Формирана комисија за следење на кампањата и изборите

izbori-1.png

Основното обвинителство формираше комисија чија задача ќе биде следење на изборните нерегуларности. Комисијата со работа почна од вчера, односно од првиот ден на кампањата, а како што информираат, ќе преземаат мерки за секоја незаконитост. Во комисијата членува по еден обвинител од Вишите обвинителства и еден од Основното обвинителство – Скопје. Републичкиот обвинител Џељал Бајрами, ги повика граѓаните кои ќе наидат на некаква нерегуларност, истата да ја пријават на отворената и-мејл адреса која е наменета исклучиво за ова прашање.

„За потребите на оваа комисија, веќе е отворена електронска адреса izbori@jorm.gov.mk на која сите граѓани ќе можат да пријават можна нерегуларност за време на изборниот процес. Исто така оваа комисија ќе работи од првиот ден од изборната кампања, значи ќе ги следиме сите активности поврзани со изборите и каде и да забележиме дека има неправилност во која може да се вклучи Обвинителството и да преземе активности, секако дека ние ќе преземеме мерки“, изјави Џељал Бајрами – републички обвинител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top