|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.10.9.2010
|
|
|
|
| ЕКОНОМИЈА |
Руската нафтена компанија Газпром во Македонија?
Скопје, 8 февруари 2010 (МИМ)
По инвестицијата во Србија, се поголеми се очекувањата на Македонската Влада дека руската нафтена компанија Газпром ќе влезе и на македонскиот пазар. Компанијата се гледа како сериозен партнер во изградба на македонскиот гасоводен систем. Дека се очекува Гаспорм да учествува во изградбата на гасоводот, го потврди и Mинистерот за финансии Ставрески во интервју за руската новинска агенција Итар Тасс. Во него Ставрески вели: ,,Поаѓајќи од утврдениот проект на Владата за гасификација на Македонија, мислам дека е јасен интересот за соработка со Газпром. Во тој контекст уште еднаш ја реафиримирам подготвеноста за затварање на клириншкиот долг со Руската Федерација преку проектот за гасификација и во тоа очекуваме максимална поддршка од Гаспорм,,
А за два месеца се очекува целосно да се затвори прашањето со долгот вреден 60 милиони долари што Руската Федерација го има кон Македонија.
Владимир Солоцински Амбасадор на Руската Федерација во Македонија вели : според нашите сознанија договорот ќе се потпише најдоцна до април годинава, со тоа ќе се заврши едно отворено економско прашање меѓу двете земји и се надевам дека економските односи ќе се продлабочат.
Тогаш и двајцата министри за финансии се очекува да го официјализираат потписот. Но наместо кеш, Русите парите ќе ги вратат преку инвестиција во гасоводниот систем. За негова доизградба потребни се околу 200 милиони евра, Владата ќе учествува со 15 милиони евра.
|
|
|
|
|
|