1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Среда.8.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО
Архива на Репортажи, Патеписи:: вкупно 1205 вести ::
    следен>.... последен>|


Зурли и тапани на „Пијанечко-малешевската свадба“



Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Ленче Алаѓозовска од беровското село Русиново и Марјан Ризовски од Пехчево завчера ја крунисаа својата долгогодишна љубов со веселба каква што правеле нивните баби и дедовци, на четвртата „Пијанечко-малешевска свадба“. Годинава првпат и двајцата младенци, кои се избираат на конкурс, беа од Малеш.
повеќе
 


Рибарскиот едреник туристичка атракција во Охрид



Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Огромната макета на стар едреник, која е поставена кај каналот Билјанини Извори непосредно до влезот на Хидробиолошкиот институт, прерасна во вистинска атракција за туристите што летово го посетија Охрид. Бродот лежи на постамент, долг е 11 метри и широк околу 3,5 метри. Има високи бели едра и автентични бродски јажиња, украсно уредена ограда, старински фенери, а на палубата се поставени неколку дрвени маси со столчиња, на кои слободно може да седат посетителите. повеќе
 


Кинеската пластика ги уништи велешките грнчари



Скопје, 01 септември 2010 (МИМ)
Обид за заживување на грнчарството или само желба да се врати некогашното значење на овој стар македонски занает, вака може да се толкува неодамнешното одржување на првата грнчарска работилница во Велес. Симболично таа се одржа во куќата на основоположникот на македонската поезија, Кочо Солев Рацин, кој беше грнчар. На двата стола од кој некогаш семејството Солеви изработуваа стомни, бардаци и друга грнчарија и од тоа живееја, овој пат двајца велешани ги покажаа своите умешности. повеќе
 


Берово танцуваше по етноноти



Скопје, 31 август 2010 (МИМ)
За разлика од минатите години, кога на 28 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица, во Берово ќе се слееја десетици илјади гости, кои откако ќе се нагостеа со традиционалната манастирска трпеза приготвена за таа пригода и по неколкучасовен престој си заминуваа, годинава градот организира богата тридневна програма од која задоволни останаа повеќе илјадници гости и туристи. повеќе
 


Манастир отвора врата за рурален развој



Скопје, 25 август 2010 (МИМ)
На околу еден час возење од Прилеп по асфалтиран пат, во прегратките на Мариово, се наоѓа селото Манастир. Ова е само една од многуте населби во регионот, кои со миграцијата село-град остана без жители. Последните жилави манастирци кои им одолеаја на убавините на современиот живот, починаа пред околу две години. Оттогаш старите, камени куќи, кои пленат со својата архаична убавина, не се ничиј дом. Повремено, за викенд, тука доаѓаат иселените жители, некои тука одгледуваат пчели, но, главно, селото е празно. повеќе
 


Бродот не го спаси селото Клиново



Скопје, 25 август 2010 (МИМ)
Селото Клиново се удави во Тиквешко Езеро оти бродот кој требаше да го спасува е продаден, а ветениот пат покрај езерото и по 50 години не е изграден. Клиново, кое некогаш имало 1.000 жители, денес нема ниту еден. Причина е и тоа што и по половина век од изградбата на езерото се’ уште не е реализирано ветувањето дека ќе се изгради пат до Клиново и дека ќе се обезбеди брод да го користат тие што живеат или потекнуваат оттаму. Пред изградбата на акумулацијата, клиновци од Кавадарци до ова најоддалечено село патувале по пат крај Црна Река, која сега го полни Тиквешко Езеро, кое ги покрило патот и нивите на луѓето што живееле таму. повеќе
 


Куќата на ОЗНА не е за гости



Скопје, 24 август 2010 (МИМ)
Спомен-куќата на ОЗНА во велешкото село Горно Врановци е затворена за јавноста. Само таа е заклучена и недостапна, а останатите четири што потекнуваат од времето на НОВ се отворени за посетителите. Тие се во сопственост на Народниот музеј на Велес, додека закатанчената куќа е во сопственост на МВР. На гостите што го посетуваат извориштето на поновата македонска историја, селото Горно Врановци, им е скратена можноста да влезат во куќата во која во 1944 г. работела тогашната контраразузнавачката служба. повеќе
 


Пониква станува нова туристичка убавица



Скопје, 24 август 2010 (МИМ)
Месноста Пониква на Осоговските Планини, помеѓу Кочани и Пробиштип, станува нова туристичка дестинација во источниот дел на Македонија. Во предел со шуми, ливади, потоци, богат со разновидни плодови и животни, на надморска височина од 1.600 метри веќе се изградени над 200 куќички за одмор, ресторани, одморалишта. Близината на Штип - 50 километри, на Кочани - 18 километри, на Виница - 28 километри, на Пробиштип, Кратово е главна причина што се наполни со гости овој преубав локалитет летово. Во текот на овој месец, секој ден, на Пониква престојуваат по над илјада лица. повеќе
 
НОВИ МУЗИЧКИ ВИДИЦИ НА ПЕРКУСИОНИСТОТ ЗОРАН МАЏИРОВ

Волшебникот на шишиња се врати дома



Скопје, 23 август 2010 (МИМ)
Откакого обиколи светот со своите наштимани шишиња и повеќе од две децении живееше во десетина европски држави и во САД, перкусионистот Зоран Маџиров, конечно, се враќа и останува во Македонија. Тој неодамна купи стан во Скопје и планира да го продолжи животот на релација Струмица-Скопје. Идејата му е преку својот пример како музичар да ја подигне свеста кај луѓето да веруваат во своите квалитети, зашто само така можат да успеат и да се надеваат на подобро утре. повеќе
 


Малешевија подготвена за забава на отворенo



Скопје, 20 август 2010 (МИМ)
Фолклорни ансамбли од десетина држави од Европа и од Америка и над 30.000 граѓани од земјава и од соседните држави ќе ја направат најголемата забава на отворено во источниот регион. Местото на големото случување е Берово, неговиот плоштад и делови од прекрасната беровска околина. На 26, 27 и на 28 август ќе се спојат културата на многу народи, верските традиции, илјадниците производи од еколошки чистата Малешевска област, како и од реномирани фирми од целата држава. повеќе
 
    следен>.... последен>|

ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.