква и Македонската првославна црква во нормализацијата на меѓусебните односи врз основа на рамноправност, заемно почитување и разбирање, а со цел воспоставување канонско единство и сослужение, врз основа на што Владата ќе одобри изградба на црква, манастир и поглаварска резиденција на Грчката Православна Црква во Охрид доколку Грција прифати црква, манастир и поглаварска резиденција на Македонската Првославна Црква во Солун или Атина.
(13.2.3.5) Ќе иницирам меѓусебните односи Македонија и Грција да ги уредуваат во директен дијалог, без медијатори на меѓународната заедница.
(13.2.3.6) Ќе иницирам изработка на заеднички наставни планови и програми за предметите биологија, хемија, физика, географија и јазик за основните и средните училишта.
(13.2.3.7) Ќе се грижам за положбата и правата на Македонците во Грција, и преку Владата ќе иницирам унапредување на врските со нив и нивно помагање.
(13.2.4) Република Србија
(13.2.4.1) Ќе иницирам Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Србија.
(13.2.4.2) Ќе иницирам активна политика за имплементација на Спогодбата за регулирање на односите и за унапредување на соработката меѓу Република Македонија и СР Југославија (Србија) од 8 април 1996 година, Договорот за обележување на границата меѓу Македонија и СР Југославија од 23 февруари 2001 година, Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од 26 февруари 2002 година, како и Спогодбата меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за заштита на македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора и заштита на српското и црногорското национално малцинство во Република Македонија од 6 јули 2004 година, сметајќи ги за добра основа за унапредување на македонско-српско-црногорските билатерални односи и на положбата и правата на Македонците во Србија.
(13.2.4.3) Ќе иницирам изработка на заеднички наставни планови и програми за предметите биологија, хемија, физика, географија и јазик за основните и средните училишта.
(13.2.4.4) Ќе се грижам за положбата и правата на Македонците во Србија, и преку Владата ќе иницирам унапредување на врските со нив и нивно помагање.
(13.2.5) Косово
(13.2.5.1) Ги почитувам мисиите на Обединетите Нации и на Европската Унија на Косово, во согласност со мандатот во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
(13.2.5.2) Ќе се залагам за склучување меѓународен договор меѓу земјите во регионот со гаранции на Обединетите Нации и Европската Унија за:
- неповредливост и непроменливост на границите на Косово;
- откажување од територијални претензии кон соседните земји;
- почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјите во регионот и неповредливост и непроменливост на границите меѓу нив;
- согласност дека границите може да се менуваат само врз принципот на доброволност и во согласност со меѓународното право;
- забрана за обединување на Косово со која и да е соседна држава; и
- забрана за обединување на дел од Косово со дел од територијата на која и да е соседна држава.
(13.2.5.3) Го почитувам присуството на мултинационалните сили на НАТО и Европската Унија заради обезбедување на територијалниот итнегритет и границите на Косово и мирот, имотите и животите на граѓаните.
(13.2.5.4) Ќе иницирам преземање на мерки за формирање на Евро-регионот ГОРА и Национален парк ГОРА на Шар планина на тромеѓието Албанија-Македонија-Косово во триаголникот Кукс-Тетово-Призрен.
(13.2.5.5) До приемот на Косово во Обединетите Нации прифаќам дипломатските односи да бидат одржувани на конзуларно ниво, а за отворање на дипломатските претставништва во двете земји ќе инсистирам на обележување на целата границата и признавање на правата утврдени со оваа програма на Гораните на Косово како Македонци по потекло.
(13.3) Пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија
(13.3.1) Ќе инсистирам на целосно и ефективно извршување на сите мерки од Мислењето и препораките на Европската Комисија за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија.
(13.3.2) Кога тоа ќе биде потребно, во согласност со Уставот на Македонија, ќе иницирам референдум за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија.
(13.3.3) Го прифаќам пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија, само под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК, односно МКД.
(13.3.4) Во секоја прилика и секаде ќе инсистирам Европската Унија и нејзините членки да го почитуваат правото на името на државата Македонија, веќе потврдено со Бадинтеровата комисија на Европската Унија за поранешна СФРЈ.
(13.3.5) Го отфрлам пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија доколку промената на државното име Македонија и грчкиот геноцид врз македонскиот народ и антимакедонизмот на Атина се услов за солидарност на Брисел и Стразбур.
(13.3.6) Во секоја прилика ќе иницирам и барам Европската Унија да ги почитува правата на Македонците по потекло во сите нејзини членки, во согласност со највисоките стандарди на меѓународната заедница за човекови и граѓански права и слободи.
(13.4) Пристапување на Македонија во сојуз со НАТО
(13.4.1) Го прифаќам пристапувањето на Македонија во сојуз со НАТО, само под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК, односно МКД.
(13.4.2) Во секоја прилика и секаде ќе инсистирам НАТО и нејзините членки да го почитуваат правото на државното име Македонија, веќе потврдено со Бадинтеровата комисија на Европската Унија за поранешна СФРЈ.
(13.4.3) Кога тоа ќе биде потребно, во согласност со Уставот на Македонија, ќе иницирам референдум за пристапување на Македонија во сојуз со НАТО.
(13.4.4) Го отфрлам пристапувањето на Македонија во сојуз со НАТО доколку промената на државното име Македонија и грчкиот геноцид врз македонскиот народ и антимакедонизмот на Атина се услов за солидарност на Брисел.
(13.4.5) Во секоја прилика ќе иницирам и барам НАТО да ги почитува правата на Македонците по потекло во сите нејзини членки, во согласност со највисоките стандарди на меѓународната заедница за човекови и граѓански права и слободи.
(13.4.6) Ќе апелирам до земјите членки на НАТО итно и безусловно да донесат одлука за покана на Македонија за пристапување во сојуз со НАТО, како придонес за целосна стабилизација на регионот и бидејќи Македонија ги исполни условите за пристапување во сојуз со НАТО.
(13.5) Членство на Македонија во меѓународните организации
(13.5.1) Ја отфрлам блоковската и биполарната воена или идеолошка поделба на светот.
(13.5.2) Ја прифаќам мултиполарноста на светот и во таа смисла покрај евро-атлантските ги преферирам и евро-азиските и други интеграции на Македонија во согласност со нејзините национални интереси, утврдени како стратешки цели во Собранието на Република Македонија.
(13.5.3) Го прифаќам полноправното членство на Република Македонија во меѓународните организации (ООН, Советот на Европа, ОБСЕ, Франкофонијата и други) но само под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК, односно МКД.
(13.5.4) Ќе го афирмирам културниот глобализам чијашто основа е македонската цивилизација, во контекст и на Гоцевата мисла “светот го препознавам како поле за културен натпревар меѓу народите” не само како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на македонската цивилизација чиј дел сме.
(13.5.5) Ќе се залагам против корпоративниот глобализам што врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, кои не претставуваат повод за конфликти и деструкции, туку богатство на човековата цивилизација и кои треба да се негуваат и облагородуваат а не елиминираат, чиишто традиции и обичаи треба да се одржуваат а не да се уништуваат и асимилираат, коишто сите заедно треба да коегзистираат и да кооперираат.
(13.6) Членство на Македонија во Движењето на неврзаните земји
Ќе предложам членство на Македонија под нејзиното државно име во Движењето на неврзаните земји со статус набљудувач, имајќи предвид дека во Движењето на неврзаните земји во моментот членуваат 118 држави, 15 држави со статус набљудувач и 7 меѓународни организации со статус набљудувач, речиси две третини од земјите членки на Обединетите Нации.
(13.7) Регионална соработка и интеграции
(13.7.1) Ќе ја унапредувам регионалната соработка како услов за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот.
(13.7.2) Ќе понудам договори за траен мир и добрососедство со сите соседни земји и ќе ги уредам сите отворени прашања со нив.
(13.7.3) Ќе предложам спогодби со соседните земји Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Косово за слободна трговија, прекугранична соработка, борба против организираниот криминал, недозволената трговија и шверцот, соработка во областа на судството, управувањето со границите, животната средина, сообраќајот и енергетиката.
(13.7.5) Ја прифаќа иницијативата за асоцијација на балканските земји во ЦЕФТА кои сe уште не се членки во Европската Унија сe до нивно полноправно членство во ЕУ, наместо Балканска царинска унија.
(13.8) Стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави
Ќе иницирам натамошно унапредување и продлабочување на стратешкото партнерство на Македонија со Соединетите Американски Држави по сите прашања и во сите области.
(13.9) Евро-азиски интеграции
(13.9.1) Покрај евро-атлантските интеграции преферирам и евро-азиски интеграции посебно со Република Турција, Руската Федерација, Република Кина, Република Индија и Јапонија.
(13.9.2) Ќе иницирам склучување стратешки договор за енергетика со Руската Федерација.
(13.9.3) Ќе иницирам склучување на договори за слободна трговија со  Република Турција, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Индија и Јапонија.
(13.9.4) Ќе иницирам промотивни конференции за инвестиционо вложување во Македонија во Република Турција, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Индија и Јапонија.
(13.10) Визен режим
(13.10.1) Го поддржувам укинувањето на визите со сите држави во светот и ќе преземам мерки и иницијативи за таа цел.
(13.10.2) Го поддржувам укинувањето на визите со САД, земјите членки на ЕУ, Канада, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Индија, Јапонија, Јужно-Африканската Унија и Австралија и ќе преземам мерки и иницијативи за таа цел.
(13.11) Реципроцитет во меѓународните односи
(13.11.1) Во меѓународните и билатералните односи ќе се залагам за примена на принципот на реципроцитет.
(13.11.2) Во надворешната политика ќе наметнам воспоставување на реципроцитет во положбата и правата на националните малцинства на Балканот како основен предуслов за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
(13.12) Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија
(13.12.1) Ќе се залагам за воспоставување на целосна професионализација на дипломатијата.
(13.12.2) Во услови кога капацитетот на земјата не овозможува дипломатија од кариера во сите земји со кои Македонија има воспоставено билатерални односи и меѓународни организации кон кои има пристапено, ќе иницирам унапредување на алтернативната дипломатија со именување на што поголем број на почесни конзули на Република Македонија од редот на истакнати и афирмирани пријатели на Македонија и Македонци по потекло во целиот свет кои во својата држава се почитувани и признати јавни личности од областа на стопанството, културата и политиката, почитувајќи ги предлозите за номинација на почесни конзули од македонските заедници и други иселенички организации ширум светот.
(13.13) Миграциона политика
(13.13.1) Ќе иницирам мерки за дестимулирање на емиграционата политика, посебно на младите и образованите лица преку развој и вработување во земјата, имајќи предвид дека од 1944 до 1990 година од Република Македонија се иселени околу 500.000 Македонци, а од 1990 до денес дополнително уште 300.000 Македонци, претежно млади и образовани лица.
(13.13.2) Ќе иницирам мерки за дестимулирање на имиграционата политика, посебно на онаа која врши промена на етничката структура на населението во земјата.
(13.13.3) Ќе иницирам Национална стратегија за репатријација на Македонците во своите родни огништа.
(13.13.4) Ќе иницирам услови за репатријација на најмалку 100.000 иселеници назад на своите родни огништа во Македонија со право на земја за живот и дејност без надомест.
(13.13.5) Во секоја прилика и при секоја средба ќе апелирам до Македонците во светот да инвестираат во Република Македонија, пренесувајќи кумулирани знаења, искуства и капитал од земјите каде што досега живеат, работат и престојуваат.
(13.13.6) Ќе иницирам најповолни законски услови на стопанисување и инвестирање на Македонците од светот во Република Македонија.
(13.13.7) Ќе иницирам формирање на посебен меѓувладин ресор или во рамките на постојан орган на управа (Агенција или Биро) за инвестициона промоција за Македонците од светот во Република Македонија.

 

Стипендии за специјализации

Република Македонија

 

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

СТИПЕНДИИ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ НА ВРВНИТЕ ГЛОБАЛНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА МЛАДИТЕ ДОКТОРИ (ЛЕКАРИ) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Владата на Република Македонија ги информира  младите доктори во Република Македонија  дека во  учебната 2009/2010 година  ќе започне со реализација проектот за  стипендирање на младиот лекарски кадар од Република Македонија за специјализации на најдобрите 100 универзитети во Соединетите Американски Држави  (при нивните медицински центри или во болниците афилирани со универзитетите). Покрај тоа, ќе бидат прифатени апликации и за специјализации на 10-те највисоко рангирани универзитети во Европа (според последната објавена ранг-листа на глобалните универзитети од Институтот за високо образование при шангајскиот Џиао Тонг Универзитет). 

Владата на Република Македонија , во рамките на програмата,  целосно ќе ги покрие трошоците за студирање  (школарина, месечна стипендија, надомест за учебниците, патните трошоци и осигурувањето).

Покрај ова, Владата ќе ги финансира и подготвителните обуки за полагање на стандардизираните квалификациски испити за упис на овие универзитети (MCAT и TOEFL), односно специјализираните тестови потребни за прием на универзитетите во Европа.

Секој млад доктор кој што ќе ја добие стипендијата ќе потпише договор со Владата на Република Македонија со кој се обврзува дека по завршувањето на студиите мора за секоја стипендирана година да работи во некоја Јавна здравствена установа во Македонија најмалку три пати подолго од оној период што го поминал на студиите или, пак, да ги врати средствата во трикратен износ од она што Владата го платила за неговото студирање, односно специјализирање. Доколку некој млад доктор не е вработен, а успее да се квалификува во оваа програма, тогаш Владата ќе обезбеди приоритетно вработување на младиот доктор на некоја од јавните здравствени установи во Република Македонија.

Владата е подготвена во период од најмногу 3 (три) години да ги прифати сите апликации од младите доктори кои ќе бидат селектирани од горенаведените универзитети.
Условите за пријавување за учество во оваа програма се следните:

•  Завршен медицински факултет; 
•  Положени  MCAT  ( Medical College Admission Test ) и  TOEFL или соодветни специјализирани тестови потребни за прием на универзитетите во Европа; и
•  Возраст до 35 години

Ги повикуваме сите заинтересирани млади доктори (лекари) својата куса биографија (CV) да ја достават на следниот e-mail –  specijalizacija@gs.gov.mk најдоцна до  15 (петнаесетти) август 2008 година  (на оваа електронска адреса можете да ги доставувате и сите прашања во врска со оваа програма).

 

 

Никола Груевски

Центарот за институционален развој ЦИРа и Првата детска амбасада во светот Меѓаши покренаа акција за креирање Фонд за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба. За оваа намена снимена е и песната со наслов „Сонувај мирно‘‘. Комплетен автор на песната “Сонувај” е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Песната може да ја симнете на страната на www.childrensembassy.org.mk  и www.cira.org.mk

Во рамките на Кампањата на 23 ноември 2008г, во прериодт од 14:00-18:00 на МТВ1, ќе биде организран хуманитарен Телетон “Сонувај мирно”, во кој преку 100 музичари, актери, уметници, интелектуалци ќе одговараат на телефонските повици од граѓаните кои со јавување на бројот 143 404 (од сите опертори) ќе донираат по 100 денари во фондот. Во текот на Телетонот ќе биде промовиран и видео записот на песната “Сонувај” кој го подготви продукцијата на Дарко Антоновски (Community Pictures).
Исто така огромна поддршка во реазлизацијата на кампањата даде и дава Two Hearts продукцијата.

Средствата од Фондот преку отворен повик за доделување грантови ќе бидат доделени на граѓански организации кои работат на ова поле, инситуции кои обезбедуваат психо-социјална поддршка на жртвите на сексуална злоупотреба, како и директно на семејствата на жртвите. Одлуката за доделување на грантовите ќе биде донесена од страна на Комисија составена од претставници од граѓански организации, бизнис секторот и јавни личности. Во Комисијата учество ќе земат претсавници од компании чии донации се најголеми, овие компании истотака ќе можат да дадат препораки за тоа каде и како да се употребат средствата.

 

 

Новата реконструирана македонска влада

Собранието на Република Македонија на 10 јули со 77 гласа „за“ и нуту еден против и воздржан, ја избра новата Влада, на Република Македонија на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Владиниот кабинет на премиерот Никола Груевски брои 21 министер, од кои тројца вицепремиери, 15 ресорни министри и тројца министри без ресор од коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграции.
Премиерот Груевски во своето експозе подвлече дека пред две години на истата оваа говорница порачал дека патот до подобриот живот и до Европа мора да се изоди и да се одработи, бидејќи не постои покус пат, ниту успеси преку ноќ, тоа, додаде, претходната Влада и го докажа во текот на изминатите две години со новиот пристап во политиката.

Никола Груевски
Според Груевски за неполни две години покажале „што значи поинаков пристап во политиката и поинакви политичари. Што носи посветеноста и деноноќната работа на Владата. Што значи одговорност и отчетност на луѓето кои ја добија честа да бидат министри и носители на важни државни функции. Покажавме, и покрај сите потешкотии и опструкции со кои се соочувавме, дека Македонија може да се развива и да бележи позитивни резултати во секој сегмент на општеството, дека може забрзано да чекори кон прогресот и подобрата иднина“.
Единствениот начин со кој може да се осигура континуитетот на ваквите процеси и развојот, рече Груевски, е да продолжиме со преродбата, првенствено во економскиот, а потоа и во секој друг аспект на животот, со што ќе се обезбеди повисок стандард  и подобар живот за граѓаните, посилни национални и духовни вредности и подобра меѓународна позиција.

 

Кабинет со тројца вицепремиери, 15 ресорни и 3 министри без ресор

 

Никола Груевски

Никола Груевски, премиер - магистер по економиски науки, за претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран во мај 2003 година. Во периодот декември 1999 - септември 2002 година беше министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски. Претходно од 1998-1999, беше министер без ресор и министер за трговија, како и гувернер на Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој - ЕБОР.

Во 2003 година беше ангажиран за советник на министерот за финансии на Србија преку проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетот на српското Министерство за финансии и пренесување на искуствата од земјите во транзиција во Србија. Од 2005 година е потпретседател на Евроатлантскиот совет на Македонија.

Владимир Пешевски

Владимир Пешевски
вицепремиер
за економски прашања -

е дипломиран електротехнички инженер и студиите ги завршил на Електротехничкиот факултет на Скопскиот универзитет во 1993 година. Во 2001 магистрирал деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, на Сити колеџ во Солун. Досега беше генерален директор и партнер на SEAF South Balkan Fund. Член е на првиот избран состав на Бордот на директори на Американската стопанска комора во Македонија. Член е и на Националниот совет

Васко Наумовски

Васко Наумовски вицепремиер за евроинтеграции - дипломирал меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, магистрирал на Рајнскиот универзитет „Фридрих Вилхјелмс“ во Бон, Германија, а магистрирал и на Правниот факултет во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија. Во 2008 година докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Живко Јанкуловски

Елизабета Канческа Милевска, министер за култура- доаѓа од местото државен секретар во култура. Дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации“. Активно работи на својата докторска дисертација

Габриела Коневска

Иво Ивановски, министер за информатика - кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ќе раководи со новото министерство за информатичко општество. Магистар по компјутерски технологии, Франклин Универзитет Колумбос, Охајо САД. Дипломиран инженер по компјутерски технологии Охајо Стејт Универзитет Колумбус, Охајо САД. Од 2006 година беше директор на ИКТ одделението.

Имер Алиу

Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планиеања-магистер по општа медицина на Медицинскиот Универзитет - Софија и специјализација по Општа хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје. Работел во Здравствен дом во Гостивар, потоа во медицинскиот Центар и на Хируршки Клиники - Универзитетски Клинички Центар во Скопје.

Имер Алиу

Абдилаќим Адеми, вицепремиер за спроведување на рамковен договор - дипломиран инженер по металургија, Политехнички Факултет во Тирана. Од 2002 до 2006 година беше пратеник во Собранието.

Лазар Еленовски Неждет Мустафа министер без ресор - диполмиран професор по филозофија. Градоначалник на Општина Шуто Оризари бил еден ипол мандат од 1996 до 2002 година, и два мандати во Собранието од 2002 до 2008 година. Гордана Јанкуловска Гордана Јанкуловска - министерката за внатрешни работи , дипломирала на скопскиот Правен факултет, а магистрирала во Велика Британија на насоката меѓународно комерцијално право. Беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Михајло Маневски Михајло Маневски - министер за правда , досега долги години работел во обвинителството, потоа советник во владата од 1994 до 2000 година, кога е именуван за заменик на јавниот обвинител на Македонија. Од 2002 година е избран за член на антикорупциската комисија, чиј претседател беше од 2005 година. Трајко Славевски Зоран Ставревски - министер за финансии , дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Скопје доаѓа од позиција во Светската банка, каде што од февруари 2006 година е водечки економист за развојни политики во одделението за Операциони политики и услуги за земјите-членки.
Имер Селмани

Хади Незири, министер без ресор - со звање електро инженер се стекнал на Факултетот во Косовска Митровица. Од 1994 до 2006 година бил управник на ХЕЦ-Равен. Од 2006 беше пратеник во Собранието. 

Миле Јанакиески Миле Јанакиески - министер за транспорт и врски , дипломирал менаџмент и бизнис-администрација на Американскиот колеџ во Солун во 2001 година. До изборот за министер беше генерален директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Имер Селмани Бујар Османи, министер за здравство - асистент по предметот Хирургија при Медицинскиот факултет од Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје, од 2004 година е на постдипломски студии, а од 2006 година е  на специјализација по Општа хирургија, исто така на Факултетот во Скопје. Антонио Милошоски Антонио Милошоски - министер за надворешни работи , е дипломиран правник. Во 2002 година ги завршил магистерските студии по евроинтеграција при универзитетот Фридрих Вилхелм во Бон, Германија.
Никола Тодоров

Никола Тодоров, министер за образование- е дипломиран правник и студиите ги завршил на Скопскиот универзитет. Од септември минатата година е член на Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје. Во 2002 бил приправник на истражен судија во Основен суд Скопје 1. Во 2006 година бил директор на АД ГТЦ-Скопје и советник - заменик-директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ, а на раководната функција во скопскиот Катастар беше од октомври 2007 година.

Зоран Коњановски Зоран Коњановски - министер одбрана , дипломиран машински инженер. Од јуни 1999 година вработен во ЈП Стрежево - Битола како одговорен инженер за одржување хидромеханичка опрема.
Илирјан Беќири Џелал Бајрами, министер за труд и социјална политика - дипломиран правник со положен правосуден и адвокатски испит. Бил приправник во Основен Суд Куманово од 2003 до 2005 година, потоа една година работи како професор во средно Економско училиште во Куманово, а потоа како правник во ЈП „Македонија пат„. Од 1 јануари 2008 година работи како адвокат. Љупчо Мешков

Муса Џафери, министер за локална самоуправа - диполомирал економија на Универзитетот во Приштина, а од 1992 до 1995 година бил на усовршување по економија на Универзитетот во Цирих и на специјализирани студии на Академијата за педагодија на возрасни (Андрагогија) во Луцерн. Шест години работел како независен педагог за возрасни во образовни институции во Луцерн, Цирих. Од 2002 до 2006 година беше вицепремиер за спроведување на Рамковсниот договор.

Љупчо Димовски Љупчо Димовски - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство , е дипломиран економист, експерт во областа на менаџментот, банкарството, финансииите, надворешно-трговското, комерцијалното и царинското работење.Бил директор во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Советник-координатор за комерцијално работење во „Ball Packagin Europe - Belgrade“, а од август 1998 до мај 2004 год. генерален директор на „Електронска индустрија - Скопје“ Имер Алиу

Веле Самак, министер без ресор - дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго. Магистрирал од областа на бизнис-администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија. Во новиот владин кабинет доаѓа од менаџерска позиција во Мајкрософт.

Ацо Спасеноски

Фатмир Бесими , министер за економија, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а докторирал на Универзитетот Стафордшир, Велика Британија. Од август 2003 - ноември 2004 година беше вицегувернер на Народната Банка, а од 2004 до 2006 година министер за економија. Од ноември 2007 работи во Светската Банка во Приштина.

   

 


ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
-1
Утре
-2
Задутре
-1
Скопје
Денес
1
Утре
-1
Задутре
2
Крива Паланка
Денес
-2
Утре
-2
Задутре
1
Берово
Денес
-4
Утре
-3
Задутре
0
Штип
Денес
2
Утре
1
Задутре
2
Гостивар
Денес
-2
Утре
-3
Задутре
-1
Велес
Денес
-1
Утре
-1
Задутре
0
Демир Капија
Денес
-2
Утре
2
Задутре
3
Дебар
Денес
-5
Утре
-3
Задутре
-4
Прилеп
Денес
-1
Утре
-1
Задутре
1
Гевгелија
Денес
4
Утре
3
Задутре
5
Охрид
Денес
1
Утре
1
Задутре
2
Битола
Денес
0
Утре
-1
Задутре
2
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.