Чествување за Матеја Матевски

Mateja-Matevski.jpg

Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, што го приреди поетот Раде Силјан утре во 12 часот,  во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на големиот македонски поет.

За богатиот опус на Матевски и за неговото значење во современите текови на македонска литература ќе говорат академик Витомир Митевски и писателот Паскал Гилевски. Стихови ќе читаат македонски писатели, следбеници на неговото дело, а свеченоста ќе ја збогатат македонските музички виртуози Драган Даутовски и Васил Атанасов.

Матеја Матевски (Истанбул,1929 – 2018,Скопје ) спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература.

Автор е на дваесет и четири поетски книги, на седум книги со критики и есеи, а преведе на македонски јазик шеесет книги од шпански, француски, руски, српски и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни награди. Во 2011 година беше носител на престижната меѓународна награда „Златен венец на Струшките вечери на поезијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top