|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.10.9.2010
|
|
|
|
| Архива на Економија :: вкупно 1480 вести :: |
|
|<прв....
<претходен
следен>....
последен>|
|
ВЛАДАТА ГАРАНТИРА
Струјата нема да поскапи
Скопје 16 Септември (МИМ) -Задача на Владата е да ги штити интересите на граѓаните и ќе продолжи со формирањето на берзата на електрична енергија, вели портпаролот Боцевски
Струјата нема да поскапи, гарантира Владата. Оваа реакција на владиниот портпарол Ивица Боцевски следуваше по завчерашните предупредувања на професор Јован Пејковски дека берзата на електрична енергија од јануари в година ќе донесе цени повисоки за 30 до 100 отсто. Боцевски истакна дека министрите повеќе
|
|
|
| |
Средба на министерот Славески со шефот на мисијата на ММФ Грифитс
Скопје, 16 септември (МИМ) - Министерот за финансии Трајко Славески попладне во Министерството за финансии ќе има средба со Марк Грифитс, шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија. Средбата е официјален почеток на новата рунда разговори со делегацијата на ММФ, која наредната недела ќе престојува во Скопје. повеќе
|
|
|
| |
Бидејќи станува збор за суштински закон, неопходно е да се спроведе јавна расправа
Измените на Законот за градење да се носат во две фази
Скопје 16 Септември (МИМ) -Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на вчерашната седница одлучи измените на Законот за градење да се носат во две фази, бидејќи станува збор за суштински закон, поради што за предложените измени се неопходни дополнителни консултации и, пред се', јавна расправа. Комисијата, всушност, попушти пред сугестиите и аргументите кои на седницата ги изнесоа стручњаците и претставниците на Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, на Градежниот и на Архитектонскиот факултет. повеќе
|
|
|
| |
Нова кампања на Владата
Ќе се искоренува работењето на црно
Скопје, 14 септември (МИМ) - Од вчера Владата почна со нова кампања насловена како „Стоп за непријавената работа” со цел искоренување на сивата економија која, според неофицијалните бројки, опфаќа минимум 80.000 лица што работат на црно. Во кампањата, која е дел од Националната стратегија за вработување, се вклучени повеќе министерства, синдикатите и организациите на работодавците во земјава, а финансиски средства обезбеди Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). повеќе
|
|
|
| |
Ако се либерализира пазарот од 1 јануари, струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 30 отсто, а за фирмите за 90-100 проценти, вели д-р Јован Пејковски
Берзата ќе ја поскапи струјата за 300 отсто
Скопје 14 Септември (МИМ) -Струјата ќе поскапи за 300 отсто и малопродажбената цена од сегашните 4,4 евроценти за киловат-час ќе скокне на 14,4 евроценти ако се направи забрзана и неподготвена либерализација на пазарот на електрична енергија, предупреди вчера Јован Пејковски, професор по развојна економија. Тој направил анализа на ефектите од пазарната либерализација, која според најавените измени во Законот за енергетиката треба да почне од 1 јануари в година. повеќе
|
|
|
| |
Коридорот 8 преку Битола, наместо преку Гостивар
Скопје, 12 септември (МИМ) - Паралелно со изградбата на Коридорот 8, Македонија сака да направи и алтернативен пат на паневропската сообраќајница. Алтернативниот Коридор треба постоечкиот да го поврзе со Коридорот 10, односно преку делницата Битола- Велес да ја поврзе Македонија побрзо и полесно со коридорот Ц 4 во Бугарија. Оваа идеја ја промовираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на конференцијата посветена на Коридорот 8 во Бари, Италија. повеќе
|
|
|
| |
Португалските бизнисмени ја откриваат Македонија
Скопје, 11 септември (МИМ) - Постојат можности за инвестирање и соработка со Македонија- позитивна беше оценката на португалските бизнисмени и на македонската владина и бизнис- делегација на вчерашното прво претставување во Португалија.
„Португалските бизнисмени покажаа големо интересирање. Првпат се презентираме во Португалија и не сме доволно познати”, оцени министерката за економија, Вера Рафајловска, која ја предводи македонската делегација на повеќе
|
|
|
| |
По деветнаесет години градба, конечно е затворена браната „Лисиче” и почна да се полни акумулацијата
Лисиче” се полни, велешани конечно ќе пијат квалитетна вода
ВЕЛЕС 8-ми Септември (МИМ)– Велешани, конечно, го решија проблемот со здрава и квалитетна вода за пиење. Вчера, по деветнаесет години градба, конечно беше затворена браната „Лисиче” и почна да се полни акумулацијата од која велешани во следните најмалку сто години ќе се снабдуваат со вода за пиење.
повеќе
|
|
|
| |
САД заинтересирани за продажбата на ТЕЦ „Неготино”
Скопје 7 Септември (МИМ)-Американскиот Стејт департмент најавува дека ќе побара од македонската Влада одговори на отворените прашања што се однесуваат на тендерската процедура во која е продадена термоцентралата „Неготино”. Како што пренесува Телевизија А1, ова бил одговорот на заменик-портпаролот на Стејт департментот на прашањето на грчки новинар, кој се интересирал да дознае како САД ќе ги одбрани интересите на второпласираната фирма на тендерот „Сенкап”, која е во сопственост на неколку грчки и американски компании.
„Да почекаме што ќе бидат одговорите на македонската Влада пред да зборуваме што ќе преземеме понатаму”, изјавил гласноговорникот.
повеќе
|
|
|
| |
КУМАНОВСКА БАНКА НА ЧЕКОР ДО ПРОДАЖБА
Milestone почнува со откуп на акции во КИБ-Куманово
Скопје 6 Септември (МИМ)-Исландската Милестоне групација и дефинитивно влегува во Комерцијално-инвестиционата банка во Куманово. Сериозните намери за купување на банката, тие вчера ги обелоденија и преку соопштение во медиумите со кое ги информираат акционерите на банката дека согласно Законот за преземање на акционерските друштва имаат намера да објават јавен повик за откуп на обичните акции на КИБ Куманово. Вчера Управниот одбор на Банката донесе одлука да ја почне постапката за продажба за што денеска ќе биде информирана и Комисијата за хартии од вредност. повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
|<прв....
<претходен
следен>....
последен>|
|
|
|
|