|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.3.9.2010
|
|
|
|
| Архива на Економија :: вкупно 1477 вести :: |
|
следен>....
последен>|
|
Чешки новинари ќе се запознаваат со македонските туристички потенцијали
Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Чешки новинари од денеска до осми овој месец ќе престојуваat во Македонија со цел поблиску да се запознаат со нејзините туристички потенцијали. Новинарите од Чешка ќе ги посетат Охрид, Струга, Галичица, Маврово и Скопје. Посетата е организирана од економскиот промотор на македонската Агенција за странски инвестиции за Чешка и Словачка, Данчо Видов, и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на земјата.
повеќе
|
|
|
| |
Бордот на директори на Македонија 2025
Образованието и новата технологија клучни за успешна економија
Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Македонија да вложува во образование и во нова технологија ако сака да биде силна и успешна економија, а напорите да ги насочи не само кон привлекување инвестиции, туку и кон отворање нови пазари со цел поголем извоз, порачаа денеска членовите на Бордот на директори на Македонија 2025 Мајк Зафировски, Емил Христов, Роберт Арсов, Алекс Кормушов и Митре Кутановски.
повеќе
|
|
|
| |
ПОЛУГОДИШНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ПОЛОШИ ОД ЛАНИ
Македонските фирми бавно излегуваат од рецесијата
Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Полугодишните извештаи ги потврдија стравувањата на компаниите дека македонската економија брзо ќе излезе од кризата. Тие пријавуваат намалена продажба, намалена добивка, а некои и зголемена загуба во однос на првиот квартал од 2009 година. Малку фирми можат да се пофалат со позитивен резултат и со раст на профитот, што е резултат на драстичните мерки за справување со кризата, манифестирани преку кратење на трошоците и оптимизација на производството.
повеќе
|
|
|
| |
НОВА УСЛУГА НА УЈП
Електронски увид во даночната картичка за правните лица
Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Правните лица од денеска можат електронски да направат увид во својата даночна картичка. Управата за јавни приходи оваа услуга им ја нуди бесплатно со поднесување образец до институцијата од која ќе добијат код за нејзино користење. Во моментов оваа услуга е достапна за оние даночни обврзници кои веќе се регистрирани и ја користат услгуата електронско поднесување даночна пријава. Од 60-те илјади за кои е достапна оваа услуга заклучно со 31 август ја користат близу 5.000 правни лица. Од Управата посочуваат дека како и во изминатиот период ќе работат оваа услуга да ја прифатат што поголем број даночни обврзници.
повеќе
|
|
|
| |
Тргна возот на државни вработувања
Скопје, 01 септември 2010 (МИМ)
Советник за промоција, соработник за истражувања, советник за седници на влада, како и таков за стручно оперативна поддршка на затворени седници, помлад соработник за работи поврзани со министерот и што ли уште не. Се’ ова е потребно во и онака прегломазниот државен апарат, барем според објавените огласи.
повеќе
|
|
|
| |
Кованиците не ги засакаа, книжната десетденарка победи
Скопје, 01 септември 2010 (МИМ)
Се враќаат ли повторно во игра само книжните десетденарки? Што стана со проектот за кованите пари? Иако речиси две години во оптек функционираат и книжните и кованите десетденарки, а се очекуваше дека во меѓувреме кованите ќе ги заменат книжните, според последниот меѓународен оглас за јавна набавка, Народна банка на Македонија бара фирма, која во наредните три години ќе печати банкноти во апоени од 10 денари.
повеќе
|
|
|
| |
Потпишан Меморандум
Македонија и Занаетчиската комора Кобленц од Германија ќе соработуваат
Скопје, 31 август 2010 (МИМ)
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами во рамки на посетата на СР Германија, потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Занаетчиската комора Кобленц за совладување на невработеноста. Меморандумот од страна на Занаетчиската комора Кобленц го потпишаа претседателот Вернер Витлих и извршниот директор Александер Баден.
повеќе
|
|
|
| |
Промоција на вината на Езимит во Торонто
Скопје, 30 август 2010 (МИМ)
Во Банкет салата на црквата Свети Климент Охридски во Торонто викендов се одржа претставување на вина од продукцијата на винаријата Езимит од Штип. Пред неколку стотини присутни беа претставени повеќе видови вино на Езимит. Овој производител е на добар пат да добие лиценца за пласман на своите вина на многу атрактивниот и високо конкурентен канадски пазар. повеќе
|
|
|
| |
Еконимијата заздравува, но бавно
Скопје, 27 август 2010 (МИМ)
Економијата заздравува но бавно. Гувернерот Гошев пред пратениците ги сумираше показателите за лани, ги соопшти проекциите за годинава. Ризици за домашната економија има.
„Еден од ризиците е динамиката на зголемување на бруто надворешниот долг иако веќе е на прилично зголемено ниво. повеќе
|
|
|
| |
Формиран Економско-социјалниот совет
Скопје, 26 август 2010 (МИМ)
Трите социјални партнери следната недела ќе дискутираат дали да се скрати работната недела од 40 на 32 часа, како и дали да се субвенционира половина од платата на работниците што се испратени на принуден одмор. Овие и другите предлози на синдикалците и на работодавците би требало да се разгледуваат на првата седница на Економско-социјалниот совет, кој вчера и официјално се формира по повеќемесечни одложувања.
повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
следен>....
последен>|
|
|
|
|