|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Среда.8.9.2010
|
|
|
|
| ЕКОНОМИЈА |
СПОРЕД СТАВРЕСКИ
Ќе излеземе од рецесија во првиот квартал
Скопје, 09 февруари 2010(МИМ)
Македонската економија ќе излезе од рецесијата во првиот квартал на оваа година, изјави министерот за финансии, Зоран Ставревски. Овој оптимизам тој го гради врз податоците од последните месеци на 2009 година кога во ноември индустриското производство оствари пораст од 4 проценти, а во декември кога индустриското производство се зголеми за 20 проценти.
-Очекувам во првиот квартал од оваа година македонската економија и формално да излезе од рецесијата и постепено ќе почне закрепнувањето. Веројатно до крајот на годинава, постепено ќе се зголемува тој раст, така што очекувам за целата година да оствариме пораст од најмалку два проценти - изјави Ставрески.
Тој не сакаше да коментира за колку ќе се намалат акцизите на старите возила кои ќе се увезуваат, но најави дека вестите за два-три дена ќе бидат поволни за граѓаните.
-Речиси се завршени анализите за акцизите и поради сензитивноста на пазарот не би можел да давам изјави за тоа какви ќе бидат решенијата - рече тој.
Околу намалувањето на каматите на кредитите, Ставрески објаснува дека сега треба и да се зголеми нивото на кредитирањето.
-Има неколку фактори што влијаат позитивно и кои влијаат за намалувањето на каматните стапки - намалувањето на референтната каматна стапка на Централната банка, но и новиот Закон за облигациони односи каде Владата ги намали за три процентни поени казнените каматни стапки за физички лица и за еден процентен поен за правните лица со што ги обврза комерцијалните банки да ги намалат и договорните каматни стапки. Секако и намалувањето на стапката на државните записи на Министерството за финансии за само 5 проценти со февруарската аукција - рече Ставрески.
|
|
|
|
|
|