Skip to content
Центар за македонски јазик во Грција

Ако можело во 1920 година, зошто не може и во 2022 година?

Ако можело во 1920 година, зошто не може и во 2022 година?

21.12.2022

Иако денес постоењето на македонскиот јазик и на македонските дијалекти во Грција не се признаваат од страна на грчката влада, ќе напоменеме одредени моменти од историјата кога македонскиот јазик всушност бил експлицитно признаен во земјата.

На пример, пописот од 1920 година – кој претставува прв попис по вклучувањето на „Новите територии”, односно на денешна Северна Грција во рамките на грчката држава – експлицитно го забележува, а со тоа и го признава македонскиот јазик!

Подолу е поместен извадок од страниците 181-182 од пописните податоци од 1920 година за областа Трикала (географски лоцирана во регионот Тесалија и Арта, јужно од „Новите територии”).

Притоа, како што се забележува, графата која се однесува за мајчиниот јазик на населението во оваа област ги содржи следните јазици: грчки, шпански, албански, бугарски, куцовлашки, српски и 37 лица од Трикала (веројатно работници од македонски региони) кои го изјавиле нивниот мајчин јазик како македонски.

Благодарение на дигитализацијата на архивите, целиот том со пописните податоци од Пописот во 1920 година може да се преземе од официјалната веб-страница на Грчката статистичка служба:

http://dlib.statistics.gr/…/portal/ESYE/showdetails…

error: Content is protected !!