Во петок, од 19 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде прикажан документарниот филм посветен на минатогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски.
Во филмот кој е автопортрет на поетот преку луцидни прашања и одговори Загајевски ја презентира својата поезија и поетика. Комплетен автор на документарецот е Диме Ратајкоски а филмот е заеднички проект на МТВ и СВП.
Премиерата на документарецот се случи во Скопје неодамна а филмот по Охрид наскоро ќе биде прикажан и во други градови низ државава.