|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.10.9.2010
|
|
|
|
| Архива на Економија :: вкупно 1480 вести :: |
|
|<прв....
<претходен
следен>....
последен>|
|
Промоција на вината на Езимит во Торонто
Скопје, 30 август 2010 (МИМ)
Во Банкет салата на црквата Свети Климент Охридски во Торонто викендов се одржа претставување на вина од продукцијата на винаријата Езимит од Штип. Пред неколку стотини присутни беа претставени повеќе видови вино на Езимит. Овој производител е на добар пат да добие лиценца за пласман на своите вина на многу атрактивниот и високо конкурентен канадски пазар. повеќе
|
|
|
| |
Еконимијата заздравува, но бавно
Скопје, 27 август 2010 (МИМ)
Економијата заздравува но бавно. Гувернерот Гошев пред пратениците ги сумираше показателите за лани, ги соопшти проекциите за годинава. Ризици за домашната економија има.
„Еден од ризиците е динамиката на зголемување на бруто надворешниот долг иако веќе е на прилично зголемено ниво. повеќе
|
|
|
| |
Формиран Економско-социјалниот совет
Скопје, 26 август 2010 (МИМ)
Трите социјални партнери следната недела ќе дискутираат дали да се скрати работната недела од 40 на 32 часа, како и дали да се субвенционира половина од платата на работниците што се испратени на принуден одмор. Овие и другите предлози на синдикалците и на работодавците би требало да се разгледуваат на првата седница на Економско-социјалниот совет, кој вчера и официјално се формира по повеќемесечни одложувања.
повеќе
|
|
|
| |
Или Владата е лош сметководител или буџетот е црна дупка
Скопје, 25 август 2010 (МИМ)
Милиони евра бараат министерствата и другите буџетски корисници, и ги билдаат нивните годишни побарувања од буџетот небаре преку ноќ ќе спроведат капитални проекти од историско значење. А во суштина, освен парите за плати и за тековни трошоци, не се способни да реализираат ниту некоја помала инвестиција. Завршната сметка на ланскиот буџет покажува дека и оваа влада продолжува неплански и од ракав да ги троши парите на граѓаните и дека нема крај на оваа тажна приказна, која се години се провлекува кај повеќе владејачки гарнитури.
повеќе
|
|
|
| |
МЖ ќе стане дел од екс-ју железницата
Скопје, 24 август 2010(МИМ)
Македонија се приклучува на новата железничка иницијатива која ја предводат Словенија, Хрватска и Србија, јавија од „МЖ-транспорт. Во јавноста се создаде погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса, вели за „Форум“, Оливер Дерковски, директор на „МЖ-транспорт“.
повеќе
|
|
|
| |
Македонија европски феномен во невработеност
Скопје, 24 август 2010 (МИМ)
Во Македонија стапката на невработеност не е само малку повисока отколку на други места во Европа. Дури и во споредба со други европски земји сериозно погодени од невработеноста, Македонија е приказна сама по себе. Во минатата година 32,3 % од вкупната работна сила во земјата биле невработени, е оценка на европската Агенција за статистика „Еуростат“. Ситуацијата е уште поочајна меѓу младите луѓе: бидејќи повеќе од 50 отсто безуспешно бараат работа.
повеќе
|
|
|
| |
АЦВ ќе испитува зошто авиобилетите се толку скапи
Скопје, 24 август 2010 (МИМ)
Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе чешла зошто авиобилетите од и до Македонија се толку скапи. Моментно билетите од Скопје до Европа ретко се под 100 евра, без пресметани аеродромски такси. Високите цени на авиобилетите се причина зошто македонските два аеродрома имаат мал број патници, а аеродромите во соседството работат турбо, а граѓаните повеќе се решаваат да патуваат со автомобил.
повеќе
|
|
|
| |
ДВОМИЛИОНСКИ ПЛАСМАН НА КРЗНЕНИ ОБУВКИ
"Димко Митрев" ја обу Скандинавија
Скопје, 21 август 2010 (МИМ)
Македонско-шведската фирма "Димко Митрев" од Велес во изминатите шест месеци од годинава од пласманот на крзнените производи оствари приход од 1,8 милиони евра. На пазарите во Шведска, Германија и други европски земји компанијата продаде над 200.000 крзнени обувки и поголем број други производи од крзно. Покрај ова, фирмата склучила договори со странски купувачи за целосен пласман на целото производство до крајот на годинава.
повеќе
|
|
|
| |
„МЖ“ не покажува интерес за обединување со Балканските железници
Скопје, 21 август 2010 (МИМ)
Македонија за сега не покажува интерес да се приклучи на заедничката железничка компанија која ја формираа Србија, Хрватска и Словенија со цел да го подобрат железничкиот транспорт на Коридорот 10. Додека трите земји веќе коваат планови како железничкиот сообраќај да го направат побрз и порентабилен, надлежните во земјава само молчат и креваат раменици. Денеска од Министерството за транспорт и врски, иако ни ветија, не добивме одговор дали Македонија има намера да се приклучи на овој проект. повеќе
|
|
|
| |
СПОРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ:
Владата треба уште многу да учи
Скопје, 20 август 2010 (МИМ)
Лошата инфраструктура, слабата институционална поддршка и неликвидноста се главните проблеми на кои му се пожалија компаниите лоцирани во индустриската зона во Визбегово на министерот за економија, Фатмир Бесими. Странските инвеститори се обесхрабруваат да влезат во земјава гледајќи ги проблемите со кои се соочуваат домашните компании, велат стопанствениците.
повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
|<прв....
<претходен
следен>....
последен>|
|
|
|
|