|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Среда.8.9.2010
|
|
|
|
| Архива на Култура :: вкупно 2339 вести :: |
|
следен>....
последен>|
|
НАУЧНА МАНИФЕСТАЦИЈА- СТРУШКА МУЗИЧКА ЕСЕН
Со македонската музика и танц во УНЕСКО
Скопје, 07 септември 2010 (МИМ)
Музикологија, музичка педагогија, медиавистика и етномузикологија се главните теми на кои македонските музички научници ќе расправаат на годинешнава манифестација Струшката музичка есен што од 10 до 12 септември по 35 пат ќе се одржи во Струга. Главниот акцент сепак, годинава ќе биде ставен на проблемите и перспективите на македонската музика.
повеќе
|
|
|
| |
Прилог за Јовица Тасевски – Етернијан на американска сателитска телевизија
Скопје, 07 септември 2010 (МИМ)
Во централната информативна емисија на американската сателитска телевизија „Сјуприм мастер ТВ“ неодамна беше емитуван прилог посветен на афирмираниот македонски поет Јовица Тасевски - Етернијан. Во прилогот Етернијан им е претставен на гледачите како истакнат и ценет поет, чии дела се проникнати со метафизичка перспектива, објавени во многу антологии и преведени на повеќе јазици. Исто така во емитуваниот прилог се наведува дека Етернијан е стручен консултант за македонска поезија во меѓународниот проект „Различни гласови“, кој е поддржан од УНЕСКО и дека ја има добиено индиската поетска награда „Восхитувачки поет“ за исклучителен придонес во современата поезија.
повеќе
|
|
|
| |
Тројца македонски студенти добија стипендии за студирање на „Кембриџ“
Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Тројца студенти од Македонија ќе ги продолжат своите студии на „Кембриџ“ со стипендија што ја обезбедува Фондот на овој универзитет заедно со Фондацијата Пексим. Вкупната сума за стипендирање на овие студенти, како што беше објавено на денешното додолеување на стипендиите и потпишувањето на Договорот за соработка меѓу Фондацијата Пексим и Фондот на Кембриџ за стипендирање на студенти од земји кои не се членки на ЕУ, е 145.000 евра. Обврска на стипендистите е по завршувањето на студирањето да се вратат во Македонија и во земјата да работат две години за една година стипендирање.
повеќе
|
|
|
| |
Фридман, Керим и Серафимовски добитници на наградата „Послание за хуманост на Мајка Тереза“
Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Американскиот славист д-р Виктор Фридман, дипломатот д-р Срѓан Керим и академик Томе Серафимовски се годинашни добитници на наградата „Послание за хуманост на Мајка Тереза“ што ја доделува граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Наградите вчера, на денот на упокојувањето на Мајка Тереза, ги врачи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на свеченост во Македонската академија на науките и уметностите, во рамките на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза.
повеќе
|
|
|
| |
Промовирана книгата „Македонија во античко време“
Скопје, 04 септември 2010 (МИМ)
Историското дело „Македонија во античко време“ од академик Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин и Ристо Стефов вчера беше промовирана во Домот на АРМ. Авторот Славе Николовски-Катин изјави дека книгата е излезена и на англиски јазик „Macedonia in Antient Times“ и го опфаќа периодот пред Христос до доаѓањето на Римјаните во Македонија. Книгата е поделена на неколку делови, во првиот дел е опфатен историскиот развој на Македонија во античко време, има текст за македонската империја, за војсководецот Александар Македонски, за Филип Втори, се до распадот на македонската империја.
повеќе
|
|
|
| |
ВО ДЕЛЧЕВО
Интернационален фолклорен и музички фестивал
Скопје, 04 септември 2010 (МИМ)
Во рамки на туристичко-фолклорната манифестација „Пијанечко-малешевска свадба“ вечерва на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржува Интернационален фолклорен и музички фестивал.
повеќе
|
|
|
| |
Златна плакета за КУД „Гоце Делчев“ во Италија
Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Ансамблот за народни песни и ора „Гоце Делчев“ неодамна реализираше уште едно успешно гостување во Сицилија, Италија, од каде што се врати со специјално признание „Златна плакета“ на градот Кастрореале. Игроорците, оркестарот и женската вокална група „Сирма“ учествуваа на Меѓународниот фолклорен фестивал што се одржа од 15 до 26 август, каде што на високо уметничко ниво претставиле дел од македонскиот фолклор. Покрај Кастрореале, ансамблот одржал концерти и во градовите Мацара, Сент Андреа, Фондачели фантина, Бафија, Пјаце дел мела, а заедно со ансамблите на Полска, Естонија и Италија, КУД „Гоце Делчев“ учествуваше и на дефилеата во Кастрореале и Бафија.
повеќе
|
|
|
| |
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Со донација на збирка книги од Петре М. Андреевски, „Медиа Принт Македонија“ вчера почна со акцијата „Збогатување на училишните библиотеки на средните училишта во земјава со изданија на МПМ“. Акцијата се организира по повод почетокот на учебната година, а со неа се опфатени вкупно 130 институции, меѓу кои училишта, центри за згрижување деца без родители и установи за згрижување деца со попреченост во развојот.
повеќе
|
|
|
| |
Изложба на Ирена Паскали во Келн
Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Ирена Паскали заедно со Денис Тис од Келн, утре во 18 часот, во Арт галерија 7 во Келн ќе ја отворат заедничката изложба со наслов „Experiment mit fotografie“. Изложбата е дел од реномиранaта манифестација „20. internationale Photszene K?ln“, која почнува утре и ќе трае до крајот на септември.
повеќе
|
|
|
| |
ВИКЕНД НА ЕДНА ПОИНАКВА КУЛТУРА
Уметници од седум нордиски земји во Скопје
Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Нордиската култура викендов во полно светло ќе се претстави пред македонската публика, која втора година по ред има можност да ужива во една поинаква уметност. Преку 30 уметници од седум нордиски земји во Скопје ќе презентираат дел од нивната култура. Актерите, ликовните уметници и дизајнерите од Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Фарските Острови, Исланд и Гренланд ќе се претстават со две театарски претстави, два концерта, изложба на млади дизајнери, а ќе бидат одржани и театарски работилници. Посетителите ќе можат да вкусат и специјалитети на нордиската кујна подготвени од Трина Хахнеман од Данска.
повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
следен>....
последен>|
|
|
|
|