You Are Here: Home » Вести » По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го предава македонскиот народ и држава

По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го предава македонскиот народ и држава

По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го предава македонскиот народ и држава

Уште во 2010 година писателот Блаже Миневски го објави романот „Свирци“, во кој преку симболичен Оркестар за погреби  во состав:  зурлаџијата (Киро Глигоров), шупелкарот (Бранко Црвенковски), тамбурашот (Љубчо Георгиевски), тапанарот (Никола Груевски) и свирачот на дудук (Зоран Заев), видовито го оцрта крајот и погребот на македонската држава.

Да биде уништена цела држава за 26 години е голема работа и напорен труд. Колку од надвор, толку и од внатре. Во последниот век се сеќавам само за еден сличен случај – Чехословачка пред Втората светска војна.  Во 1938 година нејзините гаранти Франција и Велика Британија (како што сега се во однос на Македонија, божем се САД и ЕУ) ја убедуваа доброволно да ја даде на Хитлер Судетската област.

Веднаш потоа, Унгарија ја зазеде Јужна Словачка, другиот дел е трансформиран во автономна Словачка и за 5 месеци Чехословачка е уништена. Разликата меѓу неа и Македонија е во тоа што во Судетската област живеело германско населениe кое процентуално било со над 50 отсто но, денес Македонија се трансформира во трета албанска држава на Балканот само со 16 отсто албанско население.

УНИШТУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ОДВИВА НА ИСТ НАЧИН КАКО ВО ЧЕХОСЛОВАЧКА – ВО ИМЕ НА МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА РЕГИОНОТ.

Од 1991 година  до денес владите во Македонија се само од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ но, во меѓувреме Македонската држава од самостојна стана протекторат, потоа колониа, а сега е пред изчезнување, вината е на тие партии. Нивна општа вина е и таа што прифатија во своите влади партии на албанското малцинство и овозможија нивен сепаратизам.

Вистина е дека ПОТЕГОТ ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ДОЈДЕ ОД СДСМ  со менување на Уставот, со прифаќање на референцата  наместо македонското уставно име  и со потпишувањето на Декларација со Грција и одлуката да се преговара за Македонското име. Се знае дека преговори не се водат, доколку не си подговени за компромис. Законот за територијална поделба исто така беше протуркан од СДСМ.

Истовремено, вистина е дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше потпишана капитулантска Декларација со Бугарија со која се откажавме да го браниме нашето македонско национално малцинство, а потоа го пониживме нашиот автентичен македонски јазик до службен јазик. Притоа и овозможивме на Бугарија да не блокира во обидите да се зачлениме во меѓународни организации. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше потпишан и капитулантскиот Охридски (Рамковен) договор во резултат на намерно изгубената војна со косовските терористи. Тој капитулирачки Договор беше преточен во македонскиот Устав, кој со неговите 19 амандмани веќе наликува на партал.

ОД 2006 г.  НАВАМУ 10 ПАТИ ПО РЕД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЈА ДАВАШЕ СВОЈАТА ДОВЕРБА НА ВМРО-ДПМНЕ.  ВО ЗАМЕНА НА ТОА, ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, НАРОДОТ НЕ ДОБИ НИШТО. УШТЕ ПОЛОШО. РЕВИДИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ПРОДОЛЖИ.

Зошто досега ВМРО-ДПМНЕ не заврши ниту еден свој мандат? Оправдувањата од аспект дека СДСМ симнува вмровските влади или не им дава можност да го довршат мандатот, се смешни. Ако една партија и влада дозволат пред време да ги симнат од власт, тоа значи дека не чинат. Уште повеќе, ако навистина ги бранат државните интереси.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ до денес не прати ниту еден функционер од СДСМ  во затвор за национално предавство?

Зошто не беше пратен во затвор ниту еден крупен криминалец? Зошто владејачката ВМРО-ДПМНЕ и влада го пика народот и државата во рацете на своите непријатели од САД и ЕУ? Зошто не реагира против директните територијални аспирации на своите соседи? Зошто ВМРО-ДПМНЕ постојано се улизува на тие кои отворено сакат да го уништат македонскиот народ и држава? Зошто ВМРО-ДПМНЕ допушти да немаме веќе ниту еден пријател на Балканот како и заладувањето на односите со Србија и Турција? Зошто беше прифатен и потпишан Пржинскиот договор, кој беше уште еден чекор во уриването на државата? Зошто ВМРО-ДПМНЕ даде можност да се демолираат македонските државни институции и Уставот со гласањето на антиуставното СЈО?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ удри и врз Претседателската институција, иако со својот минатогодишен потег за аболиција, Претседателот Иванов спречи граѓанска војна во Македонија, а надвор од тоа им ги спаси и главите на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ отиде кај рускиот амбасадор за поддршка, а кога Русија истата ја даде преку министерот за надворешни работи Лавров,  ВМРО-ДПМНЕ излезе со негативен став додворувајќи му се на САД. Обичните луѓе  го нарекуваат дволичниот однос кон Претседателот и кон Русија – ПЕДЕРСКА РАБОТА. Луѓето кои моментално го окупирале раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го излажат ниту своето членство ниту вистинските македонски патриоти дека се спремни да се борат со македонските непријатели. Како ќе се борат? – Со тоа, што ја даваат Македонија на послужавник на странските и на домашните окупатори!

АКО ЕДНА ДРЖАВА МОЖЕ ДА ОПСТОИ САМО СО ДЕКЛАРАЦИИ, КОНСТАТАЦИИ, ЗБОРОВИ, ВЕТУВАЊА, ЗАКЛЕТВИ И ТАКА НАТАМУ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕШЕ ПРВАТА ВО СВЕТОТ. САМО ШТО, СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА НЕ ПАМЕТИ ТАКВА ДРЖАВА. СИТЕ ДРЖАВИ СЕ БРАНАТ СО КРВ И ЖРТВИ, ТАКА Ѝ СЕ СОЗДАЛЕ. МАКЕДОНИЈА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ  ИСКЛУЧОК.

На 11 декември Македонскиот народ, иако разочаран од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, повторно им ја даде доверба. Недела подоцна Груевски изјави: „Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија“. На 11 февруари Груевски ја смени плочата: „Ако СДСМ ја прифати платформата (албанската), ние сме подготвени да одиме во опозиција, и ќе направиме сè што е во наша моќ да не се прифатат таквите барања кои ќе го нарушат мирот“. ТАА ТЕЗА ЗА МИРНО ПРЕДАВАЊЕ НА ВЛАСТА ГРУЕВСКИ ЈА ТУРКА ВЕЌЕ ТРЕТА ГОДИНА, ЗАДСКРИЕНА СО ПАТРИОТСКИ ЛОЗУНЗИ. Мирното уништување на државата им го ветува и на странците, вклучително на средбата со британскиот министер за Европа Алан Данкан  и амбасадорот  Чарлс Гарет.

Да се потсетиме дека тоа е амбасадорот кој со американскиот амбасадор Бејли е надлежен за распарчување на Македонија, координатор на косовските терористи и на прислушувањето. ВО МОМЕНТОТ КОГА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВРИЕ ОД ГНЕВ ПРОТИВ ПЕТТЕ СЕПАРАТИСТИЧКИ АЛБАНСКИ ПАРТИИ: СДСМ, ДУИ, БЕСА, АЛИАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ, ДПА.

ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА  ВМРО-ДПМНЕ  ДОНЕСЕ ОДЛУКА „ДЕКА ПАРТИЈАТА И ИЗБРАНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВАТ НА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ВАКОВ КАТАСТРОФАЛЕН ЗАКОН (ЗА ЈАЗИЦИТЕ) И ЌЕ ПРЕЗЕМАТ СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА ДА ЈА ЗАШТИТАТ ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ“. Значи ги прифаќаат антидржавните елементи да добијат мандат, ги прифаќаат тие елементи да формираат влада и да господарат со државата и со животот на македонците, ама ќе се спротивставеле на ’некои делови од албанската платформа‘. ДОСТА ВЕЌЕ ВИЕ ЛАЖНИ ПАТРИОТИ ОД РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ! СО СВОЈАТА ОДЛУКА ВИЕ САКАТЕ ДА ЈА ДЕМОЛИРАТЕ МОМЕНТАЛНО ЕДИНСВЕНАТА АДЕКВАТНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА – ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА .  САКАТЕ ДА ИЗВРШИТЕ ПРИТИСОК ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ  ЗА ДА ПОДЛЕГНЕ НА ВАШЕТО ПРЕДАВСТВО И ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ.  ЗАТОА И ВО АКТУЕЛИЗИРАНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА  ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НАМЕТНУВА БЕЗПРОБЛЕМНА ТРАНЗИЦИЈА ВО ПРЕДАВАЊЕТО НА ВЛАСТА.

Уште пред година напишав дека Вашингтон и Брисел ќе се обидат да го искористат Груевски за нивните цели да ја уништат Македонија без војна во име на мирот и стабилноста на другите балкански држави. Да станеме курбан заради другите.

ЗАТОА МОРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА НЕ ЈА БАРА ПОДДРШКА ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ ТУКУ ЦЕЛОСНО ДА СЕ САМООРГАНИЗИРА ЗА ДА ГО БРАНИ СВОЈОТ ЖИВОТ И СВОЈАТА ДРЖАВА. ОТВОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ И УШИТЕ, КОРИСТЕТЕ ГИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ИЗЛЕЗЕТЕ НА УЛИЦА ЗА ДА ГО ПОДДРЖИМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ  ДА НЕ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ТЕРОРИСТИ И УБИЈЦИ.

 

© 2012 Матица на иселниците од Македонија - Сите права ги задржува МИМ

Scroll to top