Skip to content

Здружение на бегалците од Егејска Македонија “Беломорци“ од Свети Николе

Академија „Единство за подобро утре“

Академија „Единство за подобро утре“

02.10.2023

Во организација на Здружението на бегалците од Егејска Македонија БЕЛОМОРЦИ од Свети Николе, вчера, во големата сала на Општина Свети Николе се одржа панихида и свечена академија во рамките на Шестата светска средба на децата бегалци и 75 годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Во црквата “Свети Никола“ во селото Нова Мездра, со почеток во 8.00 часот, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Иларион Митрополит Брегалнички, свештеници на МПЦ-ОА одржаа панихида за починатите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Во големата сала на Советот на општина Свети Никол, со почеток во 10.00 часот, се одржа Акдемија на тема “75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и населувањето на бегалците во Ерџелија, Нова Мездра и други населени места во општина Свети Николе“.
Присутните на академијата ги поздрави Ѓорѓи Питов, претседател на Здружението на бегалците од Егејска Македонија БЕЛОМОРЦИ од Свети Николе.
Пригодни обраќања на академијата имаа претседателот на Неговото Високопреподобие архимандрит Никодим од Егејскиот дел на Македонија, проф.д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик и литература, Антонио Петков доктор по историски науки, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН Александар Јаневски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, и претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова“ од Штип Стојан Димков.
На академијата присуствуваа Дејан Владев градоначалник на Општина Свети Николе, Валерија Ивановска претседателка на Советот на Општина Свети Николе, Бошко Цветковски градоначалник на Општина Лозово, Благица Ласовска пратеничка во Македонското собрание и прота ставрофор Зоран Мицевски.
error: Content is protected !!