1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Среда.8.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО
ЕКОНОМИЈА
Кои се ефектите од стратегијата за привлекување странски инвестиции?
Восочните фигури во Бунарџик



Скопје, 4 февруари 2010 (МИМ)
Се сеќавате ли на Монтипе? Францускиот производител на автомобилски делови што требаше да гради фабрика во Македонија, па се попишмани заради кризата, па рече дека с$ уште е заинтересиран, но ја одложува за подобри времиња....Барем така беше образложението на Агенцијата за странски инвестиции кон средината на минатата година. А, нешто порано, пред година и пол, министерот за странски инвестиции Веле Самак дури и се скара со тогашниот француски амбасдор во земјава, Бернар Валеро, околу тоа кој е заслужен што ги донел Монтипе во земјава.


Да потсетиме, тие требаше да инвестираат од 100-150 милиони евра во слободната економска зона Бунарџик. Деновиве на официјалната веб-страница на компанијата стои дека од 1 јануари годинава Монтипе е целосен сопственик на ”Fonderie du poitou aluminium”, француска фабрика за алуминиумски глави за автомобилски мотори. Довчерашен сопственик на Фондерие била германската компанија Bavaria Industriekapital AG, која се занимава со преземање проблематични фирми, нивно преструктурирање и подоцнежна продажба. Детали за сумата што ја издвоил Монтипе за купување на Фондерие не се објавени во јавноста, но се знае дека фабриката има годишен обрт од околу 67 милиони евра и 520 вработени, а произведува делови за Пежо и Рено.

Дали ова значи дека замрзнатите инвестициски активности на Монтипе почнале да се одмрзнуваат? Министерот Самак неодамна изјави дека од сите инвестициски проекти најавени во 2008 година ниедна компанија досега не се изјаснила дека дефинитивно се откажува од вложувањето.

“Како што светската економија заживува, кај некои поконкретно, еве кај Монтипе како што знаеме, се враќаат во тек инвестициските планови и очекуваме за неколку месеци да започнат изградбата и сите проектни активности. За другите такви проекти прашање е на месеци кога повторно ќе се вратат”, рече министерот Самак.

До затворањето на овој број на Капитал не добивме официјална изјава од француската компанија што всушност се случува со нивните планови да инвестираат во Македонија. Монтипе беше еден од најсилните адути на министерот Самак, кој треба да биде најистурен играч во Владата за привлекувње инвестиции. Но, не треба да ги заборавиме ниту Орланди од Италија, Шише џам и Бортехник отомотив од Турција, словенечка Искра, хрватски Агрокор и уште некои проекти што еуфорично се најавуваа пред две години, а инвестициските планови сe уште се сведени на ниво на меморандум за разбирање кој нема никаков обврзувачки карактер. Во моментот, од Владата имаме само уверување дека “работата се тера”, односно секојдневно се одвиваат активности и контакти со веќе посточките најавени инвеститори, а се анимираат и нови.

Се засилува и секторот на економските промотори. Македонија со 32 економски промотори ќе се обиде да ја продаде приказната за земјава како привлечна дестинација за инвестирање. Досега имавме испратено 18 промотори што покриваа дваесетина земји. Нови се уште 14, од кои шест се веќе на обука, а за осум неодамна беше распишан конкурс. Со нив Владата планира да покрива 27 земји што се избрани за дестинации од каде што има потенцијал да дојдат инвестиции. Промотерите ја чинат државата околу 1,5 милиони евра годишно, а заради зголемување на нивниот број и очекувана зголемена динамика на активностите на Агенцијата за инвестиции, нејзиниот буџет за 2010 година е зголемен од 4,3 на 6,8 милиони евра. Со новите осум промотори треба да се пополнат пет места во земји во кои веќе имавме промотори, но беа вратени назад. За промоторите се знае дека добиваат плата од 2.000 евра, службен автомобил и платен стан, но досега ретко кој го коментирал нивниот професионален бекграунд и квалификации за работата што ја извршуваат.

ГРЕШКИТЕ ВО “ИНВЕСТ ИН МАСЕДОНИА”

Еден вицепремиер задолжен за економски прашања, еден министер специјално задолжен за привлекување странски инвестиции, посебна Агенција за привлекување странски инвестиции, економски промотори низ светот, кои што се под надлежност на Агенцијата, и сектор во Министерството за економија задолжен за кроење стратегии и програми за привлекување инвестиции. Тоа се институциите што во рамки на Владата се директно надлежни да го поттикнат доаѓањето на странските инвестиции. Како држава плативме и скапи реклами по светските медуми, каде што ги истакнавме сите причини зошто некој треба да вложува овде.

Резултатите од активностите на сите овие субјекти се повеќе од скромни, и покрај агресивната кампања за привлекување странски инвестиции. Зошто странските инвеститори упорно ја заобиколуваат Македонија и покрај тоа што нашите надлежни велат дека не сме заборавени од нив, туку само привремено сме ставени на чекање, додека не се опорави светската економија од кризата? Дали можеби грешиме некаде во пристапот кон привлекувањето инвестиции? Дали треба нешто да се промени во кампањата “Инвест ин Маседониа”?

Верица Хаџи Василева-Марковска од консултантската куќа ААГ, која има големо искуство во работата со странски компании што по разни основи имале контакт со домашниот пазар, вели дека начинот на кој што државава одбрала да ги привлекува странските компании во еден дел и не е најсоодветен за мала економија како нашата.

“Според сета релевантна теорија што јас ја познавам, признаена од Светската банка и останатите сродни институции, за мали земји е непрепорачлива фронтална промоција, каква што правиме ние. Точно, некој што носи одлука некаде во Сеул или Лондон можеби ќе го види огласот во Фајненшл тајмс и можеби ќе му остане запишано во некој далечен дел на меморијата дека видел како Македонија се рекламира како инвестициски рај, но тој нема да ја донесе одлуката врз основа на тоа искуство со Македонија. Треба многу пари да потрошиш за да бидеш видлив, а тоа го можат само големи земји, кои имаат многу поголеми буџети од нашиот”, смета Хаџи Василева-Марковска.

Според неа, подобро е како држава да таргетираме земји и индустриски сектори, што економските промотори можеби и се прави, но засега не се гледаат ефектите.

“Една друга работа е поважна. Сметам дека прво мора да си го средиме домашниот двор, па потоа да каниме гости, што се вели. Знам за примери на странски компании што имаат дојдено овде и си одат разочарани затоа што реалноста не соодветствува со тоа што се нуди во рекламите за инвестирање. Лоша инфраструктура, недоволно квалификувана работна сила, корупција во администрацијата и судството, слаба заштита на странските инвеститори (да ги споменам само случаите на Хипо лизинг или ЕВН). Сето тоа не дава добра слика за инвестициската клима во една земја. Потоа тие ќе го рашират лошиот збор на своите бизнис-партнери и колеги и залудни ќе ви бидат сите реклами по весниците и спотовите. Значи, прво да ја средиме инвестициската клима, па потоа ќе станеме видливи на светската мапа. Не обратно”, вели Хаџи Василева- Марковска.

БРОЈОТ НА ГРИНФИЛД ПРОЕКТИ ВО СВЕТОТ РАСТЕ И ВО КРИЗА

Кога веќе Владата ја спомнува светската криза како главниот виновник за тоа што не дојдоа практично никакви гринфилд инвестиции во последниве две години, да проанализираме малку некои бројки од светски релевантни институции. Минатата година беше кризна и како последица на тоа вкупниот прилив на странски директни инвестиции (СДИ) на ниво на цел свет опадна за 39% во однос на 2008 година, односно од 1.700 милијарди на околу 1.000 милијарди долари, покажува анализата на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД). Во најновиот извештај на оваа организација се наведува дека падот на СДИ, без исклучок, е регистриран во сите земји. По шест години тоа е прво намалување на странските инвестиции во земјите во развој.

Според бројките, пак, на ФДИ Маркетс, он-лајн база на податоци во рамките на Фајненшл тајмс, која ги следи странските гринфилд инвестиции во сите индустриски сектори во земјите од цел свет, сумата во кризните 2008 и 2009 година е поголема од претходните некризни години, поточно минатата година изнесуваше околу 1.100 милијарди долари, а во 2008 година 1.600 милијарди долари. Во 2006 година оваа сума се движеше околу 920 милијарди долари, а во 2007 година нешто под 1.100 милијарди. И покрај значителниот пад на овие инвестиции во 2009 година во однос на 2008, нивното ниво е, сепак, повисоко од претходните неколку години, а станува збор за период кога светот се соочува со најголемата економска криза од Големата депресија наваму. Овој индикативен податок е поткрепен и со бројот на проекти што ФДИ Маркетс го следи квартално, а кој во 2008 и во 2009 година е поголем во однос на претходните години. Интересно е што во 2008 година повторно се забележани најголем број гринфилд проекти (17.266), за разлика од 2007 година со 13.077 проекти и 2006 година со 12.216. И повторно, да не заборавиме, 2008 е годината кога всушност почна да кулминира финансиската криза, чии корени беа во САД, а потоа ја зафати целата планета.

Уште еден куриозитет: во 2009 година, кога светската криза влезе во својата втора година, иако вкупната сума на гринфилд инвестиции според ФДИ Маркетс е намалена за над 30%, бројот на проекти е намален за само 9%, односно изнесува 15.693. Значи, компаниите и понатаму продолжиле да инвестираат, само што вредноста по проект се намалила, односно се одлучувале за инвестиции од помал обем. Ако просечната вредност по гринфилд проект во 2008 година изнесуваше околу 93 милиони долари, во 2009 година еден проект просечно “тежеше” 70 милиони долари. Колку за споредба, во 2005, 2006 и 2007 година, кога немаше криза и сe беше розево и среќно, просечната вредност на гринфилд проектите на светско ниво изнесуваше 71, 75 и 81 милион долари соодветно.

Значи, според овие податоци, се наметнува заклучок дека кризата, иако ги намалила во вкупен обем директните гринфилд инвестиции, воопшто не го намали интересот на компаниите за вложување. Трендот на зголемување на бројот на проекти во последниве неколку години продолжува и во кризните 2008 и 2009 година, додека нивната просечна вредност континуирано растеше сe до минатата година.

Ете, толку од владините аргументи дека економската криза е главниот виновник што нема странски директни инвестиции во земјава. Тоа што бројот на инвестициски проекти речиси и не се намали и покрај кризата, укажува на тоа дека светските компании си инвестираат, само што ете, ние никако не се наоѓаме во видокругот на нивниот интерес. Па, и така нема некој да се залета да “истури” милијарда долари за некоја огромна фабрика. Но, и “погончињата” од 20-30 милиони долари, нас упорно нe заобиколуваат.

Профил на македонскиот економски промотор
ТРИ ЧЕТВРТИНИ СЕ МАЖИ, ЕДНА ТРЕТИНА СЕ МАГИСТРИ

На веб-страната на Агенцијата за странски инвестиции се наоѓаат работните биографии на економските промотори што во моментов се ангажирани од државата. Според нив, излегува дека економски промотор е машка работа, односно 18 мажи и шест жени ги промовираат инвестициските потенцијали на Македонија. Македонскиот економски промотор најчесто има завршено Економски факултет, но има и такви кои завршиле Електро факултет, новинарство, јазик и литература, стоматологија. Една третина од 24-те економски промотори се со магистерска титула. Најчесто, економскиот промотор магистрирал надвор од Македонија (Грција, Шпанија, Германија, Јапонија, САД, Унгарија, Обединето Кралство и др.) и тоа на бизнис-администрација. Меѓународни односи и меѓународен бизнис биле најпривлечна област за магистрирање. Според објавените податоци на веб-страницата, двајца од економските промотори работаат на своите докторски тези.

Во нашето соседство, во Србија новите економски дипломати беа промовирани пред само десетина дена, а стартуваат со работа од овој и следниот месец. Според објавените податоци, Србија ќе потроши 2,62 милиони евра за спроведување на овој проект. За разлика од Србија, која на јавниот оглас бара најмалку три или пет години работно искуство, во зависност од државата, Македонија на конкурсите за економски промотори бара најмалку две години работно искуство.

КОЛКУ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА?

Од 1997 до 2007 година во Македонија влегле странски директни инвестиции (СДИ) од околу 2,5 милијарди евра. Над 70% од овие инвестиции се приватизации, односно продажба на домашни компании на странски компании. Повеќе од половина милијарда евра од овие пари отпаѓаат на продажбата на Телекомот на германски Дојче телеком и на ЕСМ на австриската ЕВН.

Според податоците на Народната банка, од 2007 до 2009 година за време на мандатот на сегашната Влада, во Македонија влегле над една милијарда евра странски инвестиции. Во 2007 година, една од најдобрите години за Македонија, како странски вложувања се евидентирани околу 500 милиони евра. Следната година Македонија ја заврши со странски инвестиции од околу 400 милиони евра, а минатата година со околу 150 милиони евра. Но, методологијата на НБРМ за пресметување странски инвестиции ги опфаќа и реинвенстираната добивка на компаниите со странски капитал, повлечените кредити од компаниите-мајки, акционерски капитал, така што реалната бројка за “вистински” директни инвестиции, односно гринфилд инвестиции значително отстапува од оваа. На Владата секако & одговара да ја прикажува бројката што ја пласира НБРМ, затоа што ќе излезе дека е заслужна за сите инвестиции што влегле по таа основа. Ние немаме намера да ја спориме официјалната методологија, која е во согласност со меѓународните стандарди за пресметување на инвестиции. Она што треба да се гледа како резултат на владината кампања за привлекување странски инвестиции се гринфилд инвестициите, односно отворањето нови индустриски капацитети, посебно во слободните економски зони. А, во последниве две-три години, откако почна кампањата “Инвест ин Маседониа”, реализирани гринфилд инвестиции од поголем размер се само пропаднатата млекарница Сведмилк, Џонсон контролс, која е договарана од времето на претходната владејачка гарнитура, и британската Џонсон мети, која во моментот е во фаза на пробно производство.

ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.