61. МАКЕДОНСКИ ПИКНИК ЗА ИЛИНДЕН ВО ТОРОНТО

.jpg

Во организација на Организацијата Обединети Македонци во Канада, по 61. пат вчера во Торонто се одржа традиционалниот Илинденски пикник по повод големиот национален и верски празник на Македонскиот народ – Илинден.

На прославата присуствуваа повеќе илјади Македонци од Канада. Програмата ја водеа Соња Лозановска и Никола Делов, секретар на Организацијата Обединети Македонци во Канада.

По молебенот во помен и за спомен на сите загинати и упокоени за слободата на Македонија, што го одржаа свештеници на Американско-Канадската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, поздравни говори одржаа претставници на повеќе македонски организации и црковни општини во Канада.

Свои обраќања имаа пред присутните имаа претседателот на Организацијата Обединети Македонци Драги Стојковски и претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов со пораки “Никогаш северна, само Македонија!”

Прославата помина со богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора и секако вкусна македонска кујна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top