1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Среда.8.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО
Интервју
Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување
Малите и средните фирми годинава ќе бидат најголеми работодавачи



Скопје, 4 февруари 2010 (МИМ)
Колку работници годинава се отпуштени од работа поради економската криза, може точно да се утврди доколку за секој за кого се вели дека е отпуштен се провери статусот во базата на податоци врз основа на неговите лични податоци. Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, смета дека со отпуштањата во одредени фирми се отвораат нови работни места и има нови вработувања. Според неа, голема заслуга за намалување на бројот на невработени имаат и мерките и активните програми на Владата, кои ги спроведуваше Агенцијата, како што е проектот за самовработување.


Нејзина претпоставка е дека најголеми вработувачи годинава ќе бидат малите и средните компании.

Заклучно со декември 2009 година, колкав е бројот на невработени во државата, а колку од нив се пријавуваат само за остварување на правото на здравствено осигурување?

Агенцијата за вработување обезбедува административни податоци за невработените лица, односно води евиденција на невработените согласно законските прописи. Заклучно со 31 декември 2009 година во Агенцијата за вработување се евидентирани 341.295 невработени. Почнувајќи од 1 јуни минатата година, Агенцијата не е задолжена за администрирање на здравственото осигурување на невработените. Согласно измените на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, невработените лица доколку немаат друга основа на осигурување, правото на задолжително здравствено осигурување го остваруваат директно преку Фондот за здравствено осигурување. Факт е дека во минатата година имаше отпуштања поради кризата, но Агенцијата за вработување е надлежна да го регистрира бројот на невработени според пријави и одјави. Според таа евиденција, бројот на невработени во 2009 година бележеше намалување. Тоа во голем дел е поради она што можеби компаниите кои отпуштија дел од работната сила не ги одјавиле вработените, тие воопшто и не биле пријавени како вработени или, пак, паралелно на отпуштањата имало и нови вработувања.

Голем дел од фирмите се жалат дека невработеноста во Македонија има многу лоша структура бидејќи повеќе од половина од тие што бараат работа се без стручно образование. Каква е вистинската структура на невработеноста во земјава?

Во однос на возраста, заклучно со крајот на 2009 година доминантна застапеност во вкупната невработеност имаат лицата од 30 до 54 години. Тие во вкупниот број на евидентирани невработени учествуваат со 56,5%. Лицата на возраст до 29 години учествуваат со 27,2%, а тие на возраст над 55 години во вкупниот број евидентирани невработени учествуваат со 16,3%. Исто така и образовната структура на невработените е мошне неповолна бидејќи 52,6% од невработените се неквалификувани и полуквалификувани лица. Недоволните квалификации со кои располагаат, долгогодишното отсуство од пазарот на трудот, како и возраста, во голема мера го отежнуваат вклучувањето на оваа категорија невработени лица како активни баратели на работа на пазарот на труд. Невработените со завршено средно образование во вкупната невработеност учествуваат со 24%, квалификуваните невработени лица со 15,7%, а невработените со завршено вишо и високо образование со 1,6%, односно 6,1%. Од вкупниот број невработени кои се евидентирани во Агенцијата за вработување, 57,2% се мажи, а 42,8% жени.

НАОЃАЊЕ РАБОТА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Агенцијата по правило треба да функционира како пазар на работна сила преку своите интернет-услуги, каде што се среќаваат работодавачите и невработените. Дали функционира овој систем? Колкав е обемот на вработувања преку овој систем?

Пред повеќе од една година со донација од УСАИД преку проектот е-влада, Агенцијата за вработување го стартуваше системот за електронско огласување слободни работни места и електронска пријава и одјава на работници. Овој систем нуди можност правни лица од приватниот сектор во системот да можат да огласуваат работни места, да пријават и да одјават работен однос и да добијат листа на свои вработени. Невработените, пак, може да ги видат огласите за слободни работни места објавени од работодавачите, да отворат свое корисничко име и да направат увид во својата работна биографија. Системот не е задолжителен за употреба, односно нашите клиенти може да ги добијат овие услуги и со доаѓање во Агенцијата. Околу 5% од пријавените работни односи во 2009 година се направени по електронски пат, но интересот е сe поголем. Агенцијата за вработување работи и на модернизација на останатите свои услуги кон клиентите, посебно во сферата на посредување при вработување. За таа цел, со донација на УСАИД, во изработка е софтвер, кој за неколку месеци ќе биде на располагање на веб-страната на Агенцијата. Овој софтвер ќе нуди алатки погодни за пазарот на работна сила, како што се пребарување на базата на биографии кои ги оставиле барателите на работа, директен контакт помеѓу работодавачите и невработените, пребарување на базата на слободни работни места и друго.

Невработеноста, односно работната сила не е рамномерно распоредена во Македонија. Во некои сектори има превработеност, а за некои дејности има недостиг на стручен кадар. Што покажуваат бројките, односно дали имате евиденција во кои сектори имаат недостиг на квалификувани работници, а во кои има вишок вработени?

Врз основа на сознанијата добиени од спроведеното анкетно истражување помеѓу работодавачите во 2009 година и нивните предвидувања за нови вработувања во наредните 6-12 месеци, носители на новите вработувања во најголем дел ќе бидат малите, но и средните фирми. Се предвидува овде да се реализираат најголем дел од планираните нови вработувања. Преработувачката индустрија останува доминантна дејност која апсорбира најголем дел од новите вработувања. Според степенот на потребно знаење (образование), најголем дел од предвидувањата за новите вработувања во наредните 12 месеци ќе бидат за лица со завршено средно и вишо образование, како што се келнер, готвач, продавач, заварувач, бравар, бурекџија, пекар, шивач на текстил, ракувач со машина за рамно шиење, ракувач со машина за текстил, ракувач со чевларски машини, возач на товарно возило, градежен работник за одржување на згради, електротехничар, техничар за прехранбена индустрија, комерцијалист, градежен техничар, машински техничар, техничар за прехранбена индустрија, техничар-технолог и други. А во однос на потребата од вработување на кадар со високо образование, работодавачите искажале потреба од информатичар, програмер, архитект-проектант, фармаколог, градежен и машински инженер, хемичар, електроинженер за автоматско управување со технички системи, инжинер-технолог за прехранбени производи, инженер-технолог за физичко хемиски третман на вода, новинар, правник, економист. Треба посебно да се истакне дека работодавачите ја потенцираат потребата од кадар со работно искуство, обучен кадар и поседување сертификати за стекнати знаења. Најмногу се бараат познавање на странски јазици (пред сe англиски) и на работа со компјутер, поседување комуникациски, организациски и вештини за менаџирање, тимска работа и слично.

Проектот за самовработување е најпопуларниот проект од Агенцијата за вработување. Колку фирми се отворени, колку нови вработувања се остварени преку оваа програма и дали има интерес кај невработените?

За оваа активна програма на Агенцијата за вработување за секое ново работно место се предвидени средства во износ од 3.000 евра во вид на опрема и репроматеријали или пари. Може да бидат одобрени кредити во износ до 15.000 евра за проекти со најмногу пет нови работни места. Кредитите се доделуваат преку деловните банки со поволни услови, како што се грејс период од една година и годишна каматна стапка од 1%, а рокот на враќање на средствата е три години. Кредитирањето е условено со 25% сопствено учество во вид на опрема, предмети или пари, како и сопствено обезбедување. Интересот кај невработените за овој проект во текот на изминатиот период е голем. Во 2008 и 2009 година се поднесени барања за вработување на 8.037 лица, од кои одобрени се 4.381 барања, а вработени се 5.229 лица. Заклучно со крајот на 2009 година од банките се одобрени и потпишани 3.277 договори, со кои се вработени 3.887 лица. Во овој период, регистрирале фирма, се самовработиле и подигнале кредит во вкупен износ од 10 милиони евра 2.789 кредитобаратели за вработување на 3.310 лица. Овој проект се покажа како успешна стратегија за паралелен развој на претприемништвото и вработувањето.

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

Според експертите, бројот на невработени во земјава е нереален и потребни се реформи во системот за да се добијат вистинските бројки. Дали Агенцијата за вработување има план за реформа во системот на евидентирање на бројот на невработени лица и за чистење на списоците од тие што се пријавуваат само за здравствено осигурување?

Агенцијата за вработување води евиденција на невработените лица согласно Законот за вработување и осигурувањето во случај на невработеност, во кој е точно пропишано кое лице се смета за невработено, кое може да се стекне со статус на невработено лице во Агенцијата за вработување и кога тоа престанува да се евидентира во Агенцијата за вработување.

Кои се плановите на Агенцијата за оваа година? Дали се предвидени нови проекти за помош на невработените и за намалување на стапката на невработеноста во државата?

Агенцијата за вработување и во 2010 година ќе продолжи со имплементација на програмите и мерките за вработување согласно Оперативниот план, со повеќе видови активни програми за вработување насочени кон различни целни групи на невработени лица. Посебно внимание ќе биде посветено на ранливите категории невработени. Владата преку Агенцијата за вработување и во 2010 година ќе продолжи со имплементација на Проектот за самовработување со кредитирање, преку одобрување на кредите по поволни услови наменети за самовработување на невработени лица. И годинава ќе продолжиме да ја спроведуваме програмата за подготовка за вработување (обука, преквалификација и доквалификација, обука за стекнување дополнителни вештини, странски јазици и компјутери). Во идниот период ни претстојат голем број активности кои треба да придонесат за намалување на бројот на невработени, како и за зголемување на вештините на невработените лица, со цел зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и вработување. Покрај активните програми/мерки за вработување, за ова ќе придонесат и сите други услуги на Агенцијата за вработување, кои се целосно ориентирани кон лицата кои бараат работа и кон работодавачите.

ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.