Skip to content

Во Белград

Отворена манифестација „Денови на македонската култура“

Отворена манифестација „Денови на македонската култура“

16.05.2023

Манифестацијата Денови на македонската култура годинава насловена „Допир со Македонија“ синоќа беше отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат сè“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“.
На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни обраќања и поздравни зборови имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура.
„Очите се порта и премин помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, па затоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата“, се наведува во текст за изложбата подготвен од Синиша Новески.
error: Content is protected !!