You Are Here: Home » Книга

Книга

СВЕТОТ НА ДЛАНКА

Славе Николовски-Катин.

image001

Книгата „Светот на дланка“претставува животен мозаик на нашиот познат новинар, преведувач и публицист Славе Николовски-Катин. Неговите текстови се објавувани во повеќе домашни и странски списанија, весници, така што истите претставуваат творечки патоказ на авторот во кој е содржан 50-годишен творечки опус на неговите 50 публикации.
Во оваа книга која се претставува пред македонската јавност и пошироко се објавуваат 40 репортажи од сите поважни земји, места, градови и точки на австралискиот, американскиот, европскиот и азиско-африканскиот континент, при што особено се претставени земјите во кои живеат Македонци од сите делови на Македонија.
Затоа, со право се вели дека содржината на овие репортажи ни го открива богатството не само на континентите, туку и пишаниот збор на авторот.Тој преку репортажите ни ја презентира историјата на државите, на градовите, личностите, интересните збиднувања во минатото и сегашноста во места кои за читателот ќе претставуваат големо богатство на пишан збор и опис на сето она што авторот го видел и го доживеал во своите патувања .Оваа публикација особено е значајна, бидејќи е јубилејно – педесетто издание на авторот, почнувајќи од неговото прво издание „Англиско–македонски лимнолошки речник“ објавено во 1986 година, па до сегашниот наслов „Светот на дланка“.
Авторот Славе Николовски-Катин го познавам повеќе од три и пол децении и сум имал можност да прочитам повеќе негови дела. Особено внимание сум посветил на оние дела во чии редови е опишана судбината на народот во нашиот егејски дел на Македонија, на нашата македонска емиграција, на Македонската православна црква и неговиот светоглед низ патувањата кои претставуваат скапоцено пишано богатство .

1
Со оваа книга ,„Светот на дланка“ сметам дека авторот ги заокружува своите новинарски предизвици кои ги имал како новинар и публицист, и ми причинува големо задоволство да бидам еден од рецензентите на овие прекрасни патописни репортажи преку кои ме запозна со многу држави, градови и места во светот.
Таму каде што има повод и простор, тој се фокусира и на отворањето страници од македонското минато од антиката па до денес, со силни афирмативни пристапи и акценти на името, идентитетот, духовноста, културата, традициите, обичаите и достоинството, на библиските корени на својот род, кој денес век векува на сите континенти на планетата. Како и на постојаната битка на Македонците по светот против провокациите, присвојувањата, негациите и заканите.
Авторот патувајќи низ Франција, Италија, Шведска, Америка, Канада, Австралија, Русија, Израел, Ватикан, и други земји, тој, всушност, овековечува личности и настани, градови, места и држави, што е вредносен систем на напишаниот збор во овие 424 страници на мојот неуморен пријател Славе Катин.
Во репор¬тер¬ските записи во делото „Светот на дланка“ кај Славе Катин доаѓа до израз чув¬с¬т¬вто за детаљ, како по¬себ¬на одлика. Сето тоа на¬ве¬ду¬ва на заклучокот дека тој е ре¬портер со енциклопедиски поз¬на¬ва¬ња и инфор¬мବции за земјите, кои несебично ги пренесува на ч謬¬та¬телската публика во Македонија.

Ставре Џиков

© 2012 Матица на иселниците од Македонија - Сите права ги задржува МИМ

Scroll to top