Skip to content

Осуда за Бугарија од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Софија со бесплатни лекарски прегледи ги навлекува македонците да се пишат Бугари

Софија со бесплатни лекарски прегледи ги навлекува македонците да се пишат Бугари

22.08.2023

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Мала Преспа да ги прави Бугари кои таму ги нема.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско. Имено фондацијата „Бугарска меморија“ објави дека од 18 до 20 август 2023 година, лекари од Бугарија ќе прават бесплатни превентивни прегледи во области со бугарско население во Република Албанија.
Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа.
И на Македонците низ цела Албанија им е јасно дека најавената акција за бесплатни прегледи на пациенти треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари на претстојниот попис во Албанија. За Бугарија, како држава, еден од приоритетите при докажувањето дека Македонците во Македонија се Бугари, претставува и одржувњето на монструозната измислица дека, ние, Македонците од Албанија ќе се побугариме и дека тие кои ги имат нашите лични податоци би ги искористиле и од нас би направиле Бугари на хартија со измама на пописните резултати.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонското население во Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на Софија на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените жители Македонци, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија.
error: Content is protected !!