Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

megunaroden-den-an-majciniot-jazik-768x367.jpg

Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21 февруари, упатува искрена честитка до македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

„Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции“ – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top