Томас Енгер во Скопје: Норвешкиот писател денеска промовира книга на Саемот

Screenshot_2-5.jpg

На штандот на „Бата прес“ на Саемот на книгата, денеска норвешкиот писател Томас Енгер ќе присуствува на промоцијата на преводот на неговиот роман „Каменувана“. издавачот информира дека промоцијата на делото ќе биде во 18 часот, во промотивниот центар на Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“, а авторот својата книга на македонски јазик ќе ја потпишува и со читателите ќе се сретне на штандот на издавачот.

Томас Енгер своето доаѓање го потврди и со видео обраќање до македонските читатели, повикувајќи ги да му се придружат на саемот на книгата и истакнува дека му е мило што прв пат доаѓа во нашата земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top