1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Петок.10.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО

 

presek strana

НА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ“ ВО ДПМ
Врачена наградата „Иселеничка грамота“ на Душан Ристевски



Скопје, 09 јули 2010 (МИМ) 
Наградата „Иселеничка грамота“, за најдобра поетска збирка на поет иселеник, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците од Македонија, денеска свечено беше врачена на Душан Ристевски од Австралија за поетската збирка „Забранета љубов“ на меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија. Наградата во име на лауреатот Душан Ристевски, ја прими Фиданка Танаскова, новинар и долгогодишен соработник на Матицата, а беше врачена од страна на претседателот на Матицата на иселениците од Македонија, Иван Џо Петрески. 



-Горда сум и среќна што во името на нашиот иселеник и поет Душан Ристевски ја примам оваа награда. Ристевски е прекрасен човек и достоен Македонец кој со своето дело, на најдобар можен начин, ја претставува нашата татковина во Австралија и секаде во светот. Уште повеќе сум горда и среќна што Матицата на иселениците сите овие години истраја и продолжи и понатаму да ја доделува Иселеничката грамота, најпрестижната поетска награда за поетите од дијаспората, рече Танаскова. 

Ова остварување на Ристевски се одликува со впечатливи естетски дострели во обликувањето на префинетите чувства за љубовта како универзален феномен: љубов кон саканата, љубов кон татковината, љубов кон животот. Има една суштинска мисла за љубовта: Кога доаѓа на овој свет човештвото што би правело без љубов? Според тоа љубовта е законик без кој животот и светот би биле бесмислени. Односно ако љубов немам, себе си се немам. 

Тој мотив нагласено лирски се наоѓа низ страниците на „Забранета љубов“ на Душан Ристески, кој е еден од ретките сподвижници на духовните и културните вредности на македонската дијаспора во Австралија. Тој спаѓа во редот на оние Македонци кои воспоставија вистински релации со родната земја Република Македонија и неговата втора татковина Австралија, истакна поетесата Светлана Христова Јоциќ, претседател на жири комисијата за доделување на наградата „Иселеничка грамота“. 


На 1 јуни 2010 година, во просториите на Матицата на иселениците од Македонија, се состана Комисијата за доделување на наградата „Иселеничка грамота“, што традиционално ја доделува Матицата, од 1992 година, за најдобра објавена поетска книга од македонски иселеници.
Од пристигнатите седум книги жири комисијата во состав: Светлана Христова Јоциќ, претседател, Раде Силја, Веле Смилевски и проф. д-р Љубинка Басотова (членови) како и Елена Оровчанец-Спироска (претставник од Матицата), по разгледувањето на пристигнатите ракописи едногласно ја донесе следната одлука:
Наградата „Иселеничка грамота“ за 2010 година да му се додели на писателот Душан Ристевски од Сиднеј, Австралија, за неговата поетска книга „Забранета љубов“, која со своите естетски вредности се издвои од останатите збирки поезија.

Образложение:

Ова остварување на Ристевски се одликува со впечатливи естетски дострели во обликувањето на префинетите чувства за љубовта како универзален феномен: љубов кон саканата, љубов кон татковината, љубов кон животот. Има една суштинска мисла за љубовта: Кога доаѓа на овој свет човештвото што би правело без љубов? Според тоа љубовта е законик без кој животот и светот би биле бесмислени. Односно ако љубов немам, себе си се немам.
Тој мотив нагласено лирски се наоѓа низ страниците на „Забранета љубов“ на Душан Ристески, кој е еден од ретките сподвижници на духовните и културните вредности на македонската дијаспора во Австралија. Тој спаѓа во редот на оние Македонци кои воспоставија вистински релации со родната земја Република Македонија и неговата втора татковина Австралија.

Скопје  01.06.2010                                                       

  претседател Светлана Христова Јоциќ
        членови: Раде Силјан, Веле Смилевски, Љубинка Басотова, Елена Оровчанец Спироска

 

 

presek strana

 

 

LOGO MATICA

 

logo 1

 

„Струшки вечери на поезијата” 2009

„Иселеничка грамота” 2009

 

„Иселеничка грамота” за 2009-та


LOGO MATICA

Поезија со лирски акцент и патриотски пориви

Од пристигнатите книжевни дела на Конкурсот на Матицата на иселениците од Македонија, за доделување на наградата „Иселеничка грамота” за 2009 година, во најтесен избор влегоа –Перо Дамчевски Коцин (Австралија) со „Мајкини стапалки”, во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, „Песни од туѓина” од Марк Шоболев (САД) во издание на „Македонски духовни конаци“, „Абдоменален прекин“ од Бистра Илин Шеќеровска (Швајцарија), издание на „Македонски духовни конаци“ и „Мозаик на опстојноста” од Ратко Димовски (Хрватска) самостојно издание. Жири комисијата во состав: Светлана Христова Јоциќ (претседател), Раде Силјан, Веле Смилевски, Љубинка Басотова и Елена Оровчанец Спировска (членови) на својата седница одржана на 16 јуни 2009 година, по разгледувањето на пристигнатите ракописи донесе едногласна одлука - наградата „Иселеничка грамота” за 2009 година да му се додели на поетот Марк Шоболев за неговата поетска книга „Песни од туѓина”.

 

LOGO MATICA

 

Во образложението на жирито се вели:

Поетот Марк Шоболев е еден од повеќебројните Македонци во дијаспората кои поголемиот дел од животот го минуваат надвор од својот роден праг.
Не стивнува поетот да не пее бидејќи борбата со моливот е најголемо јунаштво.
Ете, токму таа рефлексивна мисла е содржана во нашиот поет, а резултатот е евидентен: Пред читателот се отворени страниците на поетското издание „Песни од туѓина“ во кои наоѓаат силен одраз чувствата, намерите, посветеноста и сеоддаденоста на поетот на својата земја.
Песните коишто изобилуваат со лирски акценти и патриотски пориви, имаат своја оригиналност на изразот, рефлексивност и продирање до најдлабоката внатрешност на своето Јас. Но, исто така да укажеме и на зборовното наследство коешто не импресионира, значи „оживувањето“ на нашите древни зборови. Сето тоа ќе го најде читателот и во сонетните форми на песните и во слободните форми на певот.
Да потсетиме дека најзначајното што денес е остварено во современите текови на поезијата е остварено на помалите јазици. Затоа, негувањето на македонскиот јазик меѓу нашите иселеници-е централна, носечка задача на секој творец којшто создава во областа на литературата.
Марк Шоболев, со својот поетски ракопис низ изминатите седум децении ја изразува својата поетска идеја, преку лирски исповед укажува на македонската судбина и својот лелек, и тоа преку книжевна постапка; неговата голема дарба сотвори поетска книга, којашто преку естетските надградби на авторот се вообличи во: Значаен книжевен настан!

 

 

 

 

 

LOGO MATICA

 

 

LOGO MATICA

Матица на иселениците од Македонија

 Иселеничка Грамота за 2008. година

LOGO MATICA

Едноставно но длабоко поетско кажување

Образложение на жири – комисијата за доделувањето на „Иселеничка грамота” за 2008-ма
Од пристигнатите книжевни дела на Конкурсот на Матицата на иселениците од Македонија, за доделување на наградата „Иселеничка грамота”, во најтесен избор влегоа –Рада Видиновска со„Харфа”, во издание на Медитеранска академија „Браќа Миладиновци„, „ИРИС-Р” од Струга, „Слики од ретровизорот” од Драгица Шредер во издание на Библиотека Јаблан – Белград и „Отмени празнини” од Виктор Б. Шеќеровски, издание на „Феникс” од Скопје. Жири комисијата во состав: Светлана Христова Јоциќ (претседател), Раде Силјан, Веле Смилевски Елена Оровчанец Спировска и Наќе Туфекчиев (членови) на својата седница одржана на 1 јули 2008 година по разгледувањето на пристигнатите ракописи донесе едногласна одлука - наградата „Иселеничка грамота” за 2008 година да му се додели на поетот Виктор Б. Шеќеровски за неговата поетска книга „Отмени празнини”.

LOGO MATICA

Во образложението на жирито се вели:

Поетско остварување на Виктор Б. Шеќеровски носи  естетски вредности кои го заслужуваат вниманието на читателите и критиката. Станува збор за сериозен поетски проект кој се темели на егзистенцијални преокупации кои колку што се иманентни на внатрешните расположби на поетскиот субјект, толку добиваат и пошироко, универзално значење. Поетското кажување на Шеќеровски е едноставно но длабоко: тоа понира во исконските човечки состојби кои постојано се во процес на преиспитување и како такви се во фокусот на  творечките трагања. Ваквата поетика е комуникативна и предизвикувачка за реципиентот кој во стиховите на овој авторт секогаш ќе најде дел од животната вистина како сопствено сознание пред прашањата и дилемите својствени за нашето време.

 

Претседателот на Матицата на Иселениците Иван Џо Петрески свечено му ја врачува наградата “ Иселеничка Грамота “  на Виктор Б. Шеќеровски за делото – „Отмени празнини”(во издание на „Феникс”, Скопје, 2007), на годинашните Струшки вечери на поезијата кои се одржаа во Август 2008 година

 

Матица на иселениците од Македонија

 Конкурс за „Иселеничка грамота“ - 2008
Наградениот поет ќе настапи на СВП

Матицата на иселениците од Македонија распишува КОНКУРС за доделување на традиционалната „Иселеничка грамота“ за најдобар поетски опус објавен меѓу македонските иселеници за 2007 / 2008 година. Наградата ќе биде врачена во рамките на „Струшките вечери на поезијата 2008“ во Струга, а наградениот поет од Дијаспората, ќе настапи со свои творби на завршната вечер „Мостови“.
Ги молиме авторите да ги достават своите творби до Матицата на иселениците од Македонија - во четири примероци на своите објавени дела на адреса: Матица на иселениците од Македонија, ул. 27 Март бр. 5 П.Фах бр. 7, 1000 Скопје, Република Македонија.
Конкурсот завршува на петнаесетти (15) Мај 2008 година.
Жири комисијата добитникот на „Иселеничката грамота“ ќе го соопшти до пети (5) Јуни, 2008 година на интернет страницата на Матицата на иселениците (www.maticanaiselenici.com) и во jунскиот број на страниците во илустрираното списание за иселениците од Македонија – „Македонија“ .


 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Иселеничка грамота“ за 2007

 

Образложение на жири – комисијата за доделувањето на „Иселеничка грамота“ за 2007-ма

 Интензивна поетска визија!

Од пристигнатите книжевни дела на Конкурсот на Матицата на иселениците од Македонија, за доделување на наградата „Иселеничка грамота“, во најтесен избор влегоа - Перо Дамчевски – Коцин со „Македонија олтар“ (издание на Македонско литературно друштво „Глигор Прличев“, Сиднеј, 2007), Елизабета Петровска – „Солзи полни насмевки“ (издание на Заедницата на Македонците во Хрватска, Загреб, 2006) и Ивица Челиковиќ – „Возови во пајакова мрежа“ (во издание на „Македонска реч“, Скопје, 2006). Жири комисијата во состав: Светлана Христова Јоциќ (претседател), Веле Смилевски, Раде Силјан, Разме Кумбаровски и Бранка Доневска Најдовска (членови), по разгледувањето на пристигнатите ракописи донесе едногласна одлука - наградата „Иселеничка грамота“ за 2007 година да му се додели на писателот Ивица Челиковиќ , за неговата поетска книга „ Возови во пајакова мрежа“. Во образложението на жирито се вели:
Поезијата на Ивица Челиковиќ го одразува изреченото дека: „главен и најдобар закон на поезијата е: нема никакви законитости!“ Токму тоа начело е содржано и во најновото поетско издание, кое творечки е вкомпонирано во циклусите: Траги, Сенки – Град, Минливост, Патување во триаголник и Допири. Покрај „призвукот на една резигнантна филозофија на безизлезот, на трауматичните состојби на современиот подвоен човек“, во книгата со необична синтагма „Возови во пајакова мрежа“ се среќаваме со посложени симболи, со тродимензионалноста на зборот, со интензитетот на поетската визија, но исто така и со поетовата апстрактна филозофска мисла која е изразена во самиот поетски чин. И да заклучиме:
Ивица Челиковиќ со силен поетски потег од себе си го одбра и ни го покажа она што заслужува да биде извлечено и на естетски план сотворено.

Матица на иселениците од Македонија

 

Извештај од Комисијата за доделување на наградата „Иселеничка грамота“

 

На 9 мај 2007 година се состана Комисијата за доделување на наградата „Иселеничка грамота“, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците од Македонија, од 1992 година, за најдобра објавена поетска книга од македонски иселеници. После седум години застој, Матицата на иселениците од оваа година ја возобновува наградата „Иселеничка грамота“.

Од пристигнатите книги Перо Дамчевски – Коцин – „Македонија олтар“ (издание на Македонско литературно друштво „Глигор Прличев“, Сиднеј, 2007), Елизабета Петровска – „Солзи полни насмевки“ (издание на Заедницата на Македонците во Хрватска, Загреб, 2006) и Ивица Челиковиќ – „Возови во пајакова мрежа“ (во издание на „македонска реч“, Скопје, 2006), жири комисијата во состав: Светлана Христова Јоциќ (претседател), Веле Смилевски, Раде Силјан, Разме Кумбаровски (членови) и Бранка Доневска Најдовска (како претставник од Матицата), по разгледувањето на пристигнатите ракописи ја донесе следната одлука:


Наградата „Иселеничка грамота“ за 2007 година да му се додели на писателот Ивица Челиковиќ од Шведска, за неговата поетска книга „  Возови во пајакова мрежа“.
Наградениот поет ќе настапи на програмска точка за време на одржувањето на  „Струшките вечери на поезијата 2007“, кога и свечено ќе му биде врачено признанието.

 

 

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА "ИСЕЛЕНИЛКА ГРАМОТА "

Претседателот Иван Џо Петрески свечено му ја врачува наградата Иселеничка Грамота  на Ивица Челиковиќ за делото – „Возови во пајакова мрежа”(во издание на „македонска реч”, Скопје, 2006), на годинашните Струшки вечери на поезијата кои се одржаа во Август 2007 година

 

 


ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.