Skip to content

ОМО Илинден Пирин

Поддршка за Македонците во Албанија

Поддршка за Македонците во Албанија

26.09.2023

Нашите браќа од Мала Преспа, Голо Брдо, Пустец и останатите краишта на Албанија, секогаш знаеле да застанат рамо до рамо со нас, бидејќи страдаме од исти неправди и исти центри на пропагандата.
Со овој исечок од Книга „Милениумски сведоштва за идентитетското име“ сакаме да допреме до секој еден од нив, но и да испратиме јасна порака на истите негатори кои не негираат и нас, а знаат да се сликаат со малолетни дечиња делејќи им бугарски книги и календари, злоупотребувајќи ги за сопствените пропаганди.
1923 год. – Италијански висок комесар во Цариград, Италија.
„Предмет: Бугарски села во Албанија.
Во врска со мојот акт бр. 4337/616 од 15 апр о.г. и телеграма бр. 236237/258 од 22 август о.г. Министерството, чест ми е да ја известам В.Е. дека со посредство на кр. воен аташе на ген. Марков му ги пренесов информациите кои тој ги побарал во врска со бугарските села на албанската територија.
Според моите упатства, кр. (кралевско) воено аташе усмено ги дал бараните информации за да избегне на генералот Марков да му остави примерок или изводи од документите кои ги добив од Министерството. Истакна дека селата за кои наведениот генерал се интересира и од самите жители се нарекуваат македонски, а не бугарски.“
Бидете истрајни и горди на тоа што биле вашите предци – МАКЕДОНЦИ!
Како такви запишете се на тековниот попис во Албанија.
error: Content is protected !!