Универзитетот „Климент Охридски”- Битола потпиша меморандум со Универзитет „Фан Стилиан Ноли“ од Корча

unversitetot-od-korca-potpisa-memorandum-so-unversiteto-ohrid.jpg

На 17 мај 2019 година, во Охрид, Македонија, ректорот на државниот Универзитет „Фан Стилиан Ноли“ во Корча, проф. д-р. Али Јашари и ректорот на Универзитетот „Климент Охридски” во Битола, проф. д-р. Сашо Коруновски, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете институции во рамките на проектот ИПА-СБС Албанија-Македонија “Иновациски екосистем во областа на ПС”.

За време на средбата тие ги пофалија можностите за соработка, кои започнаа порано помеѓу двата универзитета во организирањето на заеднички научни активности, подигајќи ги на повисоко ниво. Ректорите на Унико, проф. д-р. Али Јашари ја истакна важноста за воспоставување на конкретни врски меѓу соодветните факултети, избирање области на соработка, размена на кадри и студенти во рамките на програмата Еразмус, организирање на заеднички предавања итн. Двајцата ректори се согласија дека на следниот состанок, што наскоро ќе се одржи на Универзитетот во Корча со пошироко учество, ќе ги утврди конкретните точки од оваа соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top