Skip to content

Коста Ангелков одликуван со Орден на Австралија

Коста Ангелков одликуван со Орден на Австралија

13.06.2023

Коста Ангелков од Перт, Западна Австралија е одликуван со Орден на Австралија по повод роденденот на кралот Чарлс трети. Ангелков орденот го доби како признание за неговата доброволна работа во Македонската заедница од 1955 до денес. Ова е големо признание за Коста Ангелков, за неговата фамилија, но и за Македонската заедница во Австралија.
Ангелков е роден во 1934 година во селото Д’мбени, Костур, Егејска Македонија. На 14 годишна возраст бега од Македонија за да се спаси од војната во Македонија. На 22 години доаѓа во Перт, Австралија и веднаш станува член на Македонската заедница.
Од 1955 год до денес Ангелков девет години бил претседател на Македонската заедница од Западна Австралија, три години потпретседател, секретар, член на Управниот комитет, член на Одборот за градење на црква, член на Македонскиот комитет за социјална заштита, член на Македонскиот православен црковен хор, потпретседател на Советот на етничките заедници на Западна Австралија…
Од 1950 до 1960 година Ангелков е прв човек во Западна Австралија на компанијата Transformers Pty Ltd и 30 години бил директор во Bridgeton Pty Ltd.
error: Content is protected !!