1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Петок.10.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО
ГЛАСНОСТ

Повикување духови

Билјана Ванковска

Скопје, 09 февруари 2010(МИМ)
Вечерта, по завршувањето на првиот ден од онаа конференција за Демитологизација на 2001, бев на собир каде што ми пријде еден од нашите најпознати новинари на една од најгледаните телевизии (што поради Шехерезади, што поради дебати). Веројатно со малку погодена суета затоа што го бев споменала во една колумна, тој настапи со една бизарна провокација (барем јас така ја доживеав во моментот). На шега ми понуди портабл-опрема за снимање и заштитен шлем за да сум била подготвена за март. На мојот зачуден поглед, тој одговори дека како експерт за безбедност јас би требало да знам што ќе се случува наскоро. Бев пристојна да не кажам што мислам за предлогот, но знаев дека муабетов не беше случаен. Бубачката (или „патката“, ако претпочитате) е пуштена, а веројатно треба(ше) да бидам некој што ќе се навлече на нејзина анализа...


Но, за волја на вистината, ова не е нова работа. Уште од поодамна професори и експерти прогнозираа „опасност“ од евентуалниот застој во евроинтегративните процеси, т.е. „заложништвото“ во кое ние, Македонците, заради „нашите идентитетски“ проблеми сме ги ставиле нашите сограѓани, Албанците. Просто е неверојатно како лесно се демонизира цела популација: идејата беше и е дека Албанците треба да се перцепираат како луѓе подготвени за сé, а во фрустрирачка желба да си станат натовци или Европејци. Кога пред извесно време речиси коинцидираа писмото на Фазли Велиу и загрижените пораки на Фуере и Талер од Брисел, ме прашуваа во што е разликата меѓу овие два сигнала? Зарем не се сведуваат на едно исто - на гола закана!? Тоа е перцепцијата што се создава, а во безбедносните студии има една вистина - перцепциите имаат значење (перцептионс маттер) затоа што стануваат стварност во главите на оние што живеат со нив.

Деновиве работите стануваат појасни. Ако во 24 часа ми се јават 5-6 медиуми со исто прашање (за можноста од меѓуетничка ескалација), а сето тоа е поттикнато со „истражување“ на невладина организација, тогаш неизбежен е заклучокот дека машинеријата е во полн погон. Вклучувајќи ме и мене самата, која безуспешно се обидува да каже дека некој/некои намерно си играат со етничкиот џокер. Колку повеќе разубедувам, парадоксално, толку повеќе им давам тежина на ваквите наменски анализи! Дали е случајност тоа што фантомскиот НВО-центар за меѓуетничка толеранција и бегалци (сиц!) излегува со фрапантни наоди на само ден-два по повикот на „фронтот“ на Црвенковски, упатен не само до политичките актери, туку и до невладиниот сектор и независните интелектуалци (нешто како ССРНМ)!? И како му дојдоа, ко кец на десетка, наодите дека дури 70 отсто од граѓаните сметаат дека расте етничката нетрпеливост, и показатели што наводно можат да се споредат само со оние од 2001-та. Ако не се запрашате, лесно ќе ја голтнете јамката. Но ако прашате од каде сега излезе овој центар, можеби ќе се сетите дека господинов-истражувач е оној истиот што му обезбедуваше цензус на Црвенковски на денот на претседателските избори во 2004-та. Се сеќавате на СМС-пораките што ве разбудија, а за што подоцна се расправавме дали е прекршување на предизборниот молк, од каде се средствата за плаќање на услугите на мобилниот оператор? И така, изгледа повикот на отпор и преврат допре и до (за среќа само дел од) невладиниот сектор. Но доволно да ја отвори „дебатата“ за состојбата на меѓуетнички план.

Не е само опозицијата таа што си игра со огнот на незгаснатите страсти, предрасуди и трауми од 2001-та (и пред тоа) - тоа го правеше и сé уште го прави и владејачката коалиција. Уште во моментот кога се јави „генијалната“ идеја за црквата на плоштадот (и планираната џамија среде Тетово), во колумна предупредив дека тоа е ослободување на духот од шишето, во кое подоцна тој тешко ќе се врати (и кој сега како бумеранг ја погодува и власта). Спиралата на натпреварување на идентитетите се прелеа и на други полиња (енциклопедиски надмудрувања кој е постар од амебите, за сега да кулминира со проблемот со албанските првачиња). Деновиве слушнав одличен афиризам: кој со ѓаволот сади цркви - бере џамии! А во конфликтните спирали може и да е обратен редоследот, за на крајот да речеме ММ, кој прв почна! Ако се има предвид целината на сликата, смешни се насловите за власта што си игра со меѓуетничка пиротехника. Како што во 2001-та не фатија оружје обичните граѓани, кои беа попаметни од своите воени и политички лидери, така и сега им се сервира шизофрена ситуација - ем сме тамам за НАТО, сме исполниле Копенхашки критериуми, ама имаме два проблема. Името на едниот проблем е Грујо, а другиот проблем е името (на државата). Ама некој ве плаши од соседот (Албанец, Македонец, Србин итн.), зборува за растечка меѓуетничка недоверба, па и можна дестабилизација. И сега која е вистината? Или подобро: кој има интерес од дестабилизација и разгорување на страстите? Во сите истражувања на јавното мислење од реномирани институции, како УНДП на пример, со години граѓаните без оглед на етничката припадност се единствени. Суштествени проблеми се невработеноста, сиромаштијата, корупцијата - а меѓуетничките проблеми редовно се наоѓаа(т) на 5-то место. За разгорувањето на етничката нетрпеливост како главни виновници се посочуваат политичарите и медиумите. Сегашнава балканска крчма е уште поинтересна: сега имаме серија на „промотори на стравот“ (феармонгерс е така добар англиски збор за оваа братија)! Сите „привикуваат духови“... Оние од надвор, за наше добро, разбира се, нé убедуваат дека ако за 3-6 месеци не го решиме проблемот со името ќе си имаме внатрешни етнички судири. Овие од внатре имаат една единствена агенда, а таа се вика власт. За да бидат во топ-форма за евентуални избори (или преврат во стилот на „отпор“ и „фронтовска битка“) не е лошо да ги држат гласачите подгреани. Тогаш кога нема да имаат што да ви понудат за изборите, тука се или вашите соседи како потенцијални страшила, тука е уставот што пак треба да се менува (само прашање е како, милом или силом), а тука е и Ветената земја (ЕУ/НАТО) во која не можете да влезете само заради Грујо. Во земја што ја преживеа 2001-та, која гледаше серијал на Кондово 1 и 2, сé е можно! Сé е прашање на тоа кој пали и гаси. Единствено ме мачи тоа што не е можно да го видам овој глупав народ да ги „прочита“ сите овие што си поигруваат со него, злоупотребувајќи ги етничките идентитети на сметка на она што дефинитивно нé поврзува.

ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.