Туристичките потенцијали на Крушево на саем во Белград

turizam_saem_belgrad-578x381.jpg

Општина Крушево со свој промотивен материјал како посакувана туристичка дестинација се претставува на саем во Белград, Србија од 21 до 24 февруари. Претставувањето е преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ги презентира предностите на нашата држава како посакувана туристичка дестинација со сите убавини и угостителски можности.

Според крушевската локална самоуправа, деновиве многу странски посетители ќе се запознаат со дел од понудата на Крушево, неговите убавини и со сѐ она што е атрактивно за заинтересираните посетители.

Во рамкте на вториот ден од саемот, претставниците од локалната самоуправа ќе одржат и десетминутна презентација пред посетителите на саемот.

Крушево неодамна се претстави и на саемот во Бугарија. Преку овие два саеми општина Крушево ја промовира општината на европско и светско ниво и со тоа продолжува со процесот на креирање на препознатлива дестинација кај домашните и странските потенцијални посетители. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top