Skip to content

Македонска заедница во Грција

Божествена литургија на 13 Април во С’ботско

Божествена литургија на 13 Април во С’ботско

12.04.2023

На Велики Четврток, 13 април 2023 година, во С’ботско (Аридеа) за прв пат ќе се одржи Божествена литургија во новиот простор на црквата Света Злата Мегленска.
Добредојдени се сите добронамерници кои сакаат да присуствуваат на овој историски настан во С’ботско, Беломорска Македонија.
Божествената литургија ќе трае од 7:30 до 10:00 часот по локално време.
На Божествената литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас, Архимандрит Мегленски.
error: Content is protected !!