Друштвото на ликовни уметници, на редовно годишно Собрание, избра нов претседател и членови на управните тела. Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на ДЛУМ, а за потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. Тие се дел од Управниот Одбор, во чиј состав членови се и Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.
За нов претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а членови се : Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.
Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф.