You Are Here: Home » Дијаспора » СИДНЕЈ: НИШТО НОВО СО ПРИЗНАВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД АВСТРАЛИЈА

СИДНЕЈ: НИШТО НОВО СО ПРИЗНАВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД АВСТРАЛИЈА

СИДНЕЈ: НИШТО НОВО СО ПРИЗНАВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД АВСТРАЛИЈА

Пред македонската заедница во Австралија никогаш не сум ветила дека Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име. Ветувањето беше дека Австралија ќе го разгледа прашањето и дека се водиме од официјалната одлука на ОН и дека нема да има поместување додека Скопје и Атина не најдат решение, изјави министерката за надворешни работи Џули Бишоп на средбата во Сиднеј со претставници на македонската заедница.

Оваа средба ја организираше пратеникот Дејвид Колман, еден од големите пријатели на Македонците кој досега неколку пати го покренал ова прашање во парламентот. На неформалната средба присуствуваа и Оливер Димоски, член на либералите, претставници на МПЦ, на хуманитарната заедница „Св. Архангел Гаврил“ и на училиштето за македонски јазик од Пикхрст.

Во однос на можното отворање на австралиска амбасада во Македонија, министерката Бишоп изјави дека немањето амбасада не е поврзано со името, туку е чисто од финансиски причини, ама во догледно време доколку се има доволно буџет ќе го разгледаат списокот на земји каде што треба да отворат амбасади, јави локален медиум.

© 2012 Матица на иселниците од Македонија - Сите права ги задржува МИМ

Scroll to top