Усвоена Националната стратегија за дијаспора

ademi-edmond.jpg

Најавена во 2017 година, Националната стратегија за соработка со дијаспората дури сега го виде светлото на денот. Таа се заснова на четири столба, а се однесува на периодот 2019-2023 година. Ваквата стратегија, која вчера помина на владина седница претставува нов концепт за соработка на државата со дијаспората.

Министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми вели дека во нејзината изработка учествувале самите иселеници, експерти и претставници од невладиниот сектор:

„Четирите столба на кои се базира Стратегијата се: Политичко-правни и конзуларни прашања, Дијаспората и економскиот развој, Образование, наука и млади и Културни врски, културен идентитет и културно наследство. Во периодот што претстои започнуваме со анализа за потребата од изготвување законско решение коешто системски и сеопфатно ќе ја уредува и унапредува соработката на државата со дијаспората“.

Во 2021 година, оваа Стратегија и акцискиот план ќе бидат ревидирани. Ревизијата ќе треба да покаже дали треба да се поправат некои елементи и дали при нејзината подготовката амбициите биле превисоки.

Националната стратегија за дијаспора, министерот Адеми ја најави на прес конференција уште во август 2017 година, откако Владата тогаш на седница ја усвои потребата од изготвување на ваква стратегија, која првично требаше да биде петгодишна, односно да го опфати периодот од 2018 – 2013.

Лани пак, тој во неколку наврати јавно потенцираше дека очекува, документот да биде усвоен до крајот на летото, но ваквиот рок, без објаснување се пролонгираше. За тоа како ќе тече реализацијата, Адеми има обврска да ја известува Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top