Шехтански: Кога Македонците иселеници ќе се вратат, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава

shehtanski44.png

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој воедно е и политичар и претседател на политичката партија ТМРО на својот профил на Фејсбук напиша дека кога Македонците иселеници ќе се вратат во Македонија, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава.

„Кога Македонците иселеници ширум светот, ќе си се вратат заедно со своите внуци, кога ќе си ги откупат имотите што повеќето ги продале, кога ќе почнат да инвестираат тука, тогаш ќе има желба и мотив за сите нас, за Македонска национална држава.

За такво нешто требаат Македонци ама во Македонија. Сега засега, немакедонците се тие ,што тука газдуваат“, напиша Шехтански а подолу во коментар додаде:

По таа логика сите треба да избегаме. Немојте да мислите дека некој ќе жртвува свој живот и генерации по него , за други иљадници километри од тука да се удираат во гради.

Евреите имаа иста судбина па се вратија во Израел после десетина века, така да и Македонците или ќе бидат во Македонија или без Македонци нема да има Македонијa“, напиша Шехтански на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top