1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
АКТУЕЛНИ НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
mpca
mpca
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Петок.10.9.2010
СЕДНИЦА НА СОБРАНИСКАТА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 1 ЈУЛИ * * * ПОСЕБНИ СРЕДБИ СО НИМИЦ, ИВАНОВ САМ, А ГРУЕВСКИ СО ПАПАНДРЕУ * * * ДЕНЕСКА ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО И ТИВКО ВРЕМЕ * * * ПРОДОЛЖУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ШАПКАР * * * ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ НА РЕДОВНИТЕ КООРДИНАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО * * * ПО ГАЛЕБ И ОСТАНАТИТЕ БРОДОВИ ПОДНЕСОА БАРАЊА ЗА СЕРТИФИКАТ * * * ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ ЌЕ ДОНИРА ПОМОШ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА * * * НОВИНАРСКОТО ‘ВОСТАНИЕ’ ЗАМЕНЕТО СО ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ * * * ПРЕМИЕРОТ ДА КАЖЕ КАДЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА * * * ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ‘8-МИ СЕПТЕМВРИ’ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ПРВ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК * * * ИЛУМИНАЦИЈА НА КАЛЕ * * * АНДРЕЈ ПЕТРОВ ВЕТУВАЛ ВРАБОТУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ * * * АНАЛИТИЧАРИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОЦЕНКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ * * * ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОМАЛИ ЗА 64 МИЛИОНИ ЕВРА * * * ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЛСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА * * * МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КРУГОТ СОМНИТЕЛНИ ЗЕМЈИ * * * ПЕЛАГОНИЈА ПОД ТУТУН * * * НА ПРОДАЖБА ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА ОД БИТОЛСКИ ‘ТРАНСКОП’ ВО СТЕЧАЈ * * * ПРЕТРЕСОТ ВО ‘ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ’ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА * * * ПОРАСНАЛА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО

Архива на Активности :: вкупно 1793 вести ::
    следен>.... последен>|


Честитка по повод Денот на независноста



Скопје 07 септември 2010 (MИМ)
По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија, Иван Џо упати срдечни честитки и искрени желби до сите граѓани на Република Македонија за мир, благосостојба, просперитет, подобра иднина и лична среќа.

„Одбележувајќи го 19. роденден на самостојна и суверена Македонија, ние продолжуваме со изградбата на демократско, граѓанско општество, цврсто решени во него да ги вткаеме современите цивилизациски придобивки и да ја негуваме славната традиција на нашите предци”, вели во честитката претседателот, посакувајќи им мирен и безбеден живот и лична среќа на граѓаните.

Во честитката Петрески го потенцира значењето на овој клучен историски датум на кој се поставени темелите на независноста и сувереноста на македонската држава, како патоказ за изградба на демократско и граѓанско опшeство. повеќе
 


Сите во одбрана на БЈРМ

Ненад Новковски

Скопје, 07 септември 2010 (МИМ)
Чудни работи се случуваат на патот кон ЕУ и НАТО! Едно по друго се наредија голем број активности во кои централно место зазема употребата на терминот БЈРМ од страна на претставници на нашата власт. Тоа самото за себе претставува отстапување од утврдената линија на однесување, според која и кога од другата страна не нарекуваат со тој термин, нашите претставници имаат обврска да го употребуваат зборот Македонија во соодветен контекст: било како Република Македонија или како влада на Република Македонија. повеќе
 


Среќен роденден, Македонијо!

Џејсон Мико

Скопје, 07 September 2010 (МИМ)
Каква е денес ситуацијата во Македонија, 19 години од прогласувањето независност од Југославија? И во кој правец се движи Македонија и каде ќе биде кога ќе прославувате 20 години самостојност како модерна нација? Да видиме што велат минатото и иднината.

За почеток, бидејќи 18 години активно сум вклучен во случувањата во балканските земји и 14 години во Македонија, при што седум години живеев тука, со сигурност можам да речам дека Македонија е тука и „не заминува“ никаде. повеќе
 


Време за побрзо созревање

Ристо Дамјановски

Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Овогодишната прослава на Илинден, како и многу други одбележувања на настани и личности, ме поттикнаа да размислам каков е актуелниот вредносен систем во Република Македонија, од причина што во медиумите читам, слушам и гледам различни видувања, коментари, па и конфронтации околу прославите на нашето минато. Судбината била таква да се најдам на разни должности, па и во кризни моменти во поранешната држава СФРЈ. И во тие услови сум бил свесен и горд дека сум Македонец, но и Југословен, како припадник на нашата заедница, како и многу други, но кои се разликуваат од мене што сега е конјуктурно за кариера и профит. повеќе
 
ЛАГИТЕ КАКО ОПШТО ЈАВНО БОГАТСТВО

Пред пропаст

Мерсел Биљали

Скопје, 06 септември 2010 (МИМ)
Изгледа се’ уште не сме психички подготвени за да живееме како нормални, првенствено поради тоа што не’ водат луѓе кои со светлосни години се далеку од поимот - одговорен водач. Материјалното и моралното ни се пред тотална пропаст, а сиромаштијата ни се претвора во наше најголемо богатство. Тоа е така кога во име на високи идеали и јавната хигиена лагите се воздигнати во ниво на јавно општо богатство. Тоа е така кога не’ водат луѓе со празна душа, празен морал, празна глава, а со полни џебови и стомаци. повеќе
 


Времето се открива

Дане Талески

Скопје, 04 септември 2010 (МИМ)
Пред пет години Никола Груевски стана премиер на Република Македонија. Изборите ги доби со ветување за економска преродба. Ветуваше дека неговата политичка програма е насочена кон заздравување на нашата економија. Ветуваше дека ќе го подобри животниот стандард, дека ќе ја намали невработеноста и сиромаштијата. Освен тоа, ветуваше дека стручноста ќе се цени, дека администрацијата ќе биде професионален сервис на граѓаните, судството ќе биде независно и борбата против корупција ќе биде зајакната. Се разбира, ветуваше и дека ќе работи посветено за Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ во најкратко можно време. Со тие ветувања ги доби изборите во 2006 година. повеќе
 


Нечист политички театар

Јове Кекеновски

Скопје, 04 септември 2010 (МИМ)
Многубројните афери и партиски „вистини“, кои во бранови, една по друга, секојдневно ја потресуваат македонската политичка сцена, претставуваат корисна подлога за анализа на политичките згоди и незгоди во државата. Исто така, тие можат да бидат и клуч за решавање на многубројните заткулисни игри, политички и партиски надмудрувања, како и откривање на бизнис-плановите меѓу политичарите и ново-старите бизнисмени. Сите овие случувања се покриени со мистериозна наметка, на која најчесто е залепена етикетата „долгорочен проект од општ јавен интерес“. повеќе
 


Игноранција на тоталитаризмот

Димитар Мирчев

Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Минатата година Европскиот парламент во Стразбур усвои еден многу значаен акт - Резолуцијата за европската свест и тоталитаризмите. Речиси сите европски парламенти, потоа ја потврдија со свој акт или ратификација таа резолуција или пак донесоа свои, специфицирани резолуции. Некои повеќе го истакнуваа нацизмот, некои, фашизмот, некои сталинизмот, антисемитизмот, комунизмот итн., но никаде немаше игноранција на тој акт. Тоа беше по повод 65-годишнината од крајот на Втората светска војна. повеќе
 


Без срам и без страв

Никола Поповски

Скопје, 03 септември 2010 (МИМ)
Настаните на македонската политичка сцена се одвиваат со филмска брзина, а се' уште ни летните одмори не се целосно завршени. Власта на ВМРО-ДПМНЕ очигледно ја води државава со голема доза на своја сопствена, неискрена и опасна пресметаност и со арогантност кон сите поинакви мислења и убедувања. Таа ќе биде во тој свој филм се' додека не препознае дека на другата страна постои моќна и организирана политичка артикулација на различноста што може да ја доведе во непријатна ситуација на, де факто, одговорност и да и' ја згорчи комоцијата на ваквото владеење. повеќе
 
ЕДИТОРИЈАЛ

Фамилијарниот бизнис во Центар

Деспина Трајковска

Скопје, 02 септември 2010 (МИМ)
Bладимир Здравев остана на чело на Советот на Општина Центар. Ја напушти фотелјата во моќната државна компанија МЕПСО за неудобното советничко столче. Ја остави и петпати поголемата плата за сметка на советничкиот паушал. За да остане народен избраник, се откажа и од многу привилегии и повластувања. Два и два се пет само во политиката, што јасно се гледа и од математиката на Здравев. повеќе
 
    следен>.... последен>|

ФОТОГАЛЕРИЈА
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Тетово
Денес
33
Утре
33
Задутре
32
Скопје
Денес
35
Утре
35
Задутре
36
Крива Паланка
Денес
32
Утре
31
Задутре
32
Берово
Денес
30
Утре
31
Задутре
32
Штип
Денес
35
Утре
36
Задутре
36
Гостивар
Денес
34
Утре
33
Задутре
34
Велес
Денес
35
Утре
35
Задутре
35
Демир Капија
Денес
36
Утре
36
Задутре
36
Дебар
Денес
29
Утре
30
Задутре
32
Прилеп
Денес
34
Утре
35
Задутре
36
Гевгелија
Денес
38
Утре
38
Задутре
38
Охрид
Денес
32
Утре
33
Задутре
34
Битола
Денес
33
Утре
34
Задутре
34
ВРЕМЕТО ВО ЕВРОПА
ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.