Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 20-ти мај во „Домот на АРМ” ќе одржи целовечерен свечен концерт, кој веќе љубителите на традицијата и фолклорот секоја година го очекуваат.
Долгогодишната манифестација заслужува почит во месец мај кој посекако изобилува со мноштво настани од културата.
Оваа година солист ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.
АКУД „Мирче Ацев“ одбележува 70 години од своето постоење и во текот на следниот период има предвидено голем број настапи и концерти, а веќе во летниот период е планирано и 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.
Љубители на традицијата и фолклорот, Ве покануваме на 20-ти мај во Домот на АРМ.
Концертот започнува во 19:30 часот.