Туск: Европа е на потег, Северна Македонија го направи своето

tusk-з.jpg

Северна Македонија го стори своето, сега е на ред Европа да го заврши својот дел, порача на денешната прес конференција во владата првиот човек на Советот на Европа, Доналд Туск. Тој потсети на Преспанскиот договор, соочувањето со мигрантската криза и на надминувањето на политичката криза во земјава.

„Останувам на ставот што го изнесов и во јуни, дека вашата земја, во последните две години направи сѐ што ЕУ очекуваше од вас за да ги започне преговорите, согласно препораките на Европската Комисија. Тоа е сѐ уште мое убедување – вашата земја направи сѐ… Скопје е најдоброто место од кадешто сакам да апелирам до лидерите од ЕУ – сега вие треба да го остварите вашиот дел, бидејќи Северна Македонија веќе го заврши својот дел“, порача Туск.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top