
Почитувани сонародници
Амбасадата на Реп. Македонија во Швајцарија известува дека, по прекинувањето на издавање пасоши во амбасадите на РМ во април 2007 год. (причина беше процедурата со биометриските податоци) постои повторно можност за поднесување барање за издавање пасоши во некои амбасади на РМ меѓу кои што е и амбасадата на РМ во Берн. Дипломатско-конзуларните претставништва каде што можат да се поднесат барањата, добија инструкции пробно да почнат да собираат податоци за државјаните на РМ кои би поднеле барање за издавање пасоши во овие ДКП-а
Мобилната екипа на РМ ќе престојува во Амбасадата во Берн
во сабота и недела, 11 и 12 април 2009, а ќе работи од 9 до 17 часот
Само врз основа на позитвно исвестување од МВР за секое барање поединечно, Амбасадата ќе го потврдува терминот и точниот час за доаѓање во Амбасадата. Без потрврден термин од Амбасадата странките не треба да доаѓаат, бидејќи или квотата за тој месец е исполнета или според известувањето на МВР не се исполнети некои законски услови за издавање нов пасош (неутврден државјански статус, непријавен брак - промена на презиме, во меѓувреме сторено кривично дело и сл.)
Рокот за пријавување (по факс или телефонкси) за првата посета на мобилната екипа е понеделник 23.03.2009 год. По исполнувањето на квотата од 60 подносители на барања, нема да се земат во предвид понатамошните барања и тие ќе бидат ставени на листата за следната посета на мобилната станица во Берн.
За повеќе информации како можете да го доставите Вашето барање, Ве молиме да кликнете овде

Македонски дипломатски претставништва во Австралија
» 1. Амбасада на Република Македонија во Канбера на адреса: 74 Banks Street, Yarralumla 2600, Canberra, ACT, info@macedonianemb.org.au; www.macedonianemb.org.au; Телефон (02) 6282 6220; факс: (02) 6282 6229, амбасадор Виктор Габер. Амбасадата е надлежна за сите сфери на соработка меѓу Република Македонија и Австралија;
» 2. Генерален конзулат на Република Македонија во Мелбурн на адреса: Level 7, 49, St. Kilda Road, Melbourne, VIC, macedonianconsul@hotmail.com, тел: (03) 9867 2200, факс: (03) 9867 2299, в.д. генерален конзул Саво Сибиновски. Генералниот конзулат е надлежен за постапување по предмети во Викторија, Јужна Австралија, Северна Територија и Тасманија;
» 3. Почесен конзул на Република Македонија во Перт, PO BOX E 6156, Girrawheen WA 6064, coseski@tpg.com.au; Тел: (08) 9282 0765, моб: 040 10 22238. Почесниот конзул Зоран Ќосески е надлежен за развој на соработката меѓу Република Македонија и Западна Австралија, со особен осврт на економската и културната соработка;
» 4. Почесен конзул на Република Македонија во Сиднеј, Ангус Макензи, на адреса: Corpac Partners Pty Limited, Level 39, The Gateway Building, 1 Macquarie Place, Sydney, NSW 2000, Angusс.Mackenzie@corpac.com.au Тел: (02) 8220 8118 факс: (02) 9028 7278. Почесниот конзул Макензи е надлежен за развој на соработката меѓу Република Македонија и Нов Јужен Велс, со особен осврт на економската и културната соработка.
Конзуларен ден во Аделејд
Генералниот конзулат на Република Македонија во Мелбурн известува дека на 4 и 5 април 2009 год. за потребите на македонската заедница во Јужна Австралија, ќе одржи конзуларни денови во Аделаид.
» Конзуларниот ден на 04. 04. 2009 год. ќе се одржи во Македонскиот културен центар на адреса 142-148 Crittenden Road, Findon, од 11,30 до 13,00 часот.
» Конзуларниот ден на 05. 04. 2009 год. ќе се одржи во Ottoway Community Centre на адреса: Cnr Jenkins & Grand Junction Road, Ottway, од 11,30 до13,00 часот.
Заинтересираните лица кои имаат потреба од конзуларни услуги можат да се јават во Генералниот конзулат на Република Македонија во Мелбурн на тел. (03) 9867-2200 од Понеделник до Петок од 10,00 до 15,00 часот со цел да се информираат за потребната документација која треба да ја имаат за време на одржување на конзуларните денови во Аделаид.
Генерален конзул: Саво Сибиноски
АМБАСАДА НА Р. МАКЕДОНИЈА ВО КАНБЕРА
ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛАТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН
СООПШТЕНИЕ
Генералниот конзулат на Република Македонија во Мелбурн и Амбасадата на Р. Македонија во Канбера известуваат дека започнуваат со изготовка на списоци на македонски државјани со престој во Австралија кои сакаат да аплицираат за нови македонски биометриски пасоши.
Заинтересираните македонски државјани кои имаат намера да аплицираат за новите македонски биометриски пасоши, можат да се јават во Генералниот конзулат во Мелбурн на тел. (03) 9867-2200 односно во Амбасадата во Канбера на тел. (02) 6282-6220, секој работен ден помеѓу 10:00 и 15:00 часот, при што ќе биде неопходно да ги достават следните лични податоци: име и презиме, матичен број и по можност доколку поседувале македонски пасош неговиот број. Укажуваме дека освен носителите на истекнати македонски пасоши, исто така можност за алицирање за новите македонски биометриски пасоши имаат и носителите на важхечки македонски пасоши кои сакаат да извршат замена на старите важечки со нови биометриски пасоши. Можност за аплицирање имаат и сите македонски државјани кои имаат доказ за државјанство на Република Македонија а кои досега не поседувале македонски пасоши (уверение или решение за македонско држхавјанство, важхечка или истекната плава лична карта на Република Македонија како и истекнат или важечки македонски пасош).
Со оглед на тоа што во Генералниот конзулат и во Амбасадата се уште не е инсталирана потребна опрема за издавање на новите биометриски пасоши, предвидена е преодна фаза според која екипа од Р. Македонија во наредните месеци кје допатува во Австралија со потребна опрема за земање на биометриските податоци на апликантите (сликање, отисоци од прсти и електронски потпис), по што пасошите ќе бидат изработени во Р. Македонија и дополнително ќе им бидат врачени на апликантите.
Генералниот конзулат во Мелбурн и Амбасадата во Канбера дополнително ќе известат за точниот датум на пристигнување на екипата од Р. Македонија односно за можноста за непосредно аплицирање за македонски пасоши во Генералниот конзулат во Мелбурн и Амбасадата во Канбера. Аплицирањето ќе се спроведува врз основа на претходно изготвените списоци на апликанти, со тоа што нивните податоци ќе подлезхат на претходна проверка од надлежните органи во Р. Македонија.
Цената на пасошите изнесува 180 долари за лица до 27 години односно 310 долари за лица над 27 години.
За поблиски информации заинтересираните можат да се обратат на горенаведените телефони на Генералниот конзулат во Мелбурн и Амбасадата во Канбера.
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА КУЛТУРА
ВО ПУЛА И ИСТРА 2009

Здружението „Кочо Рацин“ на Македонците во Пула ја прошируваат манифестацијата „Денови на македонската култура во Пула и Истра“ чија цел е Македонците во Истра да ги прикажат македонските културни вредности пред жителите на овој регион во Хрватска. Манифестацијата треба да започне на 20. март 2009 и да се одвива во наредните два месеци, со низа културолошки случувања, соработки, гостувања и размени на содржините со другите МКД.
Манифестацијата започнува на 20 март, со почеток во 16 часот, со средбата на предавачите од Ријека, проф. д-р Горан Калоѓера и проф. д-р. Васил Тоциноски со домаќините в.д.ректорот проф. д-р Роберт Матијашиќ и водителот на отсекот Кроатистика во Пула проф. др. Горан Филипи.
По средбата ќе се одржи Симпозиум (17 часот) со теми:
“Јазикот како културна, етничка, политичка и слободарска одредница на народите соочени со глобализацијата, оспорувањата, иредентата и другите засегања во прашањата од пресудно значење, предавач проф д-р Горан Калоѓера и Значењето и делокруг на работата на Лекторатот и Лекторот по Македонски јазик за јазичната култура и книжевноста, предавач проф. д-р Васил Тоциноски.
Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и книгата „Мозаик на опстојноста” од Ратко Димовски во издание на МКД „Кочо Рацин“ од Пула. Книгата ќе ја промовира проф. Васил Тоциноски
Манифестацијата „Денови на македонската култура во Пула и Истра“ ќе завршат со традиционален излет „Ден на Кирил и Методи” на 25 мај со МКД „Илинден” од Ријека до Алејата на Глагољашите во Роч и Хум.
Председател на МКД
Зоран Петровски
СОБРАНИЕТО НА МЕЃУНАРОДНАРА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЦЕВИ ДЕНОВИ“
ВЕ ПОКАНУВА
ПО ПОВОД 137 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЖИВКО А. ПОПОВСКИ ЦВЕТИН
ИЗЛОЖБА
„ЦВЕЌЕ НА МИРОТ ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ
НА ЕВРОПА “

Живко А. Поповски Цветин е роден во 1944 година во с. Брезово, Р. Македонија. Завршил студии на Земјоделскиот факултет во Белград, Р. Србија. Бил претседател на Црвениот крст на Р.Маквдонија, претседател е на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции" Гороцвет". Сликарството му е големаљубов уште од најрани години. Во изминатите 25 години главен мотив му е цвеќето, кое со неговата убавина прерасна во симбол на мирот Станува збор за сликар и хуманист кој речиси целокупното свов творештво во повеќе од две децении му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основна порака:" На светот му се потребни мир, храна и солидарност".

Над 30 000 слики " Цвоќиња на мирот " досега се подарени и се наоѓаат во многу колекции на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, разни хуманитарни организации и здруженија и тоа:
Мајка Тереза, Кофи Анан, М. Горбачов, Џорџ Буш, Џон Мејџор, Хелмунт Кол, Л. Скалфаро, Иво Санадер, Вили Брант, Жак Ширак, Г. Шредер и др., поети: Десанка Максимовиќ, Андреј Вознесенски, Фатос Арапи, Сретен Перовиќ, Јуре Каштелон, Ферид Мухиќ, X. X. Падрон, Т. Ружевич, Генадиј Ајги. Тед Хјуз, Ежен Гилвик, Пауло Куељо, Блажв Конвски, музичарите: Рвј Чарлс, Би Би Кинг, Џони Логан, Здравко Чолиќ, Тереза Кесовија, Борис Трајанов, Симон Трпчевски, Милка Ефтимова, Ричард Гир и др.
Досега Поповски има организирано над 300 изложби во земјата и странство, меѓу кои во Полска, Германија, Шведска, Канада, во САД во 1986 год. на Универзијадата во Загреб (Хрватска), 1987, во Белград (Србија), 1989 год., во Њујорк во ООН 1990, во Сан Ремо (Италија) 1995 год., Романија 1985 год. и др.
Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов" 52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН" во 1997 година по повод годишнината на ООН.
За неговата досегашна активност во мисијата на мирот Македонскиот центар за култура и развој од Скопје, покрвна иницијатива Живко А. Поповски Цветин да биде номиниран за Нобелова награда за мир за 2009 година, при што доби голема поддршка од институции и истакнати поединци ( универзитетски професори, академици, писатели, амбасадори исл.).
Живко А. Поповски Цветин е голем љубител на спортот. Затоа во повеќе наврати тој организира изложби и им подарува" цвеќиња на мирот" на истакнати спортски работници и клубови.
На "Универзијадата 87" во Загрвб тој ги подари сите 30 слики што беа изложени во хотвлот "Интернационал " за најуспвшнитв спортисти и спортски работници (Прима Небиола, X. А. Самаранч и др.), при што доби златен медал како донатор.
Свои слики" Цвеќиња на мирот", Поповски им подарн на екипи и поединци на Балканските првенсгва :то сеодржуваа во нашата земја во фудбал, шах и ватерполо, на репрезентативците на Англија во фудбал, како и на истакнати спортисти од повеќе спортови и на слортски новинари.
Поетска вечер во организација на здружението на Македонците од Врање
„Видело“
-награда за Шеќеровски, најдобриот македонски поет во дијаспората

Во организација на НИУ Македонски инормативни издавацки центар, д.о.о. Панчево и здружението на Македонците “Гоце Делцев” од Врање, а во склоп на манифестацијата “СЕБЕ СИ ВО ПОХОД”, на 28 ноември, во Врање се одржа поетска вечер со македонски автори од Србија - Душица Илин, Виктор Шеќеровски и Мирце Клечкаровски; поетите од Македонија - Петко Дабески од Тетово и Христо Петрески од Скопје; и врањските поети - Милица Стојковиќ, Веселинка Стојковиќ и Жикица Димитријевиќ. Организатор и директор на манифестацијата беше Мирче Клечкаровски, председател на здружението “Илинден” од Суботица.
Поетската вечер беше одржана во просториите на Народниот универзитет Врање и истата наиде на одлична посетеност од граѓаните на Врање кои со аплаузи ги наградуваа сите поети и поетеси.
Посебни гости на вечерта беа: Игор Андонов, заменик на Градоначалникот на град Врање, Слободан Стаменкович, председател на Собранието на град Врање; и Зоран Антиќ, подпредседател на Собранието на Врање.
Господинот Слободан Стаменковиќ со многу топли зборови се обрати на сите присатни и изкажа верување дека во најскоро време ќе дојде до подобрување на односите на нашите две држави, Република Србија и Република Македонија.
На поетот Виктор Сецеровски, добитникот на “Иселеничката грамота - 2008” , директорот на МИУ Македонски информативни центар и на списанието “Македонска виделина” г-динот Сречко Анѓелковски, му врачи посебна награда “Видело” како најдобар македонски поет во дијаспората.
Како посебно да нагласиме дека се дојде до идеја за братимење на здруженијата “Гоце Делцев” Врање и “Илинден” од Суботица и за средба на сите македонски здруженија од Србија во Палиќ.

Од издавачката дејност на Литературното друштво „Григор Прличев“:
Промоција на две книги од Иван Трпоски
Душан Ристевски
Во просториите на Емигрантскиот центар во Рогдаел (Сиднеј), на 28 ноември, беа промовираа книгите „Зад синиот бран“ и „Спасе Трпоски - живот и дело“ од писателот Иван Трпоски кој подолги години работи и живее во Сиднеј.
Книгата „Зад синиот бран“ ја промовираше Катарина Ципушева, предавач при Катедрата по македонски студии во Универзитетот Маквари во Сиднеј. Таа даде една обсежна анализа на застапените песни кои се избор од досегашните збирки поезија издадени од овој автор. Изборот на песните беше направен од проф. д-р Науме Радически и преставува еден 30 годишен творечки опус на Иван Трпоски.
За книгата „Спасе Трпоски - живот и дело“ говореше Душан Ристевски, претседател на Литературното друштво „Григор Прличев“. Тој истакна дека преку животот и делото на патриотот Спасе Трпоски, еден од најактивните македонски политички дејци во Австралија, кој одигра клучна улога во формирање на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ и организирање на првиот референдум за независност на Македонија, се дознава нешто повеќе за политичките струења и печалбарскиот живот на Македонците во Австралија.
Поезија од книгите рецитираше Жаклина Михајлова-Учителката. Исто така авторот Иван Трпоски се престави со колаж на фотографии од средбите што ги имал со познати творци во Македонија.
Иван Трпоски е најобјавуван македонски автор од дијаспората. За последните 30 години тој објавил петнаесет наслови, воглавно поезија, за што и бил награден со „Иселеничката грамота“ (Скопје,1995) и „Македонско златно сонце“ за литература и култура(Сиднеј, 2004). Негова поезија е застапена во повеќе антологии во Македонија и Австралија како на македонски така и на англиски јазик.
МКД ОХРИДСКИ БИСЕР Загреб
Културна манифестација
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ЗАГРЕБ



Семакедонска средба во Пустец-Мала Преспа, Албанија
На 20 октомври во Пустец, Мала Преспа во Албанија се одржа семакедонска средба. Во Мала Преспа се расправаше за положбата и правата на Македонците во дијаспората, но и во соседните земји и за проблемот со македонскиот идентитет.На средбата беше истакнато дека уставното име на Македонија, што како најсуштински дел од македонскиот идентитет е длабоко поврзано со јазикот и културата на Македонците, нема легитимитет никој да го смени.
Македонското прашање не би смеело да постои, како што нема грчко, бугарско и албанско прашање. Историската одговорност за името на државата ја носат Македонците во матичната земја и посебно функционерите, но и етничките Македонци во соседните земји и дијаспората.
„За нас ние го искажавме ставот, одржавме и мирен протест дека освен Македонија, да не постои друго име и да се прекинат било какви разговори во тоа прашање“, рече Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец.
„Ниедна држава нема право да и каже на друга држава како да се вика“, изјави Виктор Фридман, балканист и славист во САД.
Македонците во Албанија тврдат дека и да се промени името, нема да се смени грчката политика спрема македонскиот народ. Тие исто така сметаат дека правата што ги имаат Македонците во Албанија немаат еднаков реципроцитет со правата што ги имаат Албанците во Република Македонија.
-Главна цел, ние е да внесеме наш претставник во албанскиот парламент исто како што усвоивме да освоиме и едно градоначалничко место, вели Ефтим Митрески, претставник на Македонска алијанса од Албанија.
Во Пустец беше промовирана книгата „Македонците во Викторија“ од Ицо и Роберт Најдовски, посветена на Македонците во Австралија и во етничка Македонија.
Во Пустец, во девет села живеат повеќе од 5.000 Македонци со единствениот градоначалник од македонска партија во Албанија.




ЗАЕДНИЦА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Чест ни е да ве поканиме на културната манифестација
ДЕН НА ЗАЕДНИЦАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ
ВИ РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Недела 12 октомври 2008. во 18.00 часот
Чешка беседа Загреб, Шубиќева 20 Загреб
Настапуваат
МКД Охридски бисери - Загреб
МКД Браќа Миладиновци - Осјек
МКД Кочо Рацин - Пула
МКД Илинден - Ријека
МКД Македонија - Сплит
МКД Билјана - Задар
Покровител:
Совет за национални малцинства при Влада на РХ
Фолклорни, музички инструментални и рецитаторски ансамбли, етно работилници, кулинарски специјалитети
С е р а д у в а м е н а в а ш е т о п р и с а с т в о


ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СМК ПЕТРОВ ПРЕД МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЕЛГРАД
Скопје 1 октомври 2008 (МИМ)
- Ви го пренесуваме во целост излагањето на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров на Изборното собрание на Македонското здружение Кочо Рацин во Белград одржано на 29 септември 2008 година во зградата на општина Палилула, Белград.
“Почитувана госпоѓо Демниева, почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, почитувани дами и господа, Ваши екселенции,
Во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, кој претставува прва и единствена меѓународна невладина, непартиска и непрофитна организација формирана на 12 јануари 1899 година во Женева, Швајцарија, и во името на Матицата на иселениците од Македонија Ве поздравувам, Ви носам топли и искрени поздрави од Македонците од целиот свет и Ви посакувам плодна и успешна работа.
Белград е ризница на македонската интелектуална елита, во Белград според некои статистички податоци живеат околу 300.000 Македонци од времето на поранешна СФРЈ и од времето пред тоа и жалосно е што не е така, а треба, Белград да биде авангарда на Македонците во Србија, Македонците во Белград да бидат авангарда во креирањето на вкупните македонско-српски односи и на унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Србија.
Апелирам на семакедонско единство, помирување и обединување. Бидете лојални граѓани на Србија, какви што отсекогаш сте биле, но никогаш не заборавајте дека Вашите корени се во Македонија, лулката на македонската цивилизација, на писменоста, христијанството и првославието во Европа. Афирмирајте ги македонската култура и историја, македонското културно-историско наследство, зборувајте го македонскиот јазик, негувајте ги македонските традиции, обичаи и народна музика и секогаш придржувајте се на Гоцевата мисла: Светот го препознавам како поле за културен натпревар меѓу народите, не само како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација, на македонската цивилизација како основа на современиот културен глобализам, што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам како интеграција со унификација и асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се до нивна физичка елиминација и ликвидација.
На 9 август 2008 година во Скопје се одржа Осуманесеттото Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгерс, на кој присуствуваа претставници на македонските организации од речиси целиот свет. Меѓу седумдесетина Македонци од целиот свет, највисокото светско семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор во Србија им беше доделена на Лидија Демниева и Гојко Илиевски. Ве повикувам, повелете, предлагајте кандидати од Србија, не само Македонци по потекло, туку и пријатели на Македонија и македонскиот народ, за да им оддадеме должно внимание и семакедонска почит со животно признание за нивното дело.
На 20 септември 2008 година во Пожаревац се одржа Изборно собрание на Македонската заедница во Србија.
Сакам да го задржам Вашето внимание на една тенденција која загрижува, а е во основа на односите меѓу македонските здруженија и Македонската заедница во Србија од една страна наспроти Националниот совет на Македонците во Србија.
Иако мандатот на Националниот совет на Македонците во Србија од четири години, конституиран на 11 декември 2004 година во Белград, истекува на 11 декември 2008 година, на последната седница на Собранието на Македонската заедница во Србија на 20 септември 2008 година во Пожаревац, кај дел од претставниците на македонските здруженија од Ниш, Панчево и Лесковац кои преку Националниот совет на Македонците во Србија оствариле определени привилегии, надвладеа убедувањето дека Националниот совет како наводно државен орган, што воопшто не е точно, не одговара пред македонските здруженија и Македонската заедница, дури ја проблематизираа и целисходноста од постоењето на Македонската заедница во Србија.
Иако Собранието на Македонската заедница во Србија на седницата во Пожаревац понуди Резолуција за односите меѓу Македонската заедница во Србија и Националниот совет на Македонците во Србија, Одлука за распоред на мандатите за електори за Електорското собрание и на членовите на Националниот совет на Македонците во Србија, Роковник за конституирање на Националниот совет на Македонците во Србија за периодот од 11 декември 2008 до 11 декември 2012 година и Критериуми за кандидатите за електори и за членови на Националниот совет на Македонците во Србија, на барање на претставниците од македонските здруженија од Ниш, Панчево и Лесковац, овие предлози без одложени за наредна седница на Собранието на Македонската заедница во Србија.
Поради тоа, некои работи сакам да ги пренесам денес и пред Вас, затоа што Македонците во Белград не можат да останат индиферентни на една злоупотреба на Законот за националните малцинства и на овластувањата на Националниот совет на Македонците во Србија, што ги влошува вкупните односи и состојби меѓу Македонците во Србија.
Имено, Македонската заедница и Националниот совет не се конкурентски, паралелни или партнерски организации.
Националниот совет не е здружение на граѓани или сојуз на здруженија на граѓани, ниту може да формира здруженија на граѓани или сојузи на здруженија на граѓани како негови експозитури на територијата на Србија.
Националниот совет не може да се монополизира од Македонците во една општина или округ, или во неколку села, туку треба да ги претставува Македонците од целата територија на Србија, ако според ништо друго, тогаш барем според резултатите од последниот попис на населението по окрузи.
Националниот совет не може да биде замена на Македонската заедница во Србија.
Националниот совет не е државен орган на Србија.
Националниот совет нема надлежности да распишува избори и самиот да се реизбира.
Националниот совет е само и ништо повеќе од тоа, претставничко тело на Македонците во Србија кои организирани во македонските здруженија обединети во Македонската заедница во Србија, преку него, со статус на правно лице, ги артикулираат своите интереси пред власта и буџетот на државата Србија, остварувајќи право на самоуправа во областа на образованието и информирањето на македонски јазик, заштитата и афирмацијата на македонската култура, службената употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и други прашања утврдени со Законот за националните малцинства, политичките, верските, економските, социјалните и други права и слободи.
Само македонските здруженија обединети во Македонската заедница во Србија имаат право и иницијатива да евидентираат кандидати за електори и да иницираат собирање на потписи од Македонци по потекло за електорите во постапката утврдена со Закон.
Само Македонската заедница треба да евидентира кандидати за членови на Националниот совет, така што бројот на електорите и на членовите на Националниот совет по окрузи пропорционално да одговара на бројот на Македонците по потекло по окрузи, според резултатите од последниот попис на населението. Распоредот на мандатите на електори и на членовите на Националниот совет мора да се врши во Македонската заедница во Србија, а не во Националниот совет на Македонците во Србија.
Кандидационата постапка, односно евидентирањето на кандидатите за телата на Електорското собрание и на Националниот совет треба да се спроведува во Македонската заедница, што подразбира и кандидати за претседател, потпретседател и секретар на Националниот совет.
За жал, иако електорите ги номинираа македонските здруженија и Македонската заедница во Србија во 2004 година, конституираниот Национален совет поради составот на електорите од неколку села во Панчево го одрази составот на мнозинство на членовите на Националниот совет само од еден округ, што овозможи монополизирање на Националниот совет и на неговиот буџет од 100.000 до, според некои извори фантастични 400.000 евра годишен приход, од малкумина, со силно изразени непотистички врски и финансиски малверзации.
За да иронијата биде поголема, определен број на членови кои се во мнозинство на Националниот совет иницираа формирање на нови сервилни здруженија, за да во обидот повторно да бидат реизбрани со електори преку нив и повторно да располагаат со буџетот на Националниот совет на Македонците во Србија и во наредниот мандатен период од 11 декември 2008 до 11 декември 2012 година, да ја елиминираат легитимната Македонска заедница во Србија и македонските здруженија обединети во неа, со изјави дека постојат иницијативи за формирање на нова Македонска заедница, што би ја формирале истите членови на Националниот совет кои сакаат да останат на власт и во наредниот мандатен период.
Почитувани браќа и сестри,
Одговорноста е Ваша, да ги преземете сите мерки, наредната седница на Собранието и Извршниот одбор на Македонската заедница да ги разгледа актите кои беа симнати од дневниот ред од Собранието на 20 септември 2008 година и активно да спроведете собирање на 100 потписи за електор, што повеќе електори 20-30, за да Белград надвладее во составот на Електиорското собрание и на Националниот совет на Македонците во периодот 2008-2012 година, буџетот на Националниот совет врз основа на проекти на македонските здруженија од целата територија на Србија да биде во функција на сите Македонци во Србија.
Честитки за избраните и желби за успешна работа.
Светскиот Македонски Конгрес Ви стои на располагање за соработка, размена на искуства и информации, за меѓусебна координација, во интерес на Македонија и македонскиот народ, во интерес на Македонците каде и да се.
И за крај, посветете сериозно внимание на политичкото организирање на Македонците во Србија, на остварувањето на политичките права и верските слободи, на формирањето на македонски православни црковни општини во Србија и борете се и изборете се за Вашите права и слободи. Разликите не се причина за дезинтеграции, за страв, за етничка мимикрија, туку повод за интеграции, бидејќи во тоа е богатството на човековата цивилизација во светот, во тоа е богатството на Србија како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество.
Ви благодарам на вниманието и нека Господ Бог ве благослави Вас Македонците, нека Господ Бог ги благослови Србија и Македонија и макдеонско-српското братство. Амин!“


Време е да прекинете со вашата тврдоглавост, незнаеме со
која цел барате нешто што не е ваше, незнаеме до кога и до каде ке стигнете,
но веруваме не многу далеку затоа што ние сме веќе одамна свесни, а сега
и потполно спремни да се спротивставиме и доволно моќни да уништиме се
што ни пречи.По природа сме мирен народ, но не и наивен и нема да дозволиме
историјата да се повтори...
Спремни сме во секое време да одговориме и виртуелно и реално.Нашите напади
ќе станат почести доколку не ја смените вашата политика, а многу добро
знаете што треба да сторите...
Сватете го ова како совет за подобра иднина и подобри меѓусоседски односи...
ПОЗДРАВ МАКЕДОНЦИ!!!
Braindmged
greeks will never learn the true history... Tell ur history teachers to
stop brainwashing u... and l2read history books and facts. btw have u
ever looked in ur mirror and said.. do I have something incommon with
ancient greeks and ancient macedonians.. hmm I would say no.. u have are
more like turkish-tatar origins, country made from Great Britain after
the WW2
You cant change your GRIK history re yeefti malakas, your pseudo nation
created in 1821 from an Ottoman Province with an Albanian capital city
and a population of Turk-fertilised mongrelised part Albanian part Slav
part Vlach part? Gypsy peasants
Stealing the
name GREECE which NEVER EXISTED as a country before 1821 does not give
you the right to claim you are remotely related to the ancient GREEK city
state civilisations, most of whos cities are in present day TURKIYE
in 1907 it registered a population of 2,600,000. After it conquered Macedonia
and exchanged populations with Turkey, its population tripled. In 1928
Greece registered 6,200,000 people. 1,100,000 of them were Christians,
refugees from Asia Minor.
The name "Greece"
was imposed on the modern Greek Kingdom by the Great Powers Britain, France
and Russia. Modern Greeks call themselves Hellenes Ellines and their state
Hellas Ellas
.







ПОКАНА
37-та Светска Македонска Иселеничка Средба – Трново 2008
На 2 август, на Илинден, во битолското село Трново, Mатицата на иселениците од Македонија и Светскиот Македонски Конгрес ќе ја одржат 37-та Светска Македонска Иселеничка Средба. На средбата ќе присуствуваат висока владина и собраниска делегација, како и градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Се очекува присуство на повеќе илјади Македонци од сите делови на Македонија.
Средбата ќе ја благослови Неговото Високопревосвештенство господин Петар, митрополит преспанско-пелагониски, а присутните ќе ги поздрават претставник на Владата, пратеникот Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Битола, Владимир Талески и претседателите на Матицата на иселениците од Македонија, Иван Џо Петрески и на Координативнотот тело на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, Ташко Јованов.
Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот македонски конгрес ќе упатат пораки од Македонците во светот до Владата за: репатријација, поволни услови за инвестирање во татковината, остварување на безусловно право на македонско државјанство и на избирачко право за Македонците во светот, унапредување на положбата и правата на Македонците со исламска религија, признавање на македонското национално малцинство во областа Гора на Косово, склучување на македонско-грчки договор за траен мир и добрососедство со регулатива на граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните македонци од Беломорскиот дел на Македонија и граѓанските и човековите права и слободи на Mакедонците по потекло во Грција.
Ќе биде приредена и богата културно уметничка програма, а ќе настапат културно-уметничките друштва „Гоце Делчев“ од Скопје и „Пенка Котеска“ од Прилеп, како и вокалните интерпретатори Ани Малинкова, Ванчо Тарабунов, Сирма, Ристо Краповски, Ирена Спасовска, Софија Кочовска, Марија Димовска и Лилјана Стоилковска од Шведска.
По официјалната програма се организира општонародна веселба.
Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот македонски конгрес упатуваат јавна покана до сите иселеници од Македонија, до сите македонци во Републиката, заеднички да ја споделиме радоста на Денот на државноста на Македонија на 2 август на Свети Пророк Илија, во подпелистерско Трново, на најголемата Светска Македонска Иселеничка Средба-Трново 2008.






МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА
ВО ШВАЈЦАРИЈА
МИРНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ПРЕД ООН ВО ЖЕНЕВА НА 20 АПРИЛ
20 април 2008 година, Женева, Швајцарија
- Во организација на македонските
заедници, друштва и црковни општини во Швајцарија, Матицата на Иселениците
од Македонија и Светскиот Македонски Конгрес, на 20 април (недела) годинава
пред зградата на Обединетите Нации во Женева, Швајцарија, одржаа мирни
демонстрации за одбрана на името и осуда на грчкиот геноцид врз македонскиот
народ.
Македонците во Швајцарија ги осудуваат
грчкото вето и притисокот што грчката влада го врши врз Македонија за
промена на државното име, - се вели во јавниот повик од организациониот
одбор пред зградата на ООН во Женева.
- Ги повикуваме Македонците од цела
Европа пред Обединетите Нации, единствени, да побараме Светската организација
да се ослободи од заложништвото на грчкиот наци-фашизам и да го спречи
грчкиот геноцид врз македонскиот народ, - изјави претседателот на организациониот
одбор за мирните демонстрации, Хари Сековски.
Мирните демонстрации започнаа со
собирање од 10.00 часот, а протоколот се одвиваше од 12 до 15 часот. Македонска
делегација во Обединетите Нации се предаде Декларација за одбрана на името
Македонија и Меморандум за грчкиот геноцид врз македонскиот народ.
Декларацијата за одбрана на името
Македонија и Меморандумот за грчкиот геноцид врз македонскиот народ на
македонски, англиски, германски, француски и италијански јазик беше прочитани
пред Обединетите Нации во Женева.
Македонските мирни демонстрации ги пренесуваа повеќе швајцарски и светски
медиуми.
Над Женева за време на мирните демонстрации
прелета авион со лента-транспарент за одбрана на името Македонија и осуда
на грчкиот геноцид врз македонскиот народ!
За секакви информации сите заинтересирани
Македонци, македонски заедници, друштва и црковни општини во цела Европа
можат да се јават на телефон + 41 79 451 70 59.

РАЗДВИЖЕНА МАКЕДОНСКА
ДИЈАСПОРА

БЕЗ
НИКАКВИ ДОДАВКИ ВО УСТАВНОТО ИМЕ
Собирот со едногласна одлука им порача на Владата и на Собранието на Р.
Македонија дека несмеат да дозволат никаква промена во името пред и по
самитот во Букурешт.
Македонската дијаспора од Австралија,
Америка, Канада и пошироко од европските земји за последните месец-два
се чести гости во сите пишани И тв-медиуми во Македонија и пошироко во
светот, каде се јавуваат со свои “Отворени писма” и “Резолуции” до најодговорните
политички фактори во Р.Македонија, во кои се изразува поддршката кон владата
и претседателот на државата да издрзат под големиот грчки и меѓународен
притисок за не променување на уставното име на државата-Република Македонија,
без никакви други придавки или отстапки.
Иако знаеме, и сме свесни дека ние
надвор од татковината не сме сите стручни и квалификовани за оваа проблематика,
но свесни сме дека било каква промена во името на Р.Македонија ќе биде
од катастрофални и невидени последици по државата и по нашиот национален
идентит . Ова повеќе го потенцирам знаејќи ја крајната цел на Грција која
веќе не е тајна дека нејзината крајна цел е нејзиниот северен сосед, Македонија,
по можност да исчезне од географската карта за да може слободно да дише
со заграбениот плен од Македонија со фамозниот Букурешки договор од 1913
г.
Во една таква напната и жива атмосфера
во понеделникот на 31 март 2008 во преполнетата сала при Македонскиот
културниот центар “Илинден” во Рокдаел во организација на Егејската македонска
асоцијација за Австралија се одржа јавен собир со кој раководеше г-дин
Мик Веловски, се донесе следната Резолуција:
AEGEAN MACEDONIAN ASSOCIATION
OF AUSTRALIA
P.O.Box 179 Ramsgate NSW 2217 Sydney-Australia
R E S O
L U T I O N
The Aegean Macedonian of Australia
unanimously brought forward a resolution in support of the Macedonian
institutions that protect the name Macedonia. The executive Council of
the Macedonian Aegean Association of Australia has brought forward the
following Resolution in support of the Macedonian political institutions
that protect the name “Macedonia” in the dispute with Greece.
Our members and the Council unanimously agreed to this Resolution to be
forwarded to the following bodies;
To:
The President of the Republic of Macedonia
The Premier of the Republic of Macedonia
The Government of the Republic of Macedonia
The Parliament of the Republic of Macedonia
The Parliament of Europe
The United Nation of the world
The Greek Government
We Macedonians [Australian citizens and non citizens] people our total
support to the Macedonian political institutions in their struggle to
defend our just historical claims and heritage. They are not for sale
or negotiable under any circumstances what so ever.
No one has the right to change the
names, language or the culture of our country. Macedonians stand united
on this and on all other political institutions which struggle to safe
guard this vital stand.
We strongly oppose Mathew Nimetz’s
one sided recommendations we feel they are inconsiderate, ill-conceived
and designed to deprive the Macedonian People of their identity for the
sake of satisfying the hypocritical uncivilized attitudes of Greece often
referred to as “The cradle of democracy”.
In the year 1995 the United Nation
forced Macedonia to alter it’s institutions so it could be accepted under
the provisional name “Former Yugoslav Republic Of Macedonia”. This was
a catastrophic human right error. This not only humiliated the Macedonian
People it also created monstrous precedent and broke it’s own character.
We demand that the United Nation take steps to correct this historic error
by accepting MACEDONIA by it’s rightful constitutional name,
THE REPUBLICE
OF MACEDONIA
Instead of negotiating the name
of a sovereign and independent country the Greek Government to;{1} look
inside it’s One state and recognize the Macedonian minority, a minority
which has been denied even the most basic human rights . {2}Allow the
Macedonian people to speak their One Macedonian language, have their schools,
return the Macedonian names of villages, cities, rivers, lakes, mountains,
etc, allow Macedonian political representatives in parliament. {3}Allow
the ethnic Macedonian war refugees, especially the ones from 1946-1949,
to return to their homes to resume their normal life like all citizens
of Greece.
Once again we strongly confirm our
united support to everyone who protects our name and proclaim that together
we will stand strong even though we live in every part of the globe.
Our support is strong, true, unbending
as it has been from many generations in the past, it will continue to
grow stronger because we are very proud to be called MACEDONIANS. If Macedonia
is not admitted into NATO under its constitutional name, we wish to register
our strongest request that the GOVERNMENT OF MACEDONIA break all talks
and negotiations with GREECE on the subject of the name and return to
the U.N.
We are proud citizens of Australia,
We are very proud of our ETHNIC back ground. We do not seek any thing
that’s not ours all we want is equal rights, human rights for all the
people in this world.
From the Macedonians in Sydney,
N.S.W. Australia
President Mick Velovski
Secretary Atanas Strezovski


СООПШТЕНИЕ
од прес-конференцијата на СМК и МИМ
Скопје, 31 март 2008
Со цел одбрана на името Македонија и осуда на грчкиот геноцид
врз Македонскиот народ кој кулминира со барањето за промена на името на
Македонија на самиот на НАТО во Букурешт под уцена со грчко вето за влез
во НАТО, Светскиот Македонски Конгрес и Матицата на иселеници од Македонија
организираат "Марш на молкот" без пароли и говори на 2 април
среда, со собирно место пред Владата на Македонија во 19 часот. Маршот
ќе се движи по улиците "Даме Груев", "Димитрија Чуповски"
и "11 Октомври" а ќе заврши пред Собранието на Македонија најдоцна
до 21.00 часот каде што учесниците на Маршот ќе ги остават запалените
свеќи во знак на помен на жртвите на грчкиот геноцид и апартхејд врз македонскиот
народ. Запалени свеќи ќе оставиме и пред споменикот на Децата бегаци во
Жена Парк, како геноцид врз деца што е преседан во светската историја.
Светскиот Македонски Конгрес
и Матицата на иселеници од Македонија повикувааат на масово и достоинствено
присуство на Маршот на молкот, а пожелно е секој да понесе свеќа со себе.
Светскиот Македонски Конгрес
и Матицата на иселеници од Македонија се оградувааат од можни инциденти
на поединци и групи надвор од предвидената маршута на движење и програма
на Маршот.
Првата порака од Маршот на молкот
е предупредување до собранието, претседателот и Владата на Македонија
дека нивниот мандат за името на државата е определен од референдумот за
самостојна и суверена држава Македонија без додавки и придавки од 8 септември
1991 година кој во согласност со членот 73 став 4 од Уставот на Македонија
е задолжителен, и дека независно од одлуката во Букурешт, а во случај
на покана за НАТО, во согласност со членот 120 од Уставот на Македонија
претходно мора да се одржи референдум за пристапување на државата Македонија
во НАТО.
Во услови кога нема договор од двете страни за разликата за името, евентуалното
гласање во Собранието за кој и да е предлог на медијаторот Метју Нимиц,
ја вовлекува земјата во уставна криза, затоа што е во спротивност со задолжителниот
референдум од 8 септември 1991 година.
Втората порака од Маршот на молкот
е апел до меѓународната заедница, до Обединетите Нации, Европската Унија,
НАТО, Советот на Европа и ОБСЕ, до сите слободољубиви народи и држави
во светот да го осудат, изолираат и елиминираат грчкиот наци-фашизам и
расизам, геноцид и апартхејд врз македонскиот народ, врз Македонците во
Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција, врз Македонците во државата
Македонија, врз Македонците во целиот свет.
Грчкиот антимакедонизам е пострашен
и поагресивен од антисемитизмот, пострашен е од наци-фашистичкиот холокауст
врз Евреите.
Македонија и македонскиот народ
се жртви на грчкиот геноцид и апартхејд и затоа Светскиот Македонски Конгрес
и Матицата на иселеници од Македонија бараат осуда на ова злосторство
против човештвото, осуда на агресивниот грчки антимакедонизам врз еден
од најстарите народи во Европа и светот.
Светскиот Македонски Конгрес и Матицата
на иселеници од Македонија ќе предадат Меморандум за грчкиот геноцид врз
македонскиот народ и Декларација за одбрана на името Македонија во архивите
на Собранието, Претседателот и Владата на Македонија, како и до Обединетите
Нации, Европската Унија, НАТО, Советот на Европа и ОБСЕ, и постојаните
земји членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Доколку Атина стави вето за прием
на Македонија во НАТО, или Македонија не добие покана за членство во НАТО
во Букурешт поради името на државата, Светскиот Македонски Конгрес и Матицата
на иселеници од Македонија од Владата бараат веднаш и безусловно да ги
прекине разговорите за државното име и со писмена нота да го извести генералниот
серкетар на Обединетите Нации дека државата Македонија го продолжува своето
членство во Обединетите Нации под единственото историско име Македонија,
со можна употреба на уставната референца "Република", без латинична
транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик "The Repoblic
of Macedonia", со меѓународниот код МК односно МКД. Уставната референца
"Република" е јасна дистинкција од истоимената северна грчка
провинција, односно Егејскиот дел на Македонија, која Атина за првпат
во својата историја ја окупира на 31 октомври 1912 година, откога спроведува
систематски геноцид и апартхејд врз македонскиот народ до денес.
Од Службата за информирање
на
Светскиот Македонски Конгрес и
Матицата на иселеници од Македонија



Грешките од минатото не смеат да
се повторат
Апел од Заедницата на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД до Владата
на Република Македонија и македонскиот народ
29.03.2008 Швајцарија - Заедницата
на Македонските Друштва во Швајцарија – ЗМД апелира до Владата на Република
Македонија, до сите политички и граѓански партии и здруженија како и до
целиот македонски народ за единствен став за задржување на името Република
Македонија. Грешките од минатото не смеат да се повторат. Бараме истрајност
во преговорите а не паника пред самитот во Букурешт, порачуваат друштвата
од Швајцарија.
Со референдумот од 8 септември 1991
година граѓаните на Македонија со апсолутно мнозинство се изјаснија за
самостојна и суверена држава со име Македонија. Ако одлука на референдум
може да се промени само со нова одлука на референдум, се прашуваме зошто
особено деновиве во Македонија од сите страни се нудат разни варијанти
околу името Македонија. Ситуацијата е јасна: Не е во прашање замена на
референцата „ПЈРМ„ (во ООН) туку се работи за трајно решение за името
на државата Македонија. Само граѓаните на Македонија, вклучувајки ја и
дијаспората, имаат право да носат одлуки за промена на името на државата
преку референдум.
Не ние, туку сите оние кои сакаат
да ни наметнат нешто друго треба да се запрашат зошто Грција и понатаму
упорно настојува да го убеди светот во својот речиси параноиден став околу
името Македонија. Уште во декември 1991 година Македонија ги исполни услвите
според Комисијата на Конференцијата за Југославија на Европската Заедница
да биде самостојна држава со името Македонија. Тогашен цитат од Советот
на Европската Заедница за признавање на новите држави во Источна Европа
и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, според која што
„употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии
кон друга држава„.
Македонија покажа добра воља и направи
низа отстапки, сега е редот на Грција.
И НАТО и Европа имаат интерес Македонија
да влезе во нивно членство. Условите за членство во НАТО И Европската
Заедница не стојат во никаква релација со името Македонија. Затоа Македонија
мора и понатаму да продолжи со реформите за исполнување на условите за
равноправно членство во НАТО и Европската Заедница. Реформите не се само
задача на Владата на Република Македонија туку и на секoј граѓанин на
Република Македонија.
Со почит,
Заедницата на Македонските
Друштва во Швајцарија – ЗМД
Македонка Мајер
Претседател


Ферид
Мухиќ ќе учествува на
македонската
поетска манифестација во Шведска
Гетеборг, 28 март – Познатиот македонски
филозоф, писател и публицист д-р Ферид Мухиќ ќе биде гостин на културната
манифестација Ден на македонската поезија во Шведска што ќе се одржи на
29 март во Македонското друштво “Кочо Рацин” во Борос.
Оваа традиционална манифестација,
единствена од таков вид во редовите на македонската дијаспора во Западна
Европа, годинава го одбележува својот 20-годишен јубилеј. Покровител на
манифрестацијата е Македонскиот сојуз во Шведска, а во изминатите две
децении како гости од Македонија учествувале низа истакнати автори, меѓу
кои Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел,
Трајан Петровски, Светлана Христова-Јоциќ, Ристо Јачев, Веле Смилевски,
Милован Стефановски, Гордана Михаилова-Бошнаковска, Раде Силјан, Зоран
Анчевски. Оваа манифестација во изминатите години имаше значајна улога
и во унапредувањето на шведско-македонските литературни врски и соработката
меѓу писателските асоцијации на двете земји.
Во рамките на годинашното поетско
читање е највено учество на даваесетина поети од редовите на македонската
заедница во Шведска, како и неколкумина шведски автори и писатели од редовите
на други етнички заедници. Централно место во програмата ќе му биде посветено
на годинашниот гостин д-р Ферид Мухиќ за чие творештво ќе зборува поетот
и литературен критичар Ивица Челиковиќ.


С О О П Ш Т Е Н
И Е
Македонското литературно
друштво “Григор Прличев” во соработка со Службата за ментално здравје
од St George и новоформираниот Австралиско македонски театар од Сиднеј
за Македонците во Сиднеј ја презентира театарската престава
СТРАВ И
СРАМ
од Душан Ристевски во режија на Зоран Лозевски
* Оваа драмска престава е огледало
на животот на едно македонско семејство кое се соочува со повеќе предизвици.
* Ова е психолошка драма исполнета со емоционални набои и семејна динамика
за трагедијата што го пропрати едно семејство во кое здравјето на децата
е поважно од се - поважно дури и од животот на родителите.
* Ова е драма што секое македонско семејство треба да ја види бидејќи
ќе ни помогне да го победиме стравот и срамот од непознатото.
* Драмата е едукативна и возбудлива за гледање преку која многу луѓе ќе
си ги преиспитаат своите особини и навики.
Улогите ги толкуваат: Васко Србиновски,
Олга Николовска, Кире Тошевски, Тони Глигуровски, Соња Божиновска, Марија
Кочовска, Митра Недановска-Нешковска, Николче Цветковски, Пеце Зенговски,
Соња Зенговска и Александар Чакоски.
Преставите ќе се одржат на 11-ти,
12-ти, 13-ти , 18-ти и 19-ти април во просториите на Македонскиот културен
центар “Илинден” во Рогдаел. Картите се продаваат по цена од $15 за возрасни
и $10 за студенти и пензионери.
Со карти ќе можете да се снабдите
преку: Kings Court Deli и Balkan Oven Bakery во Рогдаел; Izvor Deli во
Бенкстеон и Македонската библиотека во Анклиф.
За повеќе информации ќе можете да
се јавите кај Душан Ристевски на тел. 9567 6500 или 0425231335.



РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Н. У. АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ ,, ТАНЕЦ ,, SKOPJE
Ул. „Венјамин Мачуковски„ бр. 7, 1000 Скопје
REPUBLIC OF MACEDONIA
N. I. ENSЕMBLE OF FOLK DANCES AND SONGS "TANEC" SKOPJE
"Venjamin Macukovski" – 7, 1000 Skopje
Tel. +3892 2461021; Fax: +3892 2460112;
e-mail: tanec@tanec.com.mk www.tanec.com.mk
Голем одѕив на гостувањето на Ансамблот
“Танец” во Австралија
ОТКУПЕНИ ТРИНАЕСЕТ САЛИ
НА ПЕТТИОТ КОНТИНЕНТ
Во сите градови во Австралија, каде
што е најавено настапување на Ансамбллот за народни игри и песни на Македонија
“Танец”, е забележана досега невидена заинтересираност за концертите на
овој наш незаменлив амбасадор на македонскиот фолклоре, за што се откупени
дури 13 сали. Тоа е заедничкиот именител на информациите што пристигнуваат
деновиве во седиштетото на “Танец” во Скопје и од извори на организаторот
театарот ,,Бумеранг,, и Македонската етничка заедница на петтиот континент.
Дури во Сиднеј, за концертот на 29 февруари, “Танец” наместо во “Ред Росе
Рецептион” ќе настапи во поголемата сала “Марана холл”, што е направено
поради големата заинтересираност. Ова за “Танец-прес” го потврди господинот
Мише Автаровски, директор на Македонскиот театар “Бумеранг” од Мелбурн,
кој со помош на спонзорите е организатор на ова трето по ред гостување
на “Танец” во оваа прекуокеанска земја, кое го финансира Министерството
за култура на Република Македонија.
Според програмата, Ансамбллот “Танец” за Австралија ќе отпатува на 11
овој месец, а од 14 февруари веќе почнува со концертната активност, која
ќе трае до 2 март годинава во градовите: Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Бризбен,
Њукастел и Перт со вкупно 12 концерти.
Директорот на “Танец”, Бошко Тренески, вели дека овојпат Ансамблот ќе
приреди посебно изненадување за нашите сонародници во Австралија. Ќе ги
изведе двете нови кореографии (Охридски и Битолски игри), кои по неодамнешната
промоција, професионалната критика во Република Македонија ги оцени со
одлини оценки. Исто така, на сцените во Австралија за првпат ќе настапи
вокалното женско трио со младата солистка, Елена Стевковска, чии високи
солистички квалитети веќе се крунисани со меѓународни признанија.
Ансамблот “Танец”, кој деновиве ги привршува подготовките за долгиот пат,
најмногу настапи ќе има во Мелбурн, каде што и Македонската етничка заедница
е најбројна. Пред Македонците од сите делови на Македонија и другите почитувачи
на македонскиот фолклоре во оваа метропола, “Танец” ќе се претстави дури
четирипати: на 15, 16 (двапати) на 17 и 18 февруари. Потоа, македонските
амбасадори на фолклорот ќе отпатуваат во Њукастл, каде својот концерт
ќе го приредат на 21 февруари. Следниот настап е предвиден во Волонгонг,
каде концертот е организиран за 22 истиот месец, а утредента “Танец” ќе
настапи во Сиднеј.
Според информациите, “Танец” на 24 февруари за првпат ќе настапи во Бризбен,
а потоа повторно ќе се врати во Сиднеј, каде што, поради големата заинтересираност
на нашите сонародници, ќе приреди уште два концерта - на 29 февруари и
на 1 март. Утредента, на 2 март, Ансамблот “Танец” ќе настапи во Перт,
каде што ќе ја заврши турнејата.
Ансамблот “Танец” во Австралија гостува по третпат. Меѓутоа, секоја наша
нова средба, вели директорот Тренески, со македонските сонародници ни
е посебно доживување. Нашите иселеници живеат далеку од татковината на
своето потекло, Македонија, но не само што не го заборавиле фолклорот
и другите традиции на своите предци, туку ги продолжуваат организирано.
И затоа тие средбите со “Танец”, исто така, ги доживуваат како да се во
Македонија, изјави г-динот Тренески, кој истовремено изрази голема благодарност
кон Министерството за култура за многу значајната поддршка во реализацијата
на ова гостување на “Танец” во Австралија..
“Танец”-прес
СООПШТЕНИЕ
Ансамбллот за народни игри и песни
на Македонија “Танец” на 11 февруари 2008 (во околу 13.30 часот) ќе отпатува
од Аеродромот “Александар Велики” кај Скопје за Австралија на своето трето
гостување меѓу нашите сонародници на петтиот континент. Пожелно е Вашата
редакција да го одбележи заминувањето на овие амбасадори на македонскита
фолклорна традиција и уметност на ова трето гостување во далечна Австралија.
Снимателите на телевизиите и фоторепортерите на печатените медиуми снимањето
на Ансамблот на Аеродромот можат да го извршат до 13 часот.
Доколку сте заинтересирани за пошироки информации и други материјали од
Ансамблот “Танец”, директорот Бошко Тренески Ви стои на располагање во
зависност од Вашето време и потреби.
Контакти: Тел. +3892 2461021; Факс: +3892 2460112;
е-маил: tanec@tanec.com.mk. www.tanec.com.mk
Бошко Тренески: 071 237-339 е-маил: b.trenevski@yahoo.com
“Танец”-прес
Avstralija 2008
Turneja na Ansambl "TANEC'' Avstralija 2008”
Termini, Gradovi, Sali
15 February - Melburn-Yan Yean,
South Morang 7.30pm
16 February - Melburn-Yan Yean,
South Morang 3.00pm
16 February - Melburn-Hrvatski centar
Sunshine 7.30pm
17 February - Melburn-Yan Yean,
South Morang 7.30pm
21 February - Newcastle-West Leagues
Club 7.30pm
22. February - Wollongong-Juliana’s
Reception 7.30pm
23 February - Sydney-Sutherland
Entertainment Centar 7.30pm
24 February - Brizban-Schonell Theatre
ST LUCIA 5.00pm
29 February - Sydney-Marana Hol
Hristvil 7.30pm
Mart - Sydney-Bankstown RSL Club
7.30pm
Mart - Perth-Makedonski Centar Ilinden
7.00pm
Avstralija 2008
Raspored na gradovi i nojkevanje.
Se pristignuva vo Melburn posle
polnojk izmegu 12 i 13 februari. Se spie vo Melbourne 12,13,14,15,16,17,i
18
- 7 nojki Se spie vo
Best Western Mill Park Motor Inn 4 zvezdi
14 The Link
Mill Park
19 Febr. Se patuva za Sydney
. Se spie vo Sydney 19, 20 Februari vo:
Meriton World Tower Apartments 5 svezdi
85 Liverpool Street (vo city)
Sydney,
21 Februari. Se patuva za Newcastle.
Se spie vo
West leagues hotel –The Executuve Inn- cnr Tauranga Road 88 Hobart Road,
New Lambton, 4 svezdi.
22 February Se patuva za Sydney.
Se spie 22, 23 Febr. vo Motor In –Princes Hwy Blaykhurst 3 zvezdi.
24 Se leta za Gold Coust. Se spie
24, 25, 26, 27, 28, Febr. vo Serfest paradise
Grosvenor Beachfront Apartments 4 zvezdi
Surfest Paradise-Gold Coust
29 febr. Se leta za Sydney. Se spie
29 Febr. i 1 Mart vo Motor In –Princes Hwy Blaykhurst 3 zvezdi.
2 Mart Se leta za Perth. Se spie
vo Holidey In Burswood -Casino Hotel 4zvezdi.
3 Mart. Se Leta za Makedonija


MAKEDONSKO KULTURNO DRUŠTVO ILINDEN 1903
SOIREE DECOUVERTE DES TRADITIONS MACEDONIENNES
EVENING DISCOVERED OF THE MACEDONIANS TRADITIONS
PROGRAMME DE LA SOIRÉE
PROGRAM EVENING
21 h 00
Ouverture de la soirée :
☼ Allocution de bienvenue du président de
l’Association « Ilinden 1903 »
☼ Présentation de la Macédoine (projection d’un film de … min)
☼ Projection d’une vidéo présentant le carnaval traditionnel du 14 janvier
pour la célébration de « l’ancienne » nouvelle année (stara nova godina)
( mn)
Opening of the evening:
☼ Welcoming speech of the president of Association “Ilinden 1903”
☼ Presentation of Macedonia (projection of a film of… min)
☼ Projection of a video presenting it traditional carnival of January
14 for celebration of “the old” news year (nova godina will stara) ( mn)
22 h 00
Danses traditionnelles :
☼ Danses traditionnelles avec le groupe « La Ronde » et la présence exceptionnelle
du chorégraphe « Sasko Anastasov et de son musicien. (30 min)
Traditional dances:
☼ traditional Dances with the group “the Round” and the exceptional presence
of choreographer “Sasko Anastasov and of its musician. (30 min)
22 h 30
Initiation aux danses macédoniennes :
☼ Le groupe « La Ronde » et le chorégraphe Sasko Anastasov vous initieront
au folklore macédonien traditionnel.
Initiation with the dances Macedonians:
☼ the group “the Round” and it choreographer Sasko Anastasov you will
initiate with the folklore Macedonian traditional.
23 h 00
☼ Danses traditionnelles libres avec la participation du public.
Mais aussi ...
Vous pourrez découvrir :
☼La gastronomie macédonienne
☼Les costumes traditionnels
☼ L’Art macédonien
☼ free traditional Dances with participation
of the public.
But also…
You will be able to discover:
☼La gastronomy Macedonian
☼Les traditional costumes
☼ Art Macedonian



|