Љубов и револуција: Рок концерт на Филхармонија во Градски парк

revolucija.jpg

Македонската филхармонија во соработка со Град Скопје и Младинскиот културен центар ќе одржи концерт на отворено во Градскиот парк во Скопје.

Концертот за кој аранжаманите ги направи Џијан Емин ќе се одржи на 29 јуни со почеток во 21 часот.

Со симфонискиот оркестар ќе настапат и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски, бенд во состав Александар Поп Христов (гитара), Зоран Костадиновски (гитара), Иван Бејков (бас) и Гоце Стевковски (тапани), а диригент ќе биде ЕМин.На програмата се популарни теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Дејвид Боуви, „Рамштајн“…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top