75 години од основањето на Македонскиот народен театар

MNT-1.jpg

Македонски народен театар е државен театар во Скопје и најстара театарска установа во Македонија.

Основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот Народен театар „Крал Александар I“. Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски театар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Димитар Ќостаров — режисер и директор на Драмата;
Илија Милчин — глумец и режисер;
Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков — глумци;
Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо — сценографи.
Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top