|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.10.9.2010
|
|
|
|
| Архива на Спорт :: вкупно 727 вести :: |
|
следен>....
последен>|
|
ПАНАЈОТ ДИМИТРАС, ПОРТПАРОЛ НА ГРЧКИОТ ХЕЛСИНШКИ МОНИТОР
Грција нема да ги врати имотите по своја волја
Христо Ивановски
Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Грција нема да преземе ништо за враќањето на имотите и на државјанствата на Македонците-бегалци од Граѓанската војна. Таа би презела нешто во таа насока само ако е присилена со судска одлука, вели во интервјуто за „Дневник“ Панајот Димитрас, портпарол на грчкиот Хелсиншки монитор. Повод за интервјуто со Димитрас, еден од шампионите на борбата за човековите права во Грција, се најавите дека прашањето за егејските бегалци ќе мрдне од мртвата точка, но и актуелната економска криза и нејзиното влијание врз човековите права.
повеќе
|
|
|
| |
ЈУРИЈ ГОНЧАРУК, АМБАСАДОР НА УКРАИНА
Спорот за името е вашиот клучен проблем
Игор Чавески
Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Членство во ЕУ е стратегиски приоритет и за Македонија и за Украина што, заедно со традиционалните пријателски односи, ги упатува двете земји на потесна соработка, која и 15 години по воспоставувањето на дипломатски односи, за жал, не ги искористи до крај потенцијалите на двете земји. Тоа го вели украинскиот амбасадор во земјава, Јуриј Гончарук, по повод олеснувањето на визниот режим меѓу Украина и Македонија.
повеќе
|
|
|
| |
РАЛФ БЕРГМАН, ПОЛИТИЧКИ ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Градете централи на биомаса
Христо Ивановски
Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Отворање нови или затворање на старите нуклеарни централи е политичко прашање за кое треба да решат политичарите. Јавното мислење во Германија е дека не треба да се градат нови нуклеарни централи. Мислам дека Македонија треба да почне да гради мали централи на биомаса секаде, препорачува Ралф Бергман, активист за зачувување на животната средина и член на локалниот парламент од редовите на Социјалдемократската партија (СПД). Тој неодамна одржа предавање во рамките на школата за млади лидери, која се одржа во Охрид во организација на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
повеќе
|
|
|
| |
Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош
Владата води политика купи ден - продај
Скопје, 26 август 2010 (МИМ)
Господине Јакимовски, Вие сте единствен градоначалник во Скопје од опозицијата. Како се справувате со централната власт, има ли опструкции?
Има опструкции. Соработуваме само со министерствата за транспорт и за образование. Анимозитетот што го има премиерот кон мене е евидентен и се пренесува кон другите институции. Меѓутоа, јас по природа сум борец, кој и удира и прима удари, така што се справуваме со проблемите. повеќе
|
|
|
| |
Благоја Деспотовски, градоначалник на Општина Кичево
Економската зона ќе го прероди Кичево
Скопје, 23 август 2010 (МИМ)
Кои се Вашите приоритети во работењето?
Кога седнав на градоначалничката фотелја, имав цел да создадам услови за изградба на нови индустриски капацитети и да отворам циклус на инвестиции што ќе бидат двигатели на развојот на општината. Тоа е предуслов за нови работни места што ќе го врати оптимизмот кај моите сограѓани, дека и во Кичево може пристојно да се живее и да се заработува. А и ќе се намали иселувањето од овој регион. Индустриската зона ќе го прероди Кичево. повеќе
|
|
|
| |
Д-Р СРЃАН КЕРИМ, ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА МПМ
Во Македонија вложивме над 20 милиони евра
Скопје, 21 август 2010 (МИМ)
Компанијата ВАЦ не ја напушта Македонија. Но, сите досегашни деманти пристигнати од највисоките менаџерски позиции и натаму се предмет на шпекулации и манипулации во дел од домашните медиуми. Покрај забелешките за неисполнети ветувања во делот на инвестициите, обвинувањата добиваат и политички димензии. Со образложение дека „Дневник“ и другите изданија на МПМ се жртви на, наводно, политичките амбиции на генералниот директор д-р Срѓан Керим, заткулисните лаборатории веќе го сместија во една од две можни фотелји - или нов ангажман во ООН или директорската позиција на местото на Владимир Милчин во Фондацијата „Отворено општество - Сорос“. Сите тие нагаѓања и обвинувања беа повод за овој разговор со д-р Керим.
повеќе
|
|
|
| |
ГЕРАЛД КНАУС, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СТАБИЛНОСТ
Сега или никогаш за името
Скопје, 16 август 2010 (МИМ)
Има ли решение за грчко-македонската квадратура на кругот? Гералд Кнаус, Австриецот што раководи со Европската иницијатива за стабилност, неодамна излезе со предлог кој, според него, и Скопје и Атина треба сериозно да го разгледаат. Кнаус предлага уставна промена во Македонија за промена на името, со што Атина би го деблокирала стартот на преговори со ЕУ. Но, предлогот не завршува тука. Оваа уставна промена би стапила на сила дури на денот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Доколку, од некои причини, Македонија не влезе во ЕУ, името никогаш нема да треба да се смени. повеќе
|
|
|
| |
Александар Николаевич Алексеев, одговорен за Балканот во руското МНР
Москва и Скопје можат повеќе
Скопје, 14 август 2010 (МИМ)
Односите меѓу Русија и Македонија се многу перспективни. Нема никакви проблеми кои му пречат на подигнувањето на соработката на значително повисоко ниво. Заеднички, во интерес на двете страни, можеме да развиеме соработка во сите насоки. Колку брзо и далеку ќе ги развиваме нашите односи, зависи од тоа колку го сакаат тоа нашите македонски партнери. Можеме многу да направиме и на политички план, во економијата, културата и во која било друга област, е пораката на Александар Николаевич Алексеев, директор на европското одделение во Министерството за надворешни работи на Русија. Алексеев е искусен дипломат и одличен познавач на состојбата на Балканот.
повеќе
|
|
|
| |
ХУАНИТА ВИЛСОН, РЕЖИСЕРКА ОД ИРСКА
Македонија има одлични актери и локации
Скопје, 14 август 2010 (МИМ)
Воодушевена од Македонија, од нејзината култура, гостопримливите луѓе, природната убавина, талентираните актери, ирската режисерка Хуанита Вилсон нема доволно зборови за да го опише својот престој во текот на снимањето на нејзиниот прв долгометражен филм „Како да ме нема“, што се случи лани. Прва да го види делото во кое повеќето од актерите се Македонци, имаше можност публиката на Сараевскиот филмски фестивал, каде што беше организирана специјална проекција. повеќе
|
|
|
| |
Мајкл Фриц, директор на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во Македонија
Не гледам волја за помало политичко влијание врз судството
Скопје, 13 август 2010 (МИМ)
Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) досега донираше 500 милиони долари за Македонија, што ја прави еден најголемите помагатели на економскиот и демократскиот развој на земјата. Парите се искористени за развојот на многу области, а целта беше да се подигне животниот стандард, да се подобри дијалогот, да се искорени корупцијата, да се сврти државата кон граѓаните и компаниите, а не кон партиите. Директорот на УСАИД, Мајкл Фриц, зборува токму за ефектите од овие проекти.
повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
следен>....
последен>|
|
|
|
|