You Are Here: Home » Насловна » Традиционалистите со седум злата од ЕП

Традиционалистите со седум злата од ЕП

Традиционалистите со  седум злата од ЕП

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна извонреден резултат, освојувајќи 12 медали на Европското првенство (ЕП) во Крањска Гора, Словенија. Од нив, седум се златни, две сребрени и три бронзени.

Кај сениорите злато во ката и во борби освои Дејан Недев, неговата сестра Јадранка е европска првенка во фукуго, а освои и бронза во борби, додека Матеј Ангеловски освои сребро во кого кумите.

Кадетката Мила Саздова освои дури три златни медали и тоа во ката, во фукуго и во кого кумите. Младинката Ивона Лаушевиќ се закити со бронза во кого кумите, репрезентативките во јуниорска ката-конкуренција Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска станаа европски првенки, а Милевска освои и бронза во кого кумите за јуниорки.

© 2012 Матица на иселниците од Македонија - Сите права ги задржува МИМ

Scroll to top