Skip to content

Македонска заедница во САД

11-ти фестивал на македонската кујна 2023

11-ти фестивал на македонската кујна 2023

19.09.2023

Во организација на Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј“ од Сидер Гроув, Њу Џерси, овој викенд на 16 и 17 септември се одржа традиционалниот 11-ти Фестивал на Македонската кујна 2023.
Голем број на Македонци на своите штандови понудија богат избор на јадења и десерти од традиционалната македонска кујна и се разбира голем број на македонски сувенири домашни ракотворби. Доминираше семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа.
Неколку стотини Македонци уживаа во богатата понуда на традиционалната македонската кујна и во македонските ора и песни.
Забава имаше и за повозрасните и за најмладите, кои имаа свое катче до детските играчки.
Пред присутните настапи и Културно-уметничкото друштво при МПЦО “Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув.
Задоволството кај сите беше големо за присуство на овој 11-ти Фестивал на Македонската кујна 2023 и речиси сите изразија желба да присуствуваат на овој прекрасен традиционален фестивал и наредната 2024 година.
error: Content is protected !!