Џоломарите од Бегниште ги избркаа злите духови и освоија награда на карневал во Варна

dzolomari_varna_01-678x381.jpg
Џоломарите од Бегниште ги избркаа злите духови и освоија награда на карневал во Варна, Бугарија. Претседателот на џоломарската група, Орданче Лазаров информираше за МИА дека всушност по втор пат учествуваат на овој карневал и по втор пат освојуваат награда за маска од странска држава.
-Забавата под маски на отворено, се одржа по петти пат во бугарскиот град Варна. На фестивалот продефилираа над 1.500 учесници или 90 групи. Ние бевме единствени претставници од нашата држава. Освен нас, на карневалот имаше и учесници од Русија, соопшти Лазаров.
Тој потсети дека џоломарската традиција се негува со векови во Бегниште.
Џоломарите се мажи со лица исцрнети со саѓи, преправени со долги бради и кожувчиња, грпки. Со клопотарци и стапови прават врева и ги бркаат лошите духови, правејќи место за здравјето, среќата и добрината. Во групата има и двајца мажи преправени во невеста и баба, кои ја симболизираат плодноста и мудроста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top