Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Женски бал по повод 8 Март во Мелбурн

Женски бал по повод 8 Март во Мелбурн

05.04.2024

По повод 8 март, Меѓународниот ден на жените, во Шелдон Рецепција се одржа традиционалниот Женски бал, на кој присуствуваа околу 500 припаднички на понежниот пол.
Организатор и годинава беше сопственичката на Шелдон Рецепција, Лидија Нешковски која како и секогаш и годинава се претстави како врвна бизнисменка, професионална, харизматична и со многу емпатија и разбирање за своите клиенти.
Лидија Нешковски како домаќинка на оваа традиционална забава и една од најистакнатите членови на Македонската заедница во Австралија, со пригоден говор им се обрати на гостинките, истакнувајќи го нивниот придонес за заедницата и воопшто за улогата на жената и им се заблагодари на сите посетителки, честитајќи им го денот.
И годинава специјална гостинка на Женскиот бал беше министерката за бизнис, млади и ветерани, Натали Сулејман, која и’ додели признание на една од највредните македонски жени во Викторија, Елизабет Сандерс. Елизабет Сандерс не само што е лидер во својата струка, туку со години неуморно работи за подобрување на Македонската заедница, специјално за едукација на децата со македонско потекло. Да потсетиме Елизабет Сандерс е потпретседател во едно од најистакнатите – Македонско културно уметничко друштво “Гоце Делчев”.
На прославата присуствуваа и Розета Стојковска, д-р Сузана Котевска и други Македонки.
Присутните ги забавуваше еден од најдобрите и најбарани македонски оркестри Дрим тим со пеачката Татјана Стефановска со прекрасни македонски песни и ора.
Шелдон Рецепција и овојпат понуди мени со традиционални македонски јадења.
Сите дами кои присуствуваа на Женскиот бал добија јапонски орхидеи.
error: Content is protected !!